Фостерови (The Fosters) [2013]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од alekce83, 18 јули 2013.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    The Fosters (2013)
    Stars: Jake T. Austin, Teri Polo, Sherri Saum


    Семејна драма во која како продуцент се јавува познатата Jennifer Lopez.Се работи за мулти-етничка фамилија, посвоени и здомени деца и едно биолошко а на чело на семејството се две мајки.Stef Foster која е по професија полицаец и нејзината партнерка Lena Adams-потпретседател во основно училиште.Живеат со биолошкиот син на Stef од претходниот брак, Brandon и нивните посвоени близнаци, Mariana и Jesus. Нивните животи се променуваат кога на многу неочекуван начин Lena ја среќава Callie, тинеџер со матно минато која го има поминато животот менувајќи го живеалиштето постојано и со разни старатели.Lena и Stef решаваат да ја примат Callie во нивниот дом но тоа си носи дополнителни последици.
    Мене лично ми се допаѓаат серии од ваков тип.Типична драма за ABC Family.Секојдневни проблеми но и ситуации од кои може многу да се научи.
     

    Прикачени фајлови:

    На jesssie.j и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Изненадно мене многу ми легна на срце, пред се заради добрата екипа, и децава се профи, мислам талентирани се и самата приказна е онака лесна, интересна за гледање.
    Омилен лик ми е дефинитивно Лена, а децава не можам да издвојам сите ми се пресимпатично.
    Ма да сега за 2-3 епизода ќе првата пауза, веројатно видоа дека има голема заинтересираност, па ќа ја продолжат или на есен или од Јануари.
    Не верувам дека ќе ја прекинат, на јутув врие од коменатари на видеата.
    Инаку потајно ги посакувам Кели и Брендон заедно, иаку од секој поглед е невозможно, но ептен ми се слатки како пар.
    Од следната нешто ќе ги замрсат работите...
    http://www.youtube.com/watch?v=Bg-9UtqPf2w
     
    На jesssie.j му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Ејјјјј зошто вака крипи заврши? :^)
    Кој во кого пукаше???Во следното промо не ги покажуваат Мајк, Стеф и Хесус!
    Знаев дека Хесус нема да издржи и ќе отиде да ја посети мајка му, демек дечкото сам ќе и помогне.Таман помислив Маријана свати каква мајка има сега и Хесус :fubar:
    Лена е дефинитивно најмилиот и најтолерантниот лик во серијава.Малку ме инервира Стеф на вечерата со бившата девојка на Лена како ја закачкаа а не гледаа дека тоа и пречи.
    Мене најантипатичен лик ми е женсава на Брендон.Неможам да ја гледам.
    www.youtube.com/watch?v=-c-crOCYgGA
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Kако заврши последната епизада :x немам зборови, серијава навистина стана се поинтересна и поинтересна.
    Штета што наскоро ќе биде самр финале, па ќе чекаме којзнае колку до нова епизода.
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    27.428
    Пол:
    Женски
    И јас почнав да ја гледам серијава, си реков ај да видам чим Хипстер ја гледа не може да е лоша, а јас како нели многу малку серии гледам во моментов, да не сум покусо :tmi:
    И не се разочарав, претопла ми е серијава, актерите се одлични, сите ми се мили и не би да издвојувам некого.Се почесто гледам серии со геј бракови и врски, што значи се помалку е тоа табу тема, лично знам луѓе кои не ги гледаат сериите поради тоа, мене сепак не ми пречат воопшто, јас никогаш не сум имала нешто против луѓево така да...како и да е, многу ми се допадна она „How do you define family“ и јас баш вака го дефинирам без разлика што е надвор од границите за тоа што е нормална фамилија.
    Цело време додека ја гледам серијава некако имам повишени емоции, на моменти ми солзат очи, сериозно од што е толку емотивна.
    Одлична е, само се надевам дека нема да ја прекинат.
    А и плус една од ликовите го носи моето име, а зошто ретко го сретнувам во американски серии, чудно ми е да го слушам :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    ^ Мислам дека знам како се викаш, убаво име, слично на моето, само малку продолжено :wasntme:

    Инаку серијава е претопла, пре пре топла, вистинска семејна драма.
    Ова ме разнежни и мене, ама не знаете колки.
    [​IMG]

    И оној подарокот кој им го дале Лена и Стеф кога ги посвоиле близнаците, си накапав солзиче на тоа, признавам!
    http://www.youtube.com/watch?v=-o48sld9lcQ

    И така,не се фер што после 10тава епизода ќе прават пауза, ама инаку нарачана е цела прва сезона, уште 10 мислам дека ќе има до крај. Вајда од јануари.
     
    На sweet-cherry и 1209 им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Толку се приврзав за серијава што почна да ме размежнува, сто пати се наежив на епиозодава ко некој од фамилија да стапува во брак :x
    И кој ќе чека до Јануари, не ми се верува дека и со оваа серија така играат ја делат сезоната на два дела.

    http://www.youtube.com/watch?v=vUp7qMYCGpE
     
  9. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    И јас баш се приврзав со серијава, сакам вакви семејни,а последнава епизода навистина беше полна со емоции.Ми се допаѓа бидејќи акцент ставаат на љубовта каква и да е, и со кого и да е.
    Посебно ми се допадна крајот кога спиеја Стеф и Лена и моментот со бурмите.
    Уште на почетокот посакував да ги посвојат Кели и братчето,и тие да бидат Фостерови.
    Само една забелешка, мислам дека не и требаше на Кели да бега.Јасна е причината зашто бега но можеби можеше на друг начин да ја реши.
    Не разбрав баш добро но дали Лекси ќе си замине засекогаш а нејзините родители го кријат тоа од нејзе?Баш безвезе би било, супер пар ми се со Хесус.
    И за крај мислев дека сепак Стеф ќе попушти и ќе го облече фустанот што и го купи мајка и за свадбата ама тврдоглава си е :lol:
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Се вратија Фостерови со уште поголема драма!!!
    Мене 11та епизода ми беше тотално непотребна ништо посебно не се случи во неа, можеа да ги спојат дејствијата во 11та и 12та во една епизода.

    12тава заврши многу слатко, ама нема да биде тоа тоа ако не го закомлицираат до крај, нормално.
    Промо за 13, но ме густа де нада
    http://www.youtube.com/watch?v=twe8NMKC4HE
    И
    http://www.youtube.com/watch?v=FHHfcCKvua0
    http://www.youtube.com/watch?v=LCtApjJ5wqQ
    http://www.youtube.com/watch?v=xn5YvltQanw
     
    На sweet-cherry и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.103
    И јас си ја загледав серијава, моментално сум до 15 епизода.
    Баш ми се допаѓа, убава, семејна, топла. Целиот концепт им е многу добар, нешто што не сме навикнати да го гледаме на телевизија, и поради и тоа ми се допаѓа, поради различноста.
    Не знам што ќе правам кога ќе ја изгледам сезонава, сите добри серии што ги гледам ми завршуваат и морам да чекам уште толку за нова сезона... :(
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Ич не ми се допаѓа како ја однесоа серијава со настаниве, не знам во кој правец ги носат Брандон и Кели, ама не ми се допаѓа.
    Многу работи се измрсија, дури и премногу, можеби дури и безпотребно како на пример
    со бременоста на Лена, со професоров и со документите за сурогатство.
    Можеа да ги скратат тие работи, секако веќе има доволно проблеми.
    Под два- Брендон и Дени :puke: Мислам дека беше една од поголемите утки во серијава до сега.
    Дури поголема од тоа што наводни Кели го преболела Брендон и пак се смири со Вајат.
    Под три-подмитувањето на Ана од страна на Брендон, што знам многу проѕирно ми беше тоа и малку глупав потег на режисерите.
    Под четири- драмата со Хесус-Ема-Лекси.
    Под пет- драмата со мајката на дечково на Мариана. Тотално небитен лик и дешавки.

    И којзнае кој и е татко на Кели сега, и што ќе излезе од целата оваа ситуација.
    Се надевам дека тој нема да дозволи да ја посвојат Лена и Стеф и дека така конечно ќе може да биде со Брендон.

    Втора сезона почнува на 16 Јуни, па да видиме што ни спремиле оваа сезона.
    Искрено добро почна серијава, ама ја укакаа на крајов, многу небитни работи ги поставија за главни, а битни дејствија ги запоставија како споредни.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Што мислите за кого беше амбулантната кола на крајот на епизодата?
    Јас мислам за сестра и, нешто ме влече натака, дека нешто ќе и се деси на неа, и потоа Кели ќе има грижа на совест и ќе остане да живее со татко и, па така ќе може да има врска со Брендон.
    Некако на тоа ми мириса дека ја влечат серијата, зашто никако не ми одговара да биде со никој друг.
    Овиее божиќни епизоди ми се навистина клише, треба да престат да ги снимаат, секоја серија исто па исто.
    Тотално поѕирни и претпоставливи. Но пак ултра популарни...
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Никој не ја гледа бе?
    Мене ми се допадна како заврши сезонава, среќа за кратко ќе ја гледаме трета, некаде на средина на Јуни ќе почне.
    И кога конечно рекивме сите работи се средија мораше да се деси несреќа. Скоро сум сигурна дека ќе умре Хесус зашто се збпгува со екишата јавно на твитер, а можеби па и да отиде на бординг скул а да почине Ана.
    Мило ми е за Кели пд една страна ама од друга страна нема да може да биде вака со Брендон. А совршени се еден за друг.
    Стеф ме изненадува колку е борбена, не знам кој друг би го нашравил ова за да по секоја цена ја посвои Кели пред се зашто има и свој син и плус 3 други посвоени.
    Се на се сезонава беше многу млитава ама финалево ги извади од калта малку.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.969
    Допаѓања:
    47.890
    Пол:
    Женски
    Ги изгледав сите излезени епизоди во неколку дена, навистина заразна серија.
    Има добри поучни моменти, сите ликови ми се допаѓаат и кастингот е супер погоден.
    Само ситуацијата со Брендон и Кели почнува да ме нервира, се запнала ко ќор за стап да живее со тоа семејство, мислиш со години е со нив, а не едвај една година. И да отидеше да живее со татко и, Брендон да и беше дечко пак ќе беше дел од семејството и можеше постојано да биде таму. За две години и така на колеџ треба да оди, не дека ќе векува со нив. Глупости.
    Мило ми е што не го умреа Хесус, ама новиов актер не ми се чини дека ќе биде добра замена. Ќе видиме во втората половина од сезоната. Стеф ми е еден од омилените ликови, цврста жена со премногу љубов во себе.
     
    На sweet-cherry, Mrs.Cuper и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  16. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Јас денес почнав да ја гледам :D