Влегуваме во еуфоричната сезона на убави традиции кои будат позитивност, а непосредно пред да ја заокружиме 2024, време е да ја избереме новата ФОРУМЏИКА НА ГОДИНАТА! Изборот ќе се одвива во 2 фази: 1. НОМИНИРАЊЕ (завршено) Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. За да номинирате, кликнете тука и напишете ги вашите фаворитки » 2. ГЛАСАЊЕ (ќе трае до 30 декември) 10-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. Можете да гласате за 3 форумџики (анонимно). Нема да бидат земени предвид гласовите на членовите регистрирани по 16.12.2024, ниту пак гласовите од дупли профили. Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2024 година и ќе добие подарок - изненадување. Да откриеме кој остави најсилен впечаток
Ја си го извршив мојто форумско право и должност и номиниран тројца членови Пак е време е за мемево, го презедов од ланската тема
Девојче, живееш во минатото. Одамна беше тоа, првите години од изборот на форумџика кога сите беа со усијани глави до степен да од бокс пишуваа, возбудени, оти сепак новитет... ама сега баш е спласнато, барем по мое видување. А ако е тема 40ка и некои личности секојдневно пишуваат таму, не е автоматски клан. Бтв, и изборов е веќе досаден. Не па кланови.
Нешто не си следела добро. До лани одма се тргаше во напад со прљав веш. А, вие од 40ка баш сте клан кога ни ржите на нас.
Штета што ќе биде досадно, ама оваа година напаѓањето нема поента . Победничката може уште веднаш да ја прогласиме, ама не е демократски така, па ќе си го истераме редот. Пишува во 40ка, а не е тетка. Што би рекла старата народна поговорка: „И волкот сит, и овците на број”.
Жалам, ама сите што пишувате во 40ка, по првото мислење таму автоматски станувате тетки. Не дека е нешто страшно да се биде тетка. А, за неа, кој/а сака нека си ја номинира.
Не . Тетиновци не може да се номинираат, мора прво да сменат пол. Уствари не знам ни тогаш дали може, дали важат олимписките правила . Порано таква беше политиката на форумот, ама може да имало реформи, не пратам многу политика . Спојлер Младо, ведро чупче, ама во лошо друштво, па предвреме тетка станала .
Аааа шо мислете ви че се спасите од тетките од 40ска а???? Ма јок Ние сме најакиииии Не можите со нас и да си апните од газот од мака На истата мома тетка помисливме сите и плус Јуле ке ја стаам и уште една да видам тетка која да биде
Дојдов само да кажам дека @theowndemon е за мене форумџика на годината Може сега да го затворите изборот Се шалам..ќе номинирам и јас...три тетки
Јас пишувам во 40, а не сум тетка @theowndemon може да си ја земе наградата зошто сите имаме што да научиме од неа. Борбеноста нејзина и позитивноста се нешто што ја прават посебна.