Жанр: Авантура, Драма, Фантазија Времетраење: 2ч Елса е нема жена која работи како чистачка во лабораторија, во 1962г. во Балтимор. Нејзиниот живот засекогаш се менува кога ќе го открие тајниот експеримент во лабораторијата - мистериозно суштество од Јужна Америка. Формирајќи една цврста врска со новиот пријател, Елса набрзо открива за неговата судбина, која лежи во рацете на биолог и владин агент. Филмот е на мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо. Доби 13 номинации за наградата “Оскар”, од кои освои за: - најдобар филм на годината - најдобар режисер - најдобар original score - најдобар production design Во главните улоги се: Sally Hawkins, Doug Jones, Michael Shannon, Octavia Spencer, Michael Stuhlbarg & Richard Jenkins. Го имате ли гледано? Ваши импресии, коментари?
Мене лично ми се допадна. И да немаше добиено награди или воопшто да немаше Oscar buzz, секако ќе ми се допаднеше. Приказната: dreamy, unusual, lovely. Глумата: одлична. Талент е кога некој без зборови успева да пренесе цел еден спектар на чувства и емоции. Sally Hawkins покажа извонредна изведба. Прочитав некои теории за ликот на Sally дека всушност и таа самата e water creature. Лузните на вратот биле знак. It's all for debate, i guess. Се изначитав мислења од хејтери или онакви на кои им оставил лош впечаток, because Hollywood is pushing а zoophilia agenda Филмот не прикажува "sex with a fish" затоа што тој не е риба. Суштеството е human-like amphibian кое се смета за божество. It's a fantasy love story. & Love is Love
И јас помислив дека лузните имаат некаква врска со суштествово. Патем, и мене ми се допадна филмот. Сите оскаровски филмови ми имаат некој посебен шмек. Може е до мене што така ги доживувам. Веќе напишав рецензија, супер е филмот, само некои моменти со докториве ми беа непотребни, но сепак од друга страна, ептен ќе беше повеќе фантазија целиот филм. Вака има некоја добра комбинација од реалност и имагинарен свет.
Следен Оскаровец да се сними со човеколики мајмуни и женска со мимики што воспоставува љубoв со мајмунот. Бинг има веќе Кинг Конг само и Џесика Лејн да се вљубеше во него. Џаст џокинг. Не ми се допадна филмот. Не сакам вакви лигави фантазии.
Оф леле, зарем навистина има луѓе што тоа го извлекле од филмов? Па ако гледаме така, и со Убавицата и ѕверот и Малечката сирена како деца ни „промовирале зоофилија“ Изгледа родителите уште од мали не им ја развиле имагинацијата, and they must be real fun at parties as well... Поентата е што имагинарново суштество единствено ја разбира нејзе, една нема девојка која е осамена и повлечена поради неможноста да зборува - и единствено во неговата необичност таа се пронаоѓа себеси со својот недостаток и несовршеност. Затоа The Shape of Water е баш бајка за возрасни, и иако го има тој кхм дел „за возрасни“ - приказната е сосема чиста и невина... Ако има некоја општествена порака зад истата - тоа би било инклузијата, прифаќањето на сите луѓе такви какви што се со сите свои недостатоци. Многу heartwarming филмче, уникатно уметничко ремек-дело. Музиката на Alexandre Desplat e шлаг на тортата Мејзи, браво за темата!
Да, го имам гледано. Интересен е, ама и малку чуден ми беше на одредени сцени, на пример кај делот каде што има односи со тоа суштество, невозможно ми беше такво нешто, ама е убав пример за тоа дека љубовта никој неможе да ја уништи.
https://thepiratebay.org/torrent/20402539/The_Shape_of_Water_(2017)_[BluRay]_[1080p]_English Јас овој го симнав, супер е снимката.
Филмов е супер, само што е копија на други филмови кои пто за жал иако се снимени пред овој не добиле значење
Мене и не ми се допадна, го пуштив и исклучив по 15 минути. Многумина го фалат затоа го пуштив, незнам дали некој се согласува но немам позитивна критика, некако одвратен ми беше .