Флоренс + Д Машин (Florence + The Machine)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од NightAir, 1 октомври 2011.

  1. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    490
    Дали ја слушате оваа група, или овој тип на музика? Јас мислам дека имаа таков квалитет и треба да се наоѓаат меѓу Топ 10 изведувачи овие години.Од мене до сите поздрав со најновата песна :)
    http://www.youtube.com/watch?v=am6rArVPip8&ob=av2e
     
    На Marchesa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    На vaga95 и Marchesa им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Многу ја почитувам и фино што ја воскресна песната која многу ја сакав на времето...оригиналот е сепак за мене, оригинал :)

    http://www.youtube.com/watch?v=H1wvtGOBV-g

    Како и да е Флоренс е магична, инспиративна, музиката која ја прави со бендот телепортира. Навистина. Барем мене. Атмосферична е.

    Самата Флоренс е несекојдневна, но дури понекогаш ме потсетува на Roisin Murphy а и самата не знам зошто. Веројатно и двете се толку уникатни и посебни што си ги поистоветувам.
    Иако можеби стилски а и музички многу повеќе и се доближува на Feist.

    Во последно време многу си ја слушам The Dog Days Are Over и имам чуство дека трчам низ ливада преполна со цвеќиња кога чекорам слушајќи ја песнава. Со други зборови, сонувам на јаве а тоа за мене е секогаш добар знак, бидејќи таквата музика која може ова со мене да го направи е за мене автоматски - добра.

    Во глобала нејзините песни се стандардно добри. Ми се допаѓаат. Многу и тоа :)
    Од најновиот албум сум ја слушнала само What the Water Gave Me и мене лично ми е преубава. Некако ми вришти дека се што прави цурава е со душа а токму тоа за мене е чиста уметност во музиката. Точка, потпис, печат, катанец.

    А за гласот нема потреба да коментирам - преубав!
     
    На VoodooGirl, poison.ivy, tinkerbelll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Искрена да сум, не ја познавам доволно добро.
    Ја слушнав само кога гостуваа во Госип Грл и ми остави пријатен впечаток, но не доволно за да дадам целосен коментар.

    Како и да е, ова ми се допаѓа премногу
    http://www.youtube.com/watch?v=2EIeUlvHAiM&ob=av2e

    Ќе ги слушнам и другите песни и ќе пишам целосен впечаток...
     
  5. Insanity

    Insanity Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    59
    Ги обожаваамм и еве сега се нервирам неможам сите песни да ги најдам од новиот албум кој денес излезе.Засега пронајдените се одлични :D
    CEREMONIALS :inlove:
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.489
    Се запознав со групава пред 2 години со Kiss with a Fist ... Па се заљубив во Drumming Song... a уште повеќе во You've Got The Love и Cosmic Love... :inlove: Феноменален стил, музика, текстови.. И сега најново вљубување во What the Water Gave Me!

    eве една убава, не сте ја спомнале

    http://www.youtube.com/watch?v=JZweDwbJ_Ic
     
    На Insanity му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.010
    Пол:
    Женски
    Ааааа групава има преубави песни,преубава музика,преубави текстови.Иако некогаш знае да звучи и малку меланхолично јас ја обожавам.Поразлична ми е а и девојката има прекрасен глас,баш ми се Unique.
    Оваа ми е омилена http://www.youtube.com/watch?v=V_eOmvM-4zc&ob=av2e
    Ќе ги издвојам и You've Got The Love,What the Water Gave Me,The Dog Days Are Over ама сепак моја омилена ми е Heavy In Your Arms.
     
  8. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Ја обожавам Флоренс. Само што го преслушав Ceremonials, и пред тоа си ја сакав јас, ама сега... Невидено нешто... Речиси нема песна што не ми се свиѓа... Сепак, еве ја омилената :)
    http://www.youtube.com/watch?v=M1otiuQT ... re=related
     
    На Sara123 и Insanity им се допаѓа ова.
  9. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
  10. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Конечно нешто што ветува!
    Пријатно бев изненадена од девојчево. Кога се појавија бев скептик и си мислев дека се како и многу други новопечени изведувачи па додека моите фејсбук пријатели отупуваа со нивните песни, јас не сакав ни да ги слушнам. Пред месец дена прв пат пуштив на ЈуТјуб (љубопитството ме надвладеа) и до оној момент кога го затворив пребарувачот веќе бев заљубена во нејзиниот глас.
    Оваа ја слушнав прва и таа беше таа што најмногу впечаток ми остави:
    http://www.youtube.com/watch?v=R2Ujua6a82c
    :o :l:
    Даваат надеж дека TRUE pop is not dead!
    http://www.youtube.com/watch?v=GohXlv7bulM&feature=fvsr
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    значи ете си ја барав и си ја најдов омилената, моето секојдневие, се што прави е толку хармонично и со душа и љубов. прекрасни песни, енергични ...
    едноставно се што секојдневно кога ја слушам си викам е да не станат многу познати, затоа што неможам да видам кога некој/а си што веза нема од музика, слушал нискокласни песни и "пејачи/ки" сеа ми објавува и слуша песни од нив по основ што ја слушнал два пати на антена 5 :puke: !!
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    42.821
    Прекрасна е. Ја љубам. Толку енергична, весела, мрачна, ексцентрична...толку многу од се. И си се држи до себе, до својот стил. И ја сакам фризурата...и тие нозете до бескрај долги :D И обожавам да ја гледам како пее, зашто целосно се внесува, и добиваш комплетна визуелна и аудио слика на совршенство.
    Еве едно клипче од неа, како пее песничка од Ен Вог, навистина ужива во музиката
    www.youtube.com/watch?v=0znzht7R_Ac
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PinkpankaceM

    PinkpankaceM Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Станав зависна од песниви на Florence + The Machine.
    Флоренс мене ме наежува, прекрасен ми е најзиниот глас.
    Несекојдневни се во секој секој случај, посебни. Дефинитивно не е музика за сечиј вкус.
    Ми се допаѓа таа некоја нежност што извира од нивните песни, имаш некој убаво напишано телепортира во времето многу пред овој шунт од музика што владее денес.
    Сите песни ми се допаѓаат, нема некоја да не ми оставила впечаток..
    Посебно омилена во последниов месец ми е Breath Of Life
    http://www.youtube.com/watch?v=ROtBbOcdFxo
    http://www.youtube.com/watch?v=OcUlQCot ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=ycrhIpd4ZWU
    http://www.youtube.com/watch?v=DXHB_wgX ... re=related
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Ја имав слушнато само Dog days are over и баш ми се допадна, па таа година кога излезе на некој начин бев опседната со песната. Ама кога решив да слушнам и други нејзини песни едноставно не можев да и го издржам гласот. Има некако специфичен глас и на моменти почна да ме нервира и да ми пречи. Така што остана само на една песна. Можеби некој ден ќе и дадам уште една шанса, не знам. Во секој случај откако стана популарна донесе свежина, бидејќи сите во тој период беа некои смотани изведувачи со глупи песни, но за жал тие секогаш ќе останат послушани и поценети од вистинските изведувачи и вистинската музика.
     
  17. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Сестра ми е виновникот поради кој ја засакав оваа група. :)
     
  18. white.angel

    white.angel Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Пред да е слушнам како пее. Мислев дека е некоја од типот на тие биберчињата.Ама воопшто не било така.
    Девојкава има фантастичен \ магичен глас.Многу ми се допаѓа како пее.Ми се допаѓаат песните.


    http://www.youtube.com/watch?v=zMBTvuUlm98 која емоција е имат... ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=ROtBbOcd ... ure=relmfu
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.973
    Пол:
    Женски
    Прва песна која ја слушнав од нив беше You've Got the Love и беше доволно добра за да продолжам да ги слушам и понатаму. Ми се чини дека нема нивна песна која не ми се допаѓа.
    Флоренс има специфичен глас, енергична е и пее со толку многу емоции.

    Оваа песна ми се чини дека никогаш нема да ми досади...
    http://www.youtube.com/watch?v=WbN0nX61rIs