Фотоволтаични- соларни панели за струја

Дискусија во 'Дом' започната од 54321, 13 ноември 2021.

  1. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    436
    Сведоци сме дека струјата ќе поскапува и најверотно тој тренд ќе продолжи. Дали соларните панели за производство на струја во домот се добра инвестиција? Би сакала да прочитам ваши искуства, барав, но не можам да најдам тема за ова.
     
    На daylight, tina2018, kolovoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.175
    Допаѓања:
    199.996
    Пол:
    Женски
    Одлична инвестиција. Летово ставивме панели, и веќе го гледам бенефитот преку сметката за струја.
    Бојлерот ни е во купатилото, го сменивме стариот со нов, освен со панелот поврзан е и со парното, па постојано има топла вода, и за бањање и во кујна. Бојлер не сум уклучила не паметам од кога. Ич да не се мислите ако финансиски може да си дозволите. Реално, не е ефтино, ама ќе се исплати на крај. Иначе ние на две куќи по еден панел ставивме, зедовме бојлер од 120 литри за кај нас, за другата куќа е помал, мислам околу 80 литри (за двајца е таму), а првичниот план, според мајсторот што ни го правеше, беше да земеме бојлер од 150 литри и два панели на секоја куќа. Ама од лични искуства на пријатели што со години имаат панели, ни кажаа дека еден панел (не ми текнуваат сега димензиите) и бојлер од 80-120 литри е доволен за четиричлено семејство, го сменивме планот. Во спротивно постојано ќе мораше да ја трошиме топлата вода и кога не ни треба, а не ми е целта да зголемам потрошувачка на вода.
     
    На Snowflake97, tina2018, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    436
    @Annath Благодарам за одговорот, но не сум сигурна дека зборуваме за истото бидејќи пишуваш за бојлер. Прашувам за панели за производство на струја, не за затоплување на вода. Може да се постават панели до 4 киловати кои се сосема доволно, но производство не е рамномерно во текот на годината, зависи од сонцето и некогаш би имало и вишок струја што останува неискористена, а некогаш посебно во зима кога најмногу се троши ќе биде помалку. Во други земји компании како ЕВН го откупуваат вишокот и кога немаш доволно си земаш од кај нив тоа што претходно си го дал или ако имаш потреба од повеќе си плаќаш. Кај нас ЕВН не откупува од домаќинства и тука е дилемата, дали и покрај тоа што во одредени периоди ќе мора да се користи струјата од ЕВН е исплатливо да се инвестира во производство на сопствена струја.
     
    На GFlower, Orthophill, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.175
    Допаѓања:
    199.996
    Пол:
    Женски
    Не сум те сфатила, извини :$
    Со такви немам искуство.
    А добра е идејата за сопствено производство на струја, ама кај нас во Македонија колку се исплати, не знам. Имаме доста сончеви денови во годината, и штета е тоа да не се искористи.
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    436
    @Annath Не е проблем, можеби некој што има искуство ќе пише, па ќе дознаеме повеќе.
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.633
    Допаѓања:
    172.205
    Пол:
    Женски
    Ние имаме една колиба:D повеќе речи куќа, ама е на 4км од прва бандера..
    Живот оф-грид...
    6 панели од 540W, 5kW инвертер, 8 батерии..

    Поддржува мање више се што ти треба, шпорет, фрижидер, сијалици, тв..
    Е сега пошо прашуваш колку е исплатливо, не знам што да ти кажам... Кај нас е единствената опција така да исплатливо е:D
    Кога ги стававме околу 6000 евра не кошташе, на нашето користење знаеме дека никогаш нема да ни се исплатат ама желба ни беше и потреба ни е кога сме таму летно време.
     
    На daylight, Annath, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    436
    @Dust Фала за споделено искуство. Според тоа што разгледувавме по фб страни од фирми што местат, најмногу се користат таму каде што нема струја, по викендици како вашиот случај и индустриски објекти, но гледам почнуваат и по куќи во град иако многу малку, па затоа е дилемата колку е исплатливо.
     
  8. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    16.367
    Пол:
    Машки
    Ако ти треба човек што се занимава со ова пиши ми во порака ќе ти дадам негов број зборнете.
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.170
    Допаѓања:
    159.431
    Убава но и доста скапа инвестиција
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.486
    Пол:
    Женски
    Од првичните извори, можам со сигурност да потврдам дека до 2027 сите ќе одиме на алтернативна соларна енергија.

    Гасоводот е overrated и нефункционален.
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.454
    Допаѓања:
    34.458
    Пол:
    Женски
    Цел свет се префрла на обновлива енергија, само кај нес е "неисплатлива инвестиција" :^) Кога може во една Англија, која има дупло помалку сончеви денови од нас, секоја втора куќа малтене да има соларен панел, зошто не и ние?
     
    На JoyJoy и 54321 им се допаѓа ова.
  12. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    108
    имајте предвид дека батериите имаат рок на траење,а скапички се
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.170
    Допаѓања:
    159.431
    Кога прашав околу 20.000 евеа беше цената за домакинство куќа од 120кв
    Една наша членка имаше ваков систем не сум сигурна само која?
    дали @LunaGrey , дали @emkaemka дали @Sexybaby86
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.712
    Допаѓања:
    169.762
    20.000 евра, просечен век на користење 25 години, испаѓа помалку од 1000 евра годишно. Е дали значи дека друга струја не користиш, не знам баш. Летно време ќе имаш многу, зимно време недоволно. Ако не е во циркулација со електро мрежата, да можеш да продаваш вишок, не знам колку се исплати.
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.694
    Допаѓања:
    106.374
    Пол:
    Женски
    Имаме.
    Не знам колку сме го платиле, може да прашам мм, ама сега знам дека се многу поскапи.
    Функционира не дека не, но имаш многу вишак (летно време) што "нема каде да оди" , нема на кој да ја продадеш.
    Кај нас сеуште нема откуп..
    Треба и да се внимава многу кога се поврзува ради вишакот, знам имавме проблем дури се подеси ко што треба.

    Не знам што совет да ти дадам, не дека не ни се крати на сметка, ама генерално со овие услови, кога немаме бенефит од вишакот мислам џабе инвестицијата..
    Секоја втора година има најава за откуп, ама еве поминаа едно 7-8г и ништо не се деси, нормално пошто у мк ништо и не се дешава..
     
    На mal.ecka, 54321, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    436
    @An-na oдговорот на @emkaemka е она што е дилемата. Кога би имало откуп во лето би била одлична инвестиција, но...
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.486
    Пол:
    Женски
    Се нема пари Ана.
    За некои домакинства 3-6000 евра инвестиција се луксуз.
    Државите во посиромашните земји треба да ги стимулираат овие мерки, ама од нив абер нема.
     
  18. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    52.906
    Пол:
    Женски
    Сеуште нема регулатива за МЕПСО да ја откупува струјата од домаќинствата.
    Кај нас се се доцни па и со ова..ама со тоа што нема јаглен во земјава, гасот станува прескап висината на струјата ќе оди во нагорна линија само, ќе мора да се применат и овие решенија. Тогаш државата ќе мора да ја смени регулативата, ама до тогаш тоа е тоа..
     
    На mal.ecka и 54321 им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.454
    Допаѓања:
    34.458
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е. Муабетот ми беше, се субвенционираат инвертер клими, а ова не? Зошто? И зошто државата, како во сите нормални држави не дозволи вишокот ел. енергија да може да се продава во мрежата?
    Буквално спиеме на злато, а не знаеме да го искористиме. Како што кажав, држави со дупло помалку сончеви денови од нас одамна имаат ваква практика, ние не?
     
    На GFlower, daylight, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    52.906
    Пол:
    Женски
    Затоа што се неписмени пола од вработените, менување регулативи , правилници многу бавно оди од истите причини...некомпетентни луѓе на тие места се вработени..ова е моја гледна точка..и не не ги навредувам сите туку и тие што си работат како треба целиот товар е на нив...
     
    На daylight, An-na и Biljarkata им се допаѓа ова.