Прво да кажам дека не сум сигурна дали темава е за тука, ако не е за тука нека ја преместат модераторите. Пред некој ден читав еден извештај за финансиски стрес во Америка кој покажува дека голем дел од луѓето живеат со постојан страв од недостиг на пари, дека чувствуваат како нивната финансиска состојба никогаш не е стабилна и дека штедењето станува сè потешко со секој изминат месец. Иако ова е слика од Америка кадешто знаеме како се одвиваат работите многу добро преку призма на Сексот и Градот и Кери Бредшо оптоварувајќи ја кредитната картичка за да си купи милион чевли, сепак сметам дека многу е лесно да се препознае сличноста со нашата реалност тука, во Македонија. Иако контекстот е различен, постојат фундаментални паралели: растечки трошоци, платите стагнираат, непредвидливи финансиски обврски и, најчесто, недостиг на финансиска едукација или поддршка. Ова создава постојан притисок и чувство на неизвесност, кое влијае не само на економската сигурност, туку лично мене и на менталното здравје. Лично, многумина од нас го доживуваат тоа како секојдневно калкулирање, што можам да потрошам денес, што да оставам за утре, како да се справам со неочекувани сметки. Овој вид на „финансиска опрезност“ е резултат на реални предизвици, но истовремено создава чувство на хроничен стрес и неможност целосно да се опуштиме во животот. Ме интересира вашето мислење и искуства: Дали чувствувате дека финансискиот стрес се зголемува во последниве години, и кои се најголемите причини за тоа? Кои аспекти на личните финансии ве оптоваруваат најмногу, секојдневни трошоци, кредити, планирање на штедење, или нешто друго? Како се справувате со овие предизвици? Дали имате стратегии за заштеда или дополнителни приходи, или едноставно прифаќате дека ова е реалноста? На пример, мене ми беше многу предизвикувачки да исплаќам кредит, и постојано живеев некако во грч и страв дека утре ќе се случи нешто нема да можам да продолжам да го исплаќам, па така си најдов и втора работа и си работев и втора работа, што секако ни ги олеснија финансиите, меѓутоа исто така се запрашав дали животот е само за да работиш две работи и ако не работиш две работи, колку примања треба да земаш за да се чувствуваш финансиски стабилен и да не калкулираш во глава што, колку и каде ќе потрошиш?
Работам и заработувам, не можам да се пожалам. Плус имам екстра финансии од нешто шо прајме фамилијарно. И пак кога имам стрес, многу често е финансиски стрес. Заштеда (соодветна) ми е веќе мисловна именка. Шо и е во ред зошто фокусот во раните години ми е на градење искуство, шо вклучва шетање, часови, хоби итн. Ама некогаш на крај на месец седам и листам трошоците и не сфаќам како успеав да потрошам х сума на пари, и то на храна во Кам или Стокомак. И вакви моменти и ваква финансиска несигурност ме одвраќат од имање потомство пример. Да. Буквално имав значително помала плата и осеќав поголема финансиска сигурност од сега. Не знам, јас катастрофирам. Јас живеам со мајндсет дека се ќе оди у три лепе во блиска иднина и се осеќам како да нема да има работни места и пари. То е то шо уствари ми го храни чувството на финансиска несигурност. Не знам? Платата ми стига за се, сем за долгорочно да штедам. Зошто по некое време му наоѓам одма намена на парите. Ги "инвестирам" во нешто дома пример. Ама то е мој личен недостаток. Имам неколку важни настани до Јули и решив дека до тогаш не си клавам поќе кочници. И после то развивам стратегија за максимум хордање зошто реално можам да го напрам то. Ко шо реков, можам да си дозволам такво нешто.