@galapce е Форумџика на 2018 година! Ѝ честитаме со верба дека во новата година ќе продолжи да нè радува со позитивни вести за малиот херој Алекс и да допира до нас со инспиративни текстови. Подарокот е смартфон Honor 8X: Ви благодариме на сите кои учествувавте во која било етапа од изборот. Среќни празници! Традицијата непрекинато ја негуваме заедно! Се наближува крајот на 2018 година и време е за изборот на Форумџика на годината. Изборот ќе се одвива во 2 фази: 1. НОМИНАЦИИ (завршено). Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. За да номинирате, кликнете тука и напишете ги вашите фаворитки » 2. ГЛАСАЊЕ (во тек до 27 декември). 10-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. Можете да гласате за 3 форумџики (анонимно). Нема да бидат земени предвид гласовите на форумџиките регистрирани по 13.12.2018, ниту пак гласовите од дупли профили. Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2018 година и ќе добие подарок - изненадување.
Со Господ напомош. (атеисти да не сте фемина, немате никакво црковно смајли) До 20 декември нема око да склопам, а па после дваести е сум го наебала, дрога само дрога му е спасот, од онаа најјаката. Секоја година истиот стрес во декември, месецот кога треба да се опуштиме и да мислиме само на пари, топло чајче и секс. Бетер сте од вмро и сдс, поделби на секој чекор.
Леелее кој нашол да каже за поделби Еве ќе те кандидирам јас, за да видиш дека сме единствени, дека нема поделби. Искаш ?
На какви поделби мислиш? Немој да идеш офтопик со политика, моето беше со преносно значење. Не, благодарам, мојата номинација не ве вади
Ауууу што е ова во сред ноќ Ајде за прв пат да номинирам. Се боревте храбро за моите номинации, но само три успеаа да освојат глас Се шалам. Дефинитивно да можам ќе номинирам/гласам за повеќе од три. Ѕверки сте
На истите поделби како и ти Не сум оф топик, те прашав убаво дали сакаш да те гласаат, ти-не НЕ вадела твојата номинација Нит се водиТЕ нит се тераТЕ Се шалам , нормално
Само ако наградата е десет дена у Банско за четири лица, ол инклузив, сеа за нова година. За таблет не ми се агитира. Не се шалам, нормално
Тадададаам. Тесно беше, ама одбрав некако 3 од повеќето мои драги членки, кои форумската 2018та ја обележаа и направија интересна и забавна.
Две одбрав . За трета се уште размислувам Многу ја читам темата мајчински. Од таму ќе е третата . Само да одлучам која . П.с До кога се номинациите ?
Отворена сум за мито уште од сега. Ваучери, парички, блакце... у инбокс. Што поголем поклон, повеќе профили
Тежок избор. За една сум сигурна дека ќе ја номинирам. За другите 2 уште се мислам кои да бидат. Годинава некако порано номинацииве.