Вежбање- слабеење или само зацврстување? Девојки сакам да ве прашам, со вежбањето дали само се зацврстувате или пак и слабеете? Бидејќи сакам да почнам да вежбам ама несакам да бидам дебела со мускули.. Што мислите, прво да ослабам па да се затегнувам или како? Однапред благодарам за одговорите
Вежбање- слабеење или само зацврстување? Мислам дека е подобро прво да ослабнеш ако имаш многу килограми вишок. Ако сакаш само линија да оформиш, и со вежбање може да се оправиш
Вежбање- слабеење или само зацврстување? Да, дефинитивно треба прво да ослабиш, па да земеш да се затегнуваш. Вака, само ќе ги стегнеш мускулите, а вишокот ќе си остане.
Вежбање- слабеење или само зацврстување? И јас мислам дека прво треба да симнеш од килажата па после ќе се затегнеш, а ако почнеш да се затегнуваш се ќе ти се претвори во мускулна маса и тогаш потешко ќе ослабеш.
Вежбање- слабеење или само зацврстување? По некоја логика прво треба да ослабиш за да се затегнеш. Со кардио вежби (трчање, аеробик) повеќе се слабее т.е. се топи салото, а пилатесот и вежбите на справи повеќе се за затегнување или истакнување на мускулите. И не грижи се, така лесно не се прават огромни мускули Јас мислам дека најдобро би било да почнеш со кардио.
Вежбање- слабеење или само зацврстување? Јас вежбам зумба веќе 4 месеци, 4 пати во неделата и некако тек сега имам промени на телото многу позатегнато а не се осеќам ослабено...
Вежбање- слабеење или само зацврстување? Со вежбањето ги зацврстуваш мускулите,а за да ослабеш треба да имаш дефицит на калории.Најдобра комбинација ти е зацврстување и слабеење,како да го изведеш тоа ? Па ке си вежбаш редовно и ке внимаваш на исхраната,т.е поише ке трошиш дневно,отколку што ке внесуваш.Највише се трошат калории со кардио тренинзи:трчање,возење точак и ролери,скокање на јаже...Ако сакаш да успееш континуирано ке си вежбаш и ке јадеш варена храна,зеленчук,овошје,риба и пилешко од месото,свинско никако,и гледај користи маслиново масло за салатата и за кое било јадење,или пак динстај само со водо,резултатите ке дојдат,но немој да те држи желбата за слабеење и зацврстување само 1-2 месеци,треба да си вежбаш редовно
Вежбање- слабеење или само зацврстување? Неможеш да си дебела со мускули... едноставно тие работи не одат заедно! Освен ако не се конзумира додатна хемија која надувува. Сега ќе објаснам и зошто. Мускилите ќе се формираат под салото ама нема да се познаваат зошто имаат покривка. Од друга страна пак мускулите бараат повеќе храна за да се одржуваат во форма што значи дека колку поголема мускулна маса имаш толку повеќе калории ќе троши твојот организам. Со тек на време, редовно и комбинирано вежбање на кардио вежби и вежби со тежини преку еден ден, резултатите сами по себе ќе си дојдат, загарантирано! И нормално да се пази на исхрана со внесување на задрави масти и протеини за да се оформат мускулите побрзо. Верувај дека е така, не дознавај на потешкиот начин како мене
Вежбање- слабеење или само зацврстување? со кардио вежби и ќе слабееш и ке се затегнеш.јас месец дена како одам во теретана и баш си приметив дека сум ослабнала ( иако слаба сум и не ми е тоа целта ) ама со правилна исхрана и редовно вежбање јас мислам дека тие две работи ( слабеењето и затегнувањето ) се постигнуваат заедно сол и шеќер инструкторот ми рече да намалам, да јадам повеќе овошје...и резултати има едно девојче што вежба со мене во теретана ослабна 10кила и сега изгледа добро но продолжи со вежбањето и сега се затегнува баш ме интересира како ќе изгледа до летоска
Што мислите: Сакам да ослабам, сега сум на диета УН и се запишав на фитнес во понеделникот...Повекето што ги прашав ми кажаа дека не е добро што одам на фитнес и викаат дека прво треба да ослабам па да се затегнувам,..и тоа малце ми даде лоша мотивација за да продолжам :/ Што мислите?
И јас мислам дека прво треба да ослабнеш, зошто со фитнесот само ќе го зацврстиш тоа што го имаш, не можеш да намалиш. Со пумпањето на мускулите се накачува и телесна маса. Подобро е да возиш точак, да трчаш, и некои лесни физички вежби и секако диета, а после за дооформување на фитнес.
Ако не ослабнеш ништо. Имам јас другарка , ехее колку вежбашее а кога ке дојдеше од теретана ке бутнеше главата во фрижидер и ич не ослабе сега има како мускули , целата е набилдана како машко е фујјјјјјјјјјјј
Ти сигурно на фитнес нема да почнеш да креваш одма тегови од 5 кг или да се билдаш на справите. Ќе си почнеш лагано со вртење на некој статичен точак, орбитрек ако има или пак некој друг точак. Најдобро ќе ти биде ако можеш да си дозволиш да земеш личен тренер покрај тебе, се' ќе ти биде објаснето како што треба. Ќе те надгледува цело време, ќе ти посочува на кои справи по колку време треба да вежбаш итн итн. И нормално дека ниту едно слабеење не оди без некоја физичка активност.Мускул или што викаш ти дека нема да ослабнеш, не се формира тука така.З ова треба и одредена исхрана и посебна програма. И не треба прво да ослабнеш па да се затегнуваш, туку овие две работи си идат паралелно една со друга. Значи во случај да отпадне опцијата за вежбање со личен тренер, јас би ти препорачала прво таму точакот да си го фатиш. Или орбитрек,сеедно. Исто корисна за слабеење ти е и лентата за трчање и степерот. Значи главно кардио вежби. 20 минути на точакот, 20 минути на лентата и 10 минути на степерот. Или искомбинирај си тебе како ти одговара, само гледај тоа да биде од некаква корист а не туку-така само. Исто така ако има некое тегче од кило/кило ипол можеш да се позанимаваш и со него. И многу важно, не смееш секој ден да вежбаш. 5 пати во неделата се доволно, затоа што мускулите не смеат да бидат преоптоварени.
јас одам на фитнес 6 пати во неделата (само во недела не) сега сум на диета унион....1 ден Протеини, 1 ден скробен, 3ден јаглендидратен 4 ден овошен....а на фитнес вежбам само точак, орбитрек и лентата (на неа одам брзо, неможам уште да трчам зш не сум навикната ) стварно сакам да ослабам...а се плашам да не не успеам со овој режим.... Иначе фала за мислењето anabel-a
Мислиме дека тоа нема врска . Погрешно ти рекле, слободно можеш да вежбаш (дури е и препорачливо и побргу ќе ослабиш) а единствено што треба да внимаваш е да не претераш во калориска потрошувачка па да почнеш да губиш и мускул заедно со салцето. Вежбањето е секогаш корисно за сите ткива, мускули и коски .
aha...a da prasam neznam dali znaes, vezbam na orbitrek i na koja brojka da bide svrteno, koja brojka e za slabeenje...1.2.3.....?? (neznam dali me svati) )
Јас трчам и не користам Орбитрек но сигурен сум дека девојкиве на темава што го користат ќе кажат: fitnes/slabeenje-so-orbitrek-t616/350.html Во принцип одреди колку минути сакаш на Орбитрекот и така прилагоди го отпорот. Ако си решена пола саат и ти е тешко на одредена брзина иди на помалата се додека не ја најдеш оптималната. Со тек на време може и да накачуваш ако досегашната брзина ти стане прелесна. Мислам ме разбра .
da te razbrav mislev da ne ima odredeno demek koja brzina e za slabeenje a koja za muskuli Inace fala...
Има милион теми и линкови во фитнес, побарај На мене многу ми делуваат вежбите на Јулијана, во темата Како до секси тело како Џесика Бил.