Фимоза

Дискусија во 'Дете' започната од beyoncee, 23 април 2012.

  1. beyoncee

    beyoncee Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    zdravo..jas ima sin4e 1 i 8 meseci deneska bev na urolog za da mu prese4at kozickata na kurenceto bidejki bese skros zafateno..i denska taka dva pati pisna silno bidejki go ima zdoboleno..i vo kamilica mu go stavam po malce...
    i sega dali treba da mu trgam kozickata i po kolku vreme od kako e preseceno...

    [mod-kirilica:unlb14i3][/mod-kirilica:unlb14i3]
     
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.369
    urologija...gi imate odneseno vasite deca???

    на мм исто му ја имаат исечено кога бил мал. е сега според кажување на свекрвами мислам дека треба да почекаш малку да заздрави па тогаш да пробаш... сега е ептен тазе да не го чепкаш ...
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.420
    На малиот мој му правеа, интервенцијата се вика фимоза. Јас никако не успеав сама да го средам ова, иако упорно се обидував. Кога го средивме имаше 5 години, а интервенцијата беше во Градска, лекарот мислам дека беше пластичен хирург, ако воопшто е важно.

    Мене ми рекоа кога мочка, да мочка во пластична чашка наполнета со чај од камилица, ама внатре да му биде и курето, затоа што „на суво“ ќе го боли. Тоа траеше околу една недела. Инаку треба да се отвара скоро секој ден овие денови, но и понатаму од време на време. Ако го оставиш без отворање може пак да зарасне, па пак ќе треба да му прават. Јас му го отворав секој ден две недели, а после тоа барем еднаш неделно.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. beyoncee

    beyoncee Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    епа сега сме супер јас секое сабјле му го отворам и со кантур го мачкам...
     
  5. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    11.985
    Пол:
    Женски
    Моето дете има 9 години,со консултација од 2 лекари кажано ни е дека треба да оставиме сам да почни да си го отвара кога ке му дојдат годините за тоа(мислеа на пубертетот).Сега за сега тој страшно се плаши бидејќи се сеќава колку болно му беше отварањето на лекар..Јас се трудев од бебенце да му го отварам ама кожичката беше претесна и постапката беше преболна за детето..Ме мачи неизвесноста до пубертетот,тој нема никакви проблеми ни со инфекции ни со мочкање ама јас несум сигурна дали правилно постапувам бидејќи имаше и трето мислење дека треба да се отстрани цела кожичка..
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Јас сепак мислам дека треба да се среди таа работа. Јас не би чекала до пубертет. Консултирај се со повеќе уролози за повеќе мислења
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    И јас мислам така затоа што со отварањето се одржува хигиена и сеедно што не се отвара сепак внатре може да настане инфекција(за среќа во моментов нема). Доколку многу се чека тогаш сигурно ќе има потреба од хируршка интервенција,а и не заборавај уште малку ќе влезе во пубертет па и тоа ќе биде проблем.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Кога беше помал негде пред да направи 1 година ни се случи да се воспали и да не може да му се отвора, го носевме на уролог, му го отворија, стававме неколку дена облоги со Ациди Борици и Хлорамфеникол маст 1%. Сега на 3ипол годишна возраст целосно му е одделена кожичката. На секое капење му го отворам и ја отстранувам нечистотијата од внатре. Ако почне да го пече (обично после пиење на антибиотик) му ставам неколку дена Хлорамфеникол 3-4 дена и му поминува.
     
  9. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    11.985
    Пол:
    Женски
    Ја направивме интервенцијата и му ја отстранија кожичката,похигиенски е и се среди цел проблем...
     
  10. bibitri

    bibitri Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Проблемот со курето ми беше една од најболните теми, велам ми беше затоа што се реши само по себе. Детето ми е 5 години. Никако не успевев да му го отворам курето, колку и да се обидував и по совет на педијатарката се решивме на хируршка интервенција, кога беше стар 1,5 година. Ја правевме во Државна болница, на неколку наврати, се додека конечно му го отворија курето. Не сакам да се присетувам на маките што ги видовме, тоа сечење на живо и вриштење, маж ми мораше со сила да го држи а јас излегов бидејќи не можев да поднесам. Кога се вративме дома неколку дена имаше проблем со мочкањето, го печеше постојано. И да не должам многу, следниот пат кога се обидов да го отворам, после заздравувањето, беше повторно неуспешно па завршивме на Дежурен и јас се заколнав дека нема да го пипнам повторно додека не биде доволно голем тоа да го прави сам. Читав многу за оваа проблематика, потојат поделени мислења, но јас се решив за овој начин.
    Сега кога веќе потпорасна му кажував како треба да му прави на курето дека мора да го отвориме за да го измиеме, исл. И пред некој ден отиде да кака, и ми вика мамо, мамо јас го отворив курето. Не можев да поверувам, бев пресрекна, и го натерав уште еднаш за да видам, и тој повторно без проблем го направи тоа. Секое бањање од тогаш го отвараме и го миеме без проблем. :inlove:
    Сакав да кажам дека можеби истото ќе се случи и со вашите деца, можеби не треба да се форсира, барем така прават во светот.
    поздрав
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    На една пријателка детето има 1 год и 5 месеци,му се воспали курето,му потече,лелее за гревче беше..одма го однесоа во градска и таму беа неколку дена римаше терапија неколку дена и посе тоа му направија мал зафат и сега е добро,а она никогаш не му го враќала кожичето,и толку е тоа се залепило
    Сум слушала од пријателки пошто јас немам машко,дека секое бањање треба да се отвара и да се мие курето за да не дојде до залепување