Самиот наслов кажува. Спротивно од темата "Преварантски фирми во кои НЕ ТРЕБА да работиме' и секако услови и бенефиции. Освен, Фриленсинг, јас немам некој подобар предлог.
Дали има такви во Македонијава воопшто, со нашиов менталитет нигде не ни чини. Инаку, јас сум слушнал пофални зборови за Damilah и Nearshore. Ако отвориш на Joberty, со висок рејтнинг се на пример, Native Teams, Endava, HTEC ама и таму има незадоволни...
Netcetera, ITLabs, знам добри плати имаа.Сигурно е уште така останато.Добро котира и во Зелениково фабриката за печатени плочки, Hi-tech. А и многу добро е и сам да работиш, со занает.
Не не не. Влези на кајгана форум и најди ја темата што им е за работа у оваа фирма. Никој, апсолутно никој не ја препорачува. Многу лоши искуства, значи ова е баш фирма во која НЕ ТРЕБА да се работи.
За да се вработевме сите во тие неколкуте фирми ќе требаше да делиме исти мисли, среќа не е така. Нормално дека нема условите и платата на сите да ни се допадне. "Солидна плата" за некој може да е 30000, а за втор 50000.
Па ко шо има компанни/банки кои уште давааат 21.000 почетна плата и ти зголемува 1.000ден на секои 2 години (ни инфлацијата не може да ја израмнат), се што е од 30.000 па нагоре излегуав дека е солидно.
А бе гледај, ако си со фамилија не знам дали солидна ќе е 30.000. Битно не смее да биде испод просек. Убаво си пишува во темата.. Ако сакаш одговори, ако сакаш не. Не знам зошто комплицирате работи.
Може причини зошто? Услови за работа и бенефиции и секако за кој оддел од Taskforce, пошо се поќе нели.
Ja neam raboteno Iam clen na familija so raboti. Vika se ima rabota ama imaat dobra atmosfera, praat nastani desavki ko so znam, platata brzo ja pokacuvaat. Eden den moes da rabotis od doma se dogovaras so kolega.
Каде? Скопје? Битола? Прилеп? Колку што знаам ова зависи во кој оддел си. Customer Care да те заменат е мисловна именка и исто не сите клиенти дозволуваат од дома. Затоа пишав и во темата да се пишуваат поцелосни одговори и подетално, а не само нафрлано. Ти благодарам за споделената информација.
Endava, Netcetera, Damilah.. Слично кај сите ИТ компании е што скоро сите имаат горе доле исти услови, приватно здравствено, ремоте работа, имаш бесплатен сок, кафе, овошје па дури и оброк има бесплатен во дел од ИТ фирмите.. Имаш пикадо, фудбалче, плејстејшн, релакс соба за одмор, зелена тераса, неколку пати годишно одите на тим билдинг да шетате, можеш од денес за денес да кажеш дека нема да одиш на работа поради тоа што не знам вчера сте имале мн работа и денес се осеќаш преморена, имаш буџет за разни курсеви итн.. Разликата е само дали ќе одите на тим билдинзи во Крушево, Демир Капија, Охрид, или ќе одите во Бугарија, Грција, Италија.. Дали приватното здравствено покрива се или само дел, дали имаш колку сакаш можност да работиш од дома или само 10-15 дена во месецот, каде им е локацијата, и колку е буџетот за обука и каде може да се користи.