1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фотографии

Дискусија во 'Слободно време' започната од kate21, 29 август 2010.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Девојки, и момци секако, можеби темава е за тука, можеби за во уметност, секој има различен став. Некој од вас можеби фотографирањето го смета за уметност, но некој со фотографирањето го исполнува слободното време. Сите имаме фотографии. Стари, нови, убави, со убави лица, фатени во незгодна ситуација можеби. Фотографии од свадби, секојдневни мигови, уловени од блицовите. Тие се еден вид споменар. На нив често пати знаат да се испишат работи кои подоцна и тоа како ќе ни чинат задоволство со нивното сеќавање. Па сега, ајде да видиме што мислите вие за нив. дали ги чувате? Сакате да фотографирате, или да сте фотографирани? Ги разгледувате ли често? Ви будат убави сеќавања? Сте пронашле ли фотографии на кои имало некој знак, предзнак? И што мислите, дали имаат иста вредност денешните фотографии, оние на дигиталните апарати, мобилни телефони, и оние старите, кои беа печатени на убава фина хартија? За оваа тема ме инспирираше кутијата преполна со речиси 1000 слики, од најстари и најнови, која стои во спалната соба на моите, и често пати знаеме да ја превртиме и седнеме по цела ноќ со нив растурени. Ајде, читаме, и пишуваме на темава. Ќе пишам и јас повеќе :)
     
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Ги сакам оние моменти кога ке седна со кафе покрај мене и кутијата фотографии...подобро кажано кутијата со СПОМЕНИ.. :angel:
    Ја мразам технологијата, ги сакам годините кога сум чекала да дојде одредена специјална пригода и татко ми да стави филм во стариот апарат и да се сликаме 22 пози...Кои така подоцна развиени ке ги видам уредно прикачени во албум,или прикачени на ѕидот од собата...
    Секоја слика посебен спомен,радости,солзи....а не сега!!! :devil: СЛИКАЈ МЕ ДА ИМАМ НОВА ФОТКА НА FACEBOOK :devil: :devil: :devil: !!!!

    каде отидоа убавите години....без технологија...останаа само спомени впечатени на старите фотографии :?:
     
    На Cacy, happygirl, Pandelka.o.O и 4 други им се допаѓа ова.
  3. martina-srcus

    martina-srcus Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    14
    Да обожавам фотографија, пред се обожавам јас да фотографирам, а во ретки ситуации и дозволувам да ме фотографираат.
    Може да се каже дека фотографирањето ми е хоби, секој момент го користам да уловам некој добар кадар. Браво за темава, но не мислам дека ке има баш многу мислења, затоа што е премногу нормална, а и за повекето фотографија претставува само да се што повеке оклештени и разголени, и на фб да им ставаат лајкови.
    Ама за жал тоа е нивото на нашата култура.
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Не ги разгледувам често сликите, но кога ќе седнам од сабајле до вечер ги гледам и се прашувам кога ли помина тоа време, се сеќавам на тие денови како вчера да биле. Повеќе ја сакам таа стара технологија, кога чекаш да го развијат филмот, или пак од оние фото апарати кои одма во моментот ги вадат фотографиите.
    Повеќе ги сакам фотографиите кои ќе ми останат за успомен, а не за на фејсбук,мајспејс и сл. Секогаш си ги вадам сликите и одма позади сликата си пишувам дата и потоа ми е интересно да читам кога било, каде било .. :)
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Како да не застарена технологија. Да се местиш еден саат дури да сликаш, точката насредина да била, сликата испаднала матна, филмот осветлен, црвени очи...нема крај, па да се разочараш од матните слики што си ги сликила дури си била на одмор, а некогаш и ги нема на филмот. Или пак во најинтересното ти снемало пози на филмот.
    Сега барем се знае, веднаш ја гледаш сликата кога ќе сликаш нешто, сакаш ја бришиш сакаш ја зумираш, сакаш ја чуваш... а за тоа ставање сликите на фејсбук твитер или разни глупости сум против. Си ги чувам сликите за спомен само за мене, фино лепо сместени во папка во компјутерот (барем тука не збираат прашина колку и да стојат).
    За сликање не се сликам често можам да речам-од празник на празник колку да имам некоја слика што го обележала денот. Сепак имам слики од мене доволно -тоа од радости кога го купив телефонот :)
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Да, се тоа во ред, ама која е магијата на сите слики да бидеш совршен? По мое, сегашниве слики не се слики. Уште помалку оние преправени на фотошоп, или пикник. Јас лично ги сакам фотографиите кои порано се правеа. Што ми вредат сега новите, на телефон или на пц, можам да ги бришам менувам, што сакам. не се тоа автентика, не се тоа спомени. И да, битно е тоа дали си убав или не, дали фацата ти е мила на сликата, ама уште побитен е моментот што треба да се долови :)
    Добро, затоа и е темава, да споделиме разни ставови :) На секој различно му се допаѓа :)
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Најчесто јас сум фотографот. Сакам да доловувам некои моменти, барем навидум. И ме биват, да се искажам поконкретно, за фотофрафирање. Здравје Боже, ќе биде тоа некој ден!
    Кога ќе побарам тие мене да ме сликаат... најчесто не сум задоволна бидејќи пола нозе ќе ти се скратени а цел таван е на преден план!
    Друго... да, сум нашла некој фотографии кои ме вратиле назад, ми ги избоиле сеќавањата :)
    Трето... околу дигиталото и аналогното фотографирање... олдскулот секогаш ќе остане уникатен олдскул стил на фотографирање. Во денешно време секој сака да си се „зумира“, да нема црвени очи, да може да ја зачува сликата, да ја види дали е добра, блиц, макро... и ред други работи кои ги знаете...
    И ако ме прашувате мене, сепак ќе се одлучам за дигитално фотографирање бидејќи е посигурна варијанта =)
    И таквите важни и специјални слики не се за јавно изложување... ;)
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Дома имам милион албуми полни со слики пред се затоа што татко ми беше фотограф на времето, тоа му било хоби, ама работел и хонорарно. Од него научив како се работи со вистински (недигитален) апарат Zenit бидејќи тоа е цела наука! Научив како да развивам црно бели слики во просторија осветлена од црвена лампа и ми беше многу интересно :) На фејсбук имам повеќе слики од природа отколку свои, а тоа што често добивам пофални зборови ми влева желба да излезам со апаратот некаде и да фатам некои рандом ситуации од кои подоцна ќе испаднат многу убави фотки. Од се може да испадне убава фотографија, само треба да знаеш како да го доловиш моментот. Инаку многу ретко користам фотошоп, можеби некогаш за осветлување на фотографијата, ама тоа е се.
     
  9. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Имам премногу слики..што дури немам и албуми за сите..Обожавам да седнам и да ги гледам повторно и повторно..Некои работи кои сум ги заборавила ги откривам повторно преку фотографиите..Спомени,спомени..Имам многу добри фотки направени со стар апарат на кој плус се додава блиц..се мести далечина и сл..Планирам и во блиска иднина да си купам некоја добар ''професионален'' апарат..Дигиталната варијанта е попрактична..имаш голема меморија на апаратот..и некои други предности..ефекти и слично..после фино лепо ги ставаш на компјутер и гледаш како фотошопот те прави слаб,згоден и сл..Мислам дека подобри фотографии се прават со the old fashioned way...
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    порано луѓето се сликале за успомен, а денеска за фејсбук :fubar:

    во принцип сакам еееептен да се сликам :$
    ме нервира тоа што е напредна до толку технологијата што веќе не ни ги вадиме сликите, туку со кабелче и оп во компјутер, ги немаш во рака да ги почувствуваш, да се насмееш, да ги врамиш... туку од некој страна се зададил тројанец и оп форматирање и ги нема сликите :fubar: е така ти е тоа со напредна технологија |(

    инаку имам навика да ги извадам често пати старите слики и да ги разгледам , да се насмеам... да се сетам на детството, целото мое семејство (доста години помлади тогаш), па родендени, маскенбали, зимувања, летувања....
    ееее како ми се евоцираат спомените сега во моментот додека пишувам :angel:
     
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Точно,многу работи се променети порано и сега..порано сите работи имале посебен значај,а сега, конкретно за фотографиите нели, како што викаат и други тука,сликите се променија за на фејсбук..зима се шминка се дотерува и напрчува усни и ај за на профајл :@
    и брао, што да тогажеш колку си убава?
    ај да не навлегувам во друга тема,само ке кажам,го мрзам тој фејсбук од се срце,многу лошо им направи на луѓето,многу!!
    Инаку да,имам слики,уште од кога сум била помала (16години сум сега) и искрено ретко ги отварам,но кога ке го сторам тоа,стварно еден куп емоции и спомени..поновите слики,од одмори и слично,ми се на компјутер,и ги немам извадено,бидејки се многу,но искрено,планирам да ги извадам во скоро време,пошто друго е да фатиш и видиш слика како слика,а друго е на компјутер :?:
    ке ги одберам најдобрите и ке ги извадам..
    и тоа..
    инаку,сакам и да сликам и да бидам сликана =)
    позз
     
  12. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Обожавам слики,едноставно на многу работи можам со еден поглед да се присетам.Секогаш сме насмеани,ко цела да ни е погодена :D И коа ќе поглденам некоја стара фотка,си велам леле тогаш немав поима дека сега ќе бев ваква.Но најдобрата работа кај нив е дека никогаш не се менуваат,без разлика на тоа дека луѓето на нив се сменети.
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Обожавам да се сликам и апаратот го носам со мене за секакви прилики... дури и за едно најобично излегување. Имам еден куп цд-а со слики, но многу често знам и да извадам и на нив да потрошам едно мало богатство затоа што вреди. Уредно ги спастирам во албуми, можеби ќе напишам кога, каде било и кога ќе отворам по некое време ми доаѓа убаво на душичката :)
     
  14. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Мразам да се сликам, но обожавам да сликам, без разлика дали се работи за луѓе или нешто друго. Од кога ми купија фотоапарат го влечкам со мене и кај што треба и кај што не треба. :lol: Фотографии не вадиме од кога го купивме првиот дигиталец - иако многу слики би сакала да ги извадам, но никако да го сторам тоа. :wasntme:
     
  15. Pandelka.o.O

    Pandelka.o.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    14
    Сакам да сликам,а ретко да ме сликат...Зависи од расположение.
    Имам навика да носам апарат секаде...И да го сликам секој момент,сликите ги ставам во папки со датум и каде сум била тој ден...Некои од нив ги имам и развиено или како и да се вика тоа =))
    Е сега,некогаш ми се случува,т.е почесто,и да снимам...Сепак,друго е снимано,друго е сликано... :lol:
    Како и да е,и сликата и видеото се добри работи,спомени... :angel:
     
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.714
    Мислам дека сосема е ок да ги гледаш старите фотографии од кога си била малечка и на кои си само ТИ ! :) кога сакам да се присетам на тие времиља и кога ме фаќа носталгија за нив го отворам албумот со слики и се смеам на моите бебешки кркмина , на валканите муцина со чоколадо :D , на исплазениот јазик , па кога ќе ми текне колку фотографии имам кога сум дувала роденденска свеќичка па потоа целата намацана со торта :) ...
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Обожавам фотогрфирање! Сакам и да сликам и да ме сликаат! Знам да им фатам убави пози, но мене ретко кој знае да ми погоди! :D ама нема врска, важен е споменот, кога таа слика ќе ја видиш после неколку години!
    Технологијава денес поремети се, па и сликањето. Денес ретко кој ги ваѓа сликите на сликар за да ги стави во албум...сега веќе се е на ЦД или во компјутер. Јас често си ваѓам слики, тоа ми е поубаво.Кога ќе ги видам тие слики после неколку години, повторно го доживувам истиот момент како тогаш... :)

    И многу мразам кога некој се слика за на фејсбук! Јас ретко ставам слики на профил. Имам само 5-6 на профајл пикчр и тоа е се! Не ставам на секое, бев ваму па сликите на фб, бев таму, бев на ова забава, си купив нова облека па одма слики на фб. НЕ! Тоа ми е глупаво. Сликите се за спомен, не за збирање лајкови и промоција на места, бутици и модели! :)
     
  18. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Имам многу слики и тие си стојат и ќе си стојат за "век векова" a овие со дигиталниов апарат за некое време Options-Delete ;)
     
  19. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    318
    Многу сакам слики имам дома 5 албуми и само ги прередувам
    повеќе сакам слики од обичен апарат отколу да гледам слики на дигитален :)
     
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Поинтересни ми се сликите од обичен апарат и ги гледам како траен спомен а сликите од дигиталниот апарат не ми се интересни и во секој момент може да ги снема од компјутерот (да бидат избришани) или пак цедето да се уништи ...но во секој случај сите фотографии се прекрасен спомен :)