Фридрих Ниче

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од zlatapetkova, 10 октомври 2011.

  1. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    53
    Фридрих Вилхелм Ниче бил германски филозоф од 19 век и класичен филолог. Тој пишува критички текстови на религијата, моралот, современата култура, философија и наука, користејќи еден засебен стил и наклонетост за метафора, иронија и афоризам. Ниче е критички настроен кон христијанството, според некој толкувачи, воопшто кон религијата. Стилот на Ниче е во спротивност со традиционалните вредности во философскиот пишување, и тие го отуѓуваат од интелектуалниот академизам, како во неговото време така и денес,
    Особено интересна е Антихрист каде што Ниче жестоко го критикува христијанството, но покажува дека бил свесен за изворната вредност и доблест на христијанството, а особено на Христовата искрена намера на луѓето да им покаже како треба да се живее, па затоа Ниче вели: "постоеше само еден Христијанин и тој умре на крстот."
    Тој е голем противник на класичната филозофија и жесток критичар на стариот морал и христијанството.
    тој е против секој морал, збир на правила кои и се налагаат на личноста и ја врзуваат, ја уништуваат нејзината слобода. Христијанството го смета за обичен инструмент со кој слабите, кои ги има многу повеќе, ги држат во ропство силните, смелите и талентираните личности. Со тоа, државата ја налага својата волја преку религијата!!!
    Интересен и контроверзен.Негови дела се...„Весела наука“ „Така зборуваше Заратустра „Антихрист“ (итн.
     
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    602
    Еве уште некои податоци за него: тој е роден во градот Рекен (Лицен), во протестантско семејство со потекло од Полска (грофови Нички). По дипломирањето во 1864 година, Ниче ги започнува студии по теологија и класична филологија на Универзитетот во Бон. По еден семестар, поради гневот на неговата мајка, тој ги прекинал своите теолошки студии и ја изгубил верата.
    Тој пишува критички текстови на религијата, моралот, современата култура, философија и наука, користејќи еден засебен стил и наклонетост за метафора, иронија и афоризам.
    Филозофијата на Ниче и понатаму остануваа контроверзна, а постои и големо несогласување околу неговите дел, и нивното толкување и значење. Дел од тешкотии во толкувањето на Ниче произлегуват од неговиот уникатно провокативен философски стил на пишување.
    Ничевата философија е несистематска и афорична, а во себе содржи и противречности. Но треба да се истакне дека неговите дела се блескаво напишани со дух и поезија, и длабока философија.
    Ниче служел во Пруската армија за време на Француско-пруската војна од 1870-1871 како санитер. Во тоа време доживеа многу трауматски стресови од битките кои се воделе, дополнително се разболел од дифтерија и дизентерија. Валтер Кауфман шпекулира дека Ниче можеби имал и сифилис, а некои биографи шпекулираат дека сифилисот го предизвикува неговата евентуално лудило, иако има несогласувања по ова прашање.
    На 3 јануари 1889 година, Ниче доживеал ментален колапс. Од 1897 година Ниче живее во Вајмар, каде што Елизабета се грижи за него.
    Во 1898 и 1899 година Ниче претрпува најмалку два мозочни удари кои предизвикале делумна парализа. Во август 1900 година Ниче имал уште еден мозочен удар и умрел околу пладне на 25 август. Елизабета (неговата сестра) го погребала покрај нивниот татко.

    Според мене тој е еден од најголемите филозофи на минатиот век кои извршил големо влијание врз оние кои следеле по него, создавајки еден нов и радикален филозовски систем на вредности и размислувања.
    Од неговите дела би ја издвоила "Така зборуваше Заратуста" како едно специфично и би рекла "тешко" дело кое зборува неговите идеи да влијае врз се она што му е нему "несвојствено и погрешно кај народот затоа што според него човекот е нешто што треба да биде надраснато".
     

    Прикачени фајлови:

    На zlatapetkova му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.172
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се пишува за Ниче, ја препорачувам книгата Кога Ниче плачеше од Јалом,. Книгата е базирана на вистински податоци и е всушност одлична психолошка анализа на личноста на Ниче.
     
    На Teodora* и Chupe им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    За да бидеш среќен треба да исполнуваш три услови: да бидеш глуп, себичен и здрав. Но ако не го исполнуваш првиот услов, се ти е џабе! - Ниче
     
    На eta, teddybear, honorthyself и 3 други им се допаѓа ова.
  5. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    380
    Ова му е и повеќе од точно

    Ниче ми беше еден од омилените филозофи. Се додека не дојдов до податоци како одредени "здруженија" го користеле за наметнување на своите ставови врз младината. Е тогаш почнав да ги преиспитувам своите ставови кон него и кон неговата литература зашто за мене тоа перење на мозочиња и наметнување на ставови е |( онака. Но, сепак постојат премногу контраверзи во неговите дела, од една страна го презира моралот, а од друга тој самиот морализира. Освен тоа, неговата филозофија е својствена за времето во кое живеел, кај него има преголема количина на гнев кон стегите на тогашното општество и тогашните правила на живот, особено кон религијата. Денес тој гнев кон религијата би бил несфатлив, кога веќе живееме во демократија и имаме право на избор дали ќе бидеме верници или не, барем религијата никој со сила не ја наметнува до тој степен, па ни во неговото време моќта на црквата не била толкава за да ја наметнува со сила верата за тој толку да е гневен, мислам дека гневот требало да го насочи на друго место и токму тоа ме тера да верувам во неговите пропагандни активности. Од една страна го разбирам и се пронаоѓам во неговите зборови, но на пати, некако забегува во погрешен правец, необјективно делува, како се што пишувал да го пишувал од пркос и од инает. Додека бил жив и творел, го сметале за луд, а дали е така којзнае. Како што вели српскиот филозоф Брана Петронијевиќ: "Ниче не бил луд, само бил лудо уверен во вистинитоста на своите ставови".
    едит А и имал доста потценувачки став кон жената како суштество од самото тоа се гледа дека филозофијата не му е на место. Според него за мажот најважна треба да биде желбата на мажот,значи сопствената желба, а за жената исто така неговата желба. :^)
     
    На Teodora* и Magnolija им се допаѓа ова.
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Ми беше еден од омилените филозофи :)
     
  7. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    4.553
    Допаѓања:
    3.891
    Пол:
    Женски
    Го обожавам! Проектната за матура по филозофија ми беше за него, па тогаш дознав многу работи. ,,Така зборуваше Заратустра",книга за сите и никој-едноставно прекрасна! Ме инспирираше неговата потрага по Натчовекот и во најскоро време ќе купам уште некоја негова книга.
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    411
    Сега ја читам ,,Кога Ниче плачеше,, и не можам да се одвојам од неа. Навистина е нешто што треба да се прочита. топло ви ја препорачувам ;)
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Мојот омилен филозоф е токму големиот Фридрих, особено уживам при читање на неговите ненадминливи дела, за сега имам прочитано 5 негови дела и не запирам, па дури ја имам симнато и неговата музичка ненадминливост.
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.270
    Не можам да кажам дека ми е омилен филозоф, како прво не се согласувам со дел од неговите ставови, дел не ги разбирам, ниту планирам да се преправам дека ги разбирам, (треба огромно предзнаење за да се чита Ниче :!: ) но сепак неспорно е дека бил голем филозоф.
    Јас сум ја читала „Весела наука“ (Gay science) и има некои работи што ми задржале особено внимание и за кои би сакала да продискутирам со други луѓе, што е баш за жалење бидејќи common people не го читаат Ниче или било кој друг.
    Исто интересно ми е неговото гледиште околу моралот.
    Па, наместо да пишуваме биографии, let's discuss. Преку лична порака или јавно, сеедно! :)
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.350
    пред скоро време почнав да го читам ниче, антихрист ми е првата книга и ми се допадна со оглед на тоа што се сложувам со неговите ставови за христијанството. втора ми е така зборуваше заратрустра и сеуште ја читам признавам не е лесна и си одвојувам време за неа не сакам туку така да ја поминам заради реда. нормално нема да запрам овде интересен лик е и најдобро во неговите дела е што ве тера да размислувате и да прашувате, според мене нема ништо подрагоцено што еден автор може да ви подари во своето дело...
     
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    Запознаена сум за творештвото на Ниче - омилениот на татко ми.
    Татко ми има многу негови дела, но се на хрватски, а jac не сум од таа генерациja, не дека не разбирам, но кога почнав Заратрустра да ja читам, ми правеше напори хрватскиот, а можеби и тогаш се уште не бев спремна - имав 19, иако имав некои основи.
    Заратруста е омиленото дело на татко ми и многу често сме дискутирале за истото.Со каква искра во очите и страст само говори, просто човек ожеднува да го слуша
    Подсмевот на Ниче кон роелигиjaта се однесува на како лугето ja толкуваат, разбираат.Што е и во право, пример денес половина од лугето постат мислеки дека ке им се простат гревовите, тоа е толку апсурдно, постот е измислен за детоксикациja на телото, организиот да се прочисти.
    И многу други примери ги има, но ке се навратам на темава кога лично ке ja прочитам Тако je говорио Заратустра
    Со години ми е желба на македонски да ja наjдам.
    А со темава ме инспириравте и да се обидам на хрватски повторно, можеби оваj пат ке биде успешен. :$
     
  13. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Ја има во култура и е со300 страни, а на ѓурѓа е со 150.
     
  14. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    411
    Во темата Моментално читам, напишав дека сега на ред е токму оваа книга ,,Така зборуваше Заратустра,,. Вчера си а ја купив од Матица(500денари). па ќе бидам поактивна на темава.
    Поздрав
     
  15. Marija001

    Marija001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Дефинитивно еден од најдобрите филозофи. Неговите размислување се како свеж ветер кој ја чисти прашината од заспаните умови на „стадото“, што би рекол тој. Мојата страст кон Ниче започна со книгата „Кога Ниче плачеше“, како еден најдобар вовед, што веднаш ме наведе да ги купам сите негови објавени книги на македонски јазик и дефинитивно направија пресврт во моите погледи кон светот и животот. Се разбира, Ниче мора да се чита со голема внимателност и скептичност. Да не се зема се' здраво за готово, зошто дел од неговите размислувања и погледи се изменети од страна на сестра му, која била антисемитист, па затоа и Ниче го биел лош глас. Ниче јасно и гласно се изјаснувал дека бил против антисемитизмот, ама кој во тоа време бил толку учен за да го сфати тоа. Жалосно е што на ваков филозоф му е припишана докторината на антисемитизмот и нацистите. Затоа велам, внимателно со Ниче, тој е нож со две острици, но топло го препорачувам, во секој случај! ;)
     
  16. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    4.553
    Допаѓања:
    3.891
    Пол:
    Женски
    Ја препорачувам Така зборуваше заратустра и Кога Ниче плачеше, има и филм кој е исто така многу добар :)
     
    На Marija001 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Ја видов темава,па ми текна на една реплика од `Далај мама`. :rofl: :rofl:

    `А Зарасусра беше од Фиче,Ниче,Личе или од Пиче?`

    хахахахаххахахахаха :lol: :D :rofl:
     
  18. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    42
    Ниче сам себе се побива, затоа што тој сметаше дека ништо не е апсолутно вистинито, се е релативно, и тоа го сметаше за апсолутна вистина. Има убава книга ви ја препорачувам, се зборува за нихилизмот и за неговото самопобивање, се вика „Последниот Вистински Бунт“ од Монах Андреј.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    857
    Допаѓања:
    3.370
    Јас штотуку навлегувам во Ниче, засега ми се допаѓаат неговите размислувања за улогата на религијата, потеклото на моралот, надчовекот, вољата за живот. Како што кажав, на почеток сум па подоцна ќе пишам за тоа што мислам.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.