1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Флаширана негазирана вода или вода од чешма?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од RainBow, 25 ноември 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.750
    Допаѓања:
    65.205
    Пол:
    Женски
    Каква вода конзумирате? Дали мислите дека флашираната е подобра? Ако да која најчесто ја купувате?
    Јас порано пиев само обична од чешма, ама некако почнав да си имам проблеми со стомакот, па почнав со флаширана. Најчесто Јана ја купувам, некако најпивка ми е.

    Еве едно истражување спроведено во 2009 од страна на Нова Македонија“ со Институтот за јавно здравје.
    Јавните чешми загадени, водоводот и водата во шишиња безбедни
    Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење, а добра е и онаа пакуваната. Не е безбедна водата од јавните чешми што имаат посебни извори. Ова го покажаа резултатите од заедничката акција што „Нова Македонија“ ја направи со Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата и храната.
    Во неколкунеделната акција, стручно лице од Институтот земаше примероци вода од индивидуални домови во Скопје, а тие потоа беа испитувани во лабораторијата на оваа установа.
    - Анализите покажаа дека водата земена од домовите што потекнува од градски водовод е здравствено безбедна - велат од Институтот.

    Декларациите не се исти со составот на водите

    По случаен избор, на испитување однесовме десет шишиња минерална негазирана вода, која ја купивме од скопските маркети. Анализите покажаа дека водата е здрава за пиење, меѓутоа на повеќе примероци декларацијата не беше соодветна на составот.
    Цела статија тука.

    А еве уште една интересна статија за флашираната вода.
     
    На andreina, t.i.n.k.b.e.l.l и faye им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Вода од чешма. Можам да се пофалам дека ние Штипјани имаме доста квалитетна вода за пиење, хлорирана. Локацијата на филтер станицата е далеку од градот, во место каде има насадено борова шума. До сега не сме се пожалиле на болки во стомакот од водата, ќе видеме за понатаму. Флашираната вода мене не ми е убава. Купувам единствено кога одам некаде или кога сум на школо, гадно ми е да пијам од онаа во смрдливите вециња, ама тоа многу ретко се случува. Не мислам дека е подобра од онаа од чешмата.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Јас пијам вода од чешма.
    И многу ми е убава скопската вода, ако не и најубава во цела Македонија.
    Не би да се расправам сега каква е по другите градови, можеби и до навика е, ама стварно ни е убава водата во Скопје.
    Да ја пиеме додека го имаме тој луксуз, да си наполниш tap water и да си ја кркнеш, зашто остатокот од светот користи индустриска вода, и скоро ниту една држава нема ваков луксуз ко ние, водата од чешма да ја пиеш, да переш алишта со неа и нозе да миеш.

    Конкретно кога одам во малото градче, водата од чешма е одвратна, мириса на олово, има сомнителна боја, а за вкусот и последиците да не правиме муабет. Не ти бега целовечерен состанок со wc-то.

    Тогаш купувам негазирана флаширана. Обично пијам ладна.
    Другите ми имаат некој благникав вкус и ги мразам.
     
    На kjukli, andreina, QueenElena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Најнеубава ми е од водовод, неможам да ја пијам.
    На времето татко ми си ископал сопствен бунар во куќава и си имаме своја вода, каде татко ми секоја година си ја проверува водата си ја носи на испитување и беше со одличен квалитет и од таа си пиев, се додека пред некое време не се појави песок, па на одреден период престанавме да ја пиеме и го уклучивме водоводот комплетно.
    Хлорот ептен го чуствувам, неможам да го пијам, едноставно неможам, ужасно неубава ми е таа вода.
    Може е тоа резултат зашто 24 години пијам вода без хлор и навистина не го поднесувам хлорот. А и приметувам кај мене прилично е хлорирана водата, се жалат многумина, дури на моменти кога сипуваш цела чаша е бела, како млеко да ставаш не вода |( Не приклучија на нов водовод, бидејки сум во периферијата, не е скопската вода да ја речам таа е каде каде понехлорирана од оваа дома. Значи бела е полна со хлор, мириса, ко базен :yawn:
    Последнава година пијам флаширана, поточно си имаме дома апаратче и си пијам вода од него. Исто и на работа од апартче.
    [​IMG]
    И пијам горска најчесто негазирана, газирана не поднесувам :)
     
  5. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Флаширана.Откако видовме мали камчиња во водата од чешма,купивме ваков апарат и на таква вода се навикнав.
    [​IMG]
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Златна чешма. Среќа имам многу јак стомак, и од улично вирче да се напијам нема да ми биде ништо. :)

    Ама некако незаменливо ми е чувството кога сум премногу жедна, и трчам под чешма да се налокам. Флаширана пијам само кога сум на одмор или некој долг пат. Не им верувам толку на крајпатните чешмиња, ама таа дома ми е незаменлива.
     
  7. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    флаширана ...веке подолго време , откако на едно случајно испитување видов што се има во водата од чешма
     
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Од чеМШа. Од секогаш сум ја пиела. Не ми смета, не сум имала некои проблеми досега од неа, и ми изгледа чиста.
    Флаширана, само ако сум во некој друг град, купувам, најчесто Роса (ако е во Македонија), ама не ми е нешто посебно убава. И ако купувам флаширана, дефинитивно негазирана. Газираната воопшто не ми се свиѓа, неможам да ја пијам, не ми е убава. :worried:
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Изворска нефлаширана, од пластика не пијам ништо :)
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Од чешма.
    И дома и во Скопје пијам од чешма. Убава е, пивка, не ми се има ништо случено досега од тоа.
    И флаширана пијам, но не ми е убава, на пластика има вкус. Најчесто пијам ваква кога многу ми се пие вода, а немам понесено со мене од дома; кога сум излезена низ град, на шетање; во странство кога сум, ама ништо не може да го замени чувството на задоволство кога ќе ја пуштам водата убаво да истече, па со грст со рацеве ќе пијам до бескрај. Е многу ми е слатко!
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Дома од чешма, ако сум надвор, а осетам потреба, купувам, најчесто Јана.
    И јас ќе се сложам дека водата од чешма е убава, питка, а можно е да не е здрава, не викам не.
    Од флашираниве освен Јана, другите ми се со чудни вкусови, особено Горска последниве година-две. Има некаков чуден вкус, како од земја директно да ја пијам.
     
  12. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    644
    Чешмача си пијам по дома, скопскава од чешма ми е најубава, има многу бигор но не ми смета. Чув дека бигорот може да предизвика камен во бубрег, но затоа за превенција пијам и пивце. :D

    Кога сум надвор од ск си купувам флаширана ако ми има сомнителен вкус.
    Флаширана купувам и кога сум во движење, не бирам фирми, гледам шишенцето да ми е згодно за држење. :)

    Ќе продолжам да пијам од чешма се додека не почнам да осеќам хлор или ако ни стават флуор ко кај америте и слично. :?:
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Hие само флаширана пиеме,додуша и ефтино продаваат шишина во пакет,некаде 25 шишиња за 300 денари-барем јас мислам дека е ефтино :wasntme:
    A додека живеев во Mакедонија,си пиев од чешма и кога дојдов мислев овие овде многу се занесуваат,се бунев и викав леле овие вода си купуваат,џоа дома немаат,и за тоа сега пари да се трошело :rofl:
    Hо водата од чешма многу ми мириса,одвратен мирис има,и не можев да ја пијам и почнав и јас флаширана :wasntme:
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Вода од чешма.
    Мајка ми цело време ми вика да пијам од водата што ја доноси татко ми во шишиња од село.
    Убава е. Изворска и чиста. Мислам дека и има вкус. Убав.
    Но јас немам навика да пијам од шише. Чашата ми оди директно на чешма.
    И во Штип пијам од чешма, не ми смета хлорот. Но цимерката ептен се пожали од таа. Дури мислам дека и проблеми и настанаа.
    А флаширана купувам само кога одам на пат. И тоа купувам Ладна највеќе или понекогаш Јана.
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Чешма чешма чешма.
    И дома сум единствена што тоа го практикува.
    И само крекотат по мене ама не ми чуе.
    Абе толку ми е вкусна и убава водата, што нема шанси да земам да ја пијам од пластика. Од пластика пијам само во ретки екстремни случаи, и тоа претежно сокчиња.
    Да ја видите фацата на татко ми кога гледа како пијам вода од чешма мислам би паднале од смеење, нешто како оние од 9гаг е, и јас за инает со уште повеќе сласт ја пијам :rofl:
    Глупости, баба од село има 92 години и исто толку време пие вода од чешма и бунар, па ништо не и е.
    Природно си е природно. Флашираните води ми смрдат, не се вкусни некако ... што знам. Едино можам да пијам изворска или јана, прифатливи ми се. :)
    И од фонтани си пијам, аууу многу ми е убава водата ... :)
    Нит знам што има нит што нема, ама чим до сега не ми се појавиле карпи и камења низ организмот, немам гајле :emo:
     
  16. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    пиев од чешма али во последно време некакопочнав да осеќам некој непријатен мирис на железо, и од пролетта наваму пијам само пелистрка обична најпријатна ми е за пиење не дека си е (наша)али стварно мека пријатна вода ,полнат во шишиња луѓе ,од едно планинско место ,сакам да пробам викаат многу била здрава и чиста,и лековита али треба ред да чекаш ,а ако е лето тешко тебе :lol: ке се изначекаш
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Според мене флашираната вода е подобра.Мене ми се убави Горска и Добра вода, најчесто од нив си земам.Никако вода од чешма, апсолутно никако, не е безбедна, тоа го знам затоа што од истата причина која ја спомна Рејнбоу, некој од мојата фамилија си имаше проблеми, затоа и тврдам дека не е безбедна, без разлика на тоа што викаат дека била безбедна, нема врска.Нормално дека нема да кажат дека не е здрава водата.Како прво не е ни прочистена таа вода од чешма со години, а и ова ми е докажано од човек кој се занимава со ова.Па уште смешно ми е кога ќе речат да се штедело на водата |( па барем да им беше здрава :fubar:
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години дојдоа кај нас дома да ни презентираат некаков прочистувач на водата од чешма. Леле што гадотии излегоа, аууу... Си викам, зар ова го пиеме? Не ретко се случува да слушнам дека луѓе добиваат камен во бубрег од скопскава вода.
    Ама јас пак си ја пијам. Купувам и флаширана, тоа најчесто за на факултет. Купувам Роса или Горска, или негазирана или природно газирана.
     
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Дома исклучиво од чешма. Таа ми е највкусна, најубава... највода :D
    Шише вода си купувам само кога сум во град или не сум дома и искрено не ми се допаѓа. Најверојатно дека цел живот навикната на онаа од чешма.
    Инаку да, Македонија може да се гордее со тоа што имаме можеби и најквалитетна вода дирекно од чешма, другите мораат да пијат флаширана.
    Исто и кога одам надвор од Скопје пијам флаширана.
     
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.982
    Допаѓања:
    5.717
    Јас сум навикната на таа вода од чешма , а и во мојов град мислам дека не е толку загадена мене ми е убава за пиење.
    Флаширана купувам само кога патувам и тоа газирана . Најмногу пијам Добра вода wellness ..се зелено капаче е и има некој вкус како на лимон ама не е од лимон . Незнам точно каков е . :)