1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фјодор Михајлович Достоевски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LivingGlam, 27 март 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Многумина (вклучувајќи ме и мене) ќе речат дека Достоевски е еден од најголемите умови на човештвото. Неговите дела стојат на врвот на литературата. Браќата Карамазови, Идиот, Понижени и навредени, Демони, Записи од мртвиот дом, Дневникот на писателот... Кој од кој поголем бисер.
    Според мене, Достоевски е ненадминат мајстор на пишаниот збор. Ќе ве насмее со интелигентниот цинизам и иронија (посебно во Дневникот), или до болка ќе ве трогнат неговите зборови, доволно моќни за од корен да променат нечии сфаќања за животот и постоењето.

    Бил роден во Москва, но Санкт Петербург е неговиот град, таму е неговата душа. Големата љубов кон својот град ја пренел во секое свое дело. Улиците, снегот, старите градби и тесните станови, едноставно се чувствува мирисот на Санкт Петербург преку неговите страници.

    Достоевски создал нов вид на роман, филозофски роман - трагедија, во кој всушност има антагонизам и спротивставување на идеи, но и внатрешна борба на човекот, што е посебно интересно разработена во Браќа Карамазови. Неговите дела се практична филозофија и психологија.

    Неговата омилена тема, покрај човекот и неговата психа, е религијата. Секој ќе се пронајде во Достоевски - и атеистите, и верниците, и фанатиците. Едноставно не постои човеков карактер, човекова особина што нема да ја најдете кај Достоевски.
    Ако постоел некогаш некој што го познавал човекот, неговите најдлабоки бездни и највисоки достигнувања, без сомнение тоа бил тој. Како што рекол Ајнштајн, Достоевски е единствениот психолог од кој всушност нешто ќе научите.

    Темава е премногу обемна, но намерно ја направив општа за да се развие дискусија. Сте го читале ли Достоевски? Го почитувате ли? Кое ви е омилено дело? Дали знаете по нешто за неговиот живот (има многу контроверзии).
    Омилен лик од неговите дела? Знам, тешко е да се одбере затоа што сите се маестрално прикажани, без разлика дали се позитивни или негативни. Кога веќе сме кај негативците, нема погенијално претставување на негативец од неговото.

    Со еден збор - генијалец. Ајде сега, ве очекувам, а ако не сте прочитале нешто од него, се надевам дека ќе ве поттикнам, затоа што верувајте - побогати ќе бидете откако ќе го прочитате.
    Ако не па, сама ќе си правам муабет на темава, нема да ми биде прв пат кога станува збор за Достоевски. :lol:
     
    На WarriorMind, Cinderfakinrella, DeRose и 8 други им се допаѓа ова.
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Достоевски е легенда, гениј, уникатен и ненадминлив со длабоките и исцрпни анализи на ликовите. Тоа што ми се допаѓа кај Достоевски е токму длабоката анализа на карактерите на ликовите, тој толку длабоко ги опишува, ги соголува до гола кожа, продира во скриените катчиња на свеста.
    Посебно ќе нагласам дека ми се допаѓа тоа што ликовите ги опишува не еден навидум едноставен, но многу реален и прифатлив начин, тоа што ги опфаќа сите сегменти на човековата личност. Во многу од неговите ликови можеме да се пронајдеме, да не поттикнат на само анализа, на емпатија, на тоа да ја бараме суштината на нештата.
    Првата книга која ја прочитав од него беше Злосторство и казна, таа ми беше поттик понатаму да прочитам уште неколку негови дела Браќата Карамазови, Идиот и Двојник. Секое дело си е приказна за себе, ќе треба многу да должам ако почнам за сите да објаснувам, но другпат повеќе.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Освен Браќата Карамазови и Дневникот на писателот другите дела сум ги читала, ќе го додадам ете и Момче која мене ми има оставено прекрасен впечаток.
    Достоевски почнав да го читам во средношколскиот период и да признаам сега сеќавањата ми се онака како рамка за наведениве дела, значи за подлабоко анализирање ми треба препрочитување :nod: .
    Достоевски е генијален, неговиот стил кој е толку непосреден и длабок ми буди восхит, знае да биде и суров како со мислата „Солзата на едно дете претставува негација за постоењето на Господ„ но и крајно рационален и искрено објективен „Ако при секоја пријателска услуга веднаш помислуваш на благодарност, тогаш не си подарил, туку си продал„ . Овие се тие што ги знам напамет, да не го отварам нотесон каде имам мисли од негови дела, ќе претерам и ќе се изгубам во цитати :$ :) .
    Да резимирам голем познавач на човекот - неговата природа, реакции, емоции и она што посебно плени изнесено на јасен, допадлив начин, едноставно совршено.
    И јас немам омилени ликови бидејќи гледам да немам симпатии кон никого за да не сум пристрасна во донесувањето судови кога ќе вршам објективна проценка и ќе ги вагам сите особини на таа личност сето тоа што ја прави нејзината посебност како индивидуа.
    И неговиот роман за мене лично е повеќе реализам отколку роман-трагедија, бидејќи ми е толку близок до реалноста, која има секогаш повеќе или помалку примеси на трагедија во себе.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Од Достоевски ги имам читано Карамазови и Идиот. Некако не сум компетентна да дискутирам за авторов, ги имам читано како помала делава и не верувам дека баш најубаво сум ги разбрала. На времето немаше нови дела во библиотеката, само некои класици и уште тогаш ги имам читано. Ако најдам време треба да ги препрочитам, место да земам некои глупави книги како што беше случајот неодамна :lol:
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Еве еден интересен податок:
    Достоевски многу го почитувал Толстој и неговото дело. Толстој од друга страна, на некој начин покажувал рамнодушност кон Достоевски и никогаш не го спомнал, иако критичарите во неговите дела наоѓаат реакции на ставовите на Достоевски.
    По смртта на Достоевски, Толстој во писмо упатено до свој пријател напишал дека иако никогаш не се сретнале, го сметал Фјодор за свој пријател, и никогаш не ни помислил дека ќе умре без да остварат средба. Кога слушнал за смртта на Фјодор, Толстој се расплакал. Каква штета што не се сретнале, нели?
    Толстој неколку пати ја почнувал Браќа Карамазови, но не ја довршувал. Имал забелешки кон стилот на пишување на Достоевски, но сепак сакал да ја прочита. Во последните недели од својот живот, откако го напуштил своето семејство, и’ напишал на својата ќерка да му испрати неколку книги, меѓу кои и вториот том на Браќа Карамазови. По неколку дена, покрај неговата смртна постела била најдена отворена токму оваа книга.
     
    На Lazy Sunday, elimkd, Jenniffer и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Ја имам прочитано Злосторство и казна..летово почнав Идиот да ја читам, ама не ја дочитав чекам летово да дојде и пак од почеток со полн здив да ја прочитам :) Немам и некоја голема основа за да можам нешто повеќе да искоментирам... Ама тоа што го прочитав не остави без здив, опишано е се во детали, едноставно се сочувствуваш со самите настани, историски, психолошки, трагични.. Најмногу ми се допаѓаат психолошките елементи..така длабоко е се опишано што не може човек а да не "влезе" во размислувањата на ликовите, едноставно ме поттикнува да размислувам, да се ставам во нивна кожа, да го чувствувам истото...
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Ме остава без здив, буквално. И секогаш кога имам прилика да прочитам нешто, го бирам токму него. Не знам зошто, можеби ми се погодила во вистинско време, ама Браќа Карамазови ми остави страшно силен впечаток. Почнав да ја читам, и сфатив дека нема да можам да престанам. Отидов во викендица, и таму седев 2-3 дена, додека не ја прочитав цела. Неверојатни емоции ми будеше цело време, секогаш плачам на книги какви и да се, ама ова беше плачење до потекување :D
    Делот со големиот инквизитор го памтам комплетно, многу ми беше впечатлив, и ми текнува на него многу, многу често во секојдневни разговори.

    Знам дека ме нервираше преводот на сите руски книги, а бидејќи ги сакам повече од било кои други, едно време имав желба да научам Руски, за да можам да ги читам во оригинал. Ама ми помина :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Мене уште не ме напуштила желбата да научам руски за да читам :D
    Но и старите преводи на класиците ми се убави, јас не сум нашла големи замерки тука.
    Ариел и мене Големиот инквизитор ме измести од место.
    Такво аргументирано спротивставување на верата нема никаде. Но од друга страна го имаме старецот Зосима, чиста благост, вера, трпение и љубов, целосна спротивност на Иван Карамазов. Тоа е таа борба на идеи, новото против старото, размислувањето надвор од рамките, наспроти утврдените религиозни ставови. Невозможно е да не размислиш здраво откако ќе ја прочиташ, и да ги преиспиташ своите ставови. Достоевски целиот свој живот се борел со прашањето на верата. Бил и верник и атеист, постојаното размислување не му дозволило целосно да поверува. Тој се сомневал, и всушност него можеме да го најдеме измеѓу Зосима и Иван. Овој цитат јас го паметам "Ако Бог не постои, се’ е дозволено". Има едни размислувања во дневникот, дека всушност она што го мачи него е слободната волја.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Бидејќи Дневникот на писателот е испечатен во помал тираж и потешко се наоѓа, еве овде ќе го споделам со вас Воведот, бидејќи го имам во компјутер па ќе направам добро дело :)
    Забележете ја иронијата, сарказмот и хуморот :bow:
    И спротивставеноста, несогласувањата во текстот што се негова одлика. Секогаш ги гледа двете страни на паричката, и нема конечен став со кој ќе каже "еве ова е вака и никако поинаку". Достоевски води дијалог, за да остави на читателот да реши и да донесе одлука за себе.
    Инаку, во Дневникот на писателот се собрани негови написи за Граѓанинот (весник во кој бил уредник извесен период), и негови размислувања за животот, религијата, Евреите, христијанството, децата, смртната казна, самоубиството...
    Јас можам само уште еднаш да се поклонам. :bow:
    На дваесетти декември дознав дека е веќе решено и дека јас сум уредникот на "Граѓанинот". Ова е извонреден настан, односно извонреден за мене (не сакам никого да навредам), кој сепак се случи навидум едноставно. Токму на дваесетти декември го прчитав написот од "Московски ведомости" за стапувањето во брак на кинескиот император, кој во мене остави силен впечаток. Овој прекрасен и се чини извонредно сложен настан, исто така се случи зачудувачки едноставно: се’ беше предвидено и определено уште пред илјада години, се’ до последната дребност во речиси двеста томови на церемонии. Штом ја споредив огромноста на кинескиот настан со моето поставување за уредник, одненадеж јас почувствував неблагодарност кон домашните институции, без оглед што толку лесно ме поставија и помислив дека ние, всушност, јас и кнезот Мешчерски, во Kина многу полесно би го издавале "Граѓанинот" отколку овде. Таму се’ е така јасно... Ние обајцата во определен ден би застанале во тамошната главна управа за печат. Удирајќи со челата по подот и лизнувајќи го подот со јазикот, ние би се исправиле и со почитување би ги кренале нашите показалци пред себе. Главниот управник за печат секако би се преправал дека не ни обрнува ниту најмало внимание, како на влетани муви. Но, би станал третиот помошник на третиот секретар и држејќи ја во рацете дипломата за моето поставување за уредник со сугестивен, но љубезен глас, би ни ја кажал пропишаната поука која ја налага церемонијата. Таа би била толку јасна и така разбирлива, што на обајцата би ни било бескрајно пријатно да ја слушнеме. Во случај, доколку јас во Кина би бил толку глупав и чист во срцето, што пристапувајќи кон уредувањето на списанието и осознавајќи ја слабоста на моите способности, во себе би почувствувал страв и грижа на совеста - веднаш би ми било ставено на знаење дека јас сум двојно поглупав, штом ги негувам овие чувства. Дека токму од овој момент мене воопшто не ми е потребна памет, дури и да ја имав; напротив, неспоредливо посигурно за мене би било воопшто да ја немам. Штом ќе заклучење со прекрасните зборови:"Оди уреднику, отсега ти можеш да јадеш ориз и да пиеш чај со нов спокој на твојата совест", третиот помошник на третиот секретар би ми врачил убава диплома, отпечатена со златни букви на црвена свила, кнезот Мешчерски би дал дебело мито и ние обајцата по враќањето дома веднаш би издале таков број на "Граѓанинот", каков што овде никогаш нема да издадеме. Во Кина ние прекрасно би издавале.

    Сепак, се сомневам дека токму во Кина, кнезот Мешчерски задолжително би ме прешол и би ме поканил за уредник најмногу со цел да го заменувам неговото лице во главната управа за печат, секојпат кога таму би го повикувале да ги добива ударите со бамбусово стапче по петиците. Но, и јас би го надитрил: веднаш би престанал да го печатам "Бизмарк" и самиот, напротив, би почнал одлично да пишувам написи, така што за бамбусово тепање би ме викале преку еден број. Но, затоа пак, ќе научев да пишувам.

    Во Кина јас одлично би пишувал; овде тоа е мошне потешко. Тaму се’ е предвидено и пресметано за илјада години нанапред, овде се’ е наопаку за илјада години. Таму дури и неволно би пишувал разбирливо, дотаму што не знам кој би ме читал. Овде за да те читаат, дури е покорисно да пишуваш неразбирливо. Само во "Московски ведомости" воведниците се пишуваат во една и пол колона и зачудувачки - тие се разбирливи: но, и тоа само ако му припаѓаат на извесното перо. Во "Гласот" тие се пишуваат во осум, десет, дванаесет, па и тринаесет колони. Значи, ете колку колони треба да потрошиме за да не’ почитуваат другите.

    Кај нас да говориш со другите е - наука; односно на прв поглед исто како и во Кина; како и таму, постојат неколку упростени и чисто научни методи. На пример, порано зборовите "ништо не сфаќам" само ја означуваа глупоста на говорникот, сега пак, носат голема чест. Доволно е отворено и со гордост да се каже:"јас ништо не сфаќам во религијата, јас ништо не сфаќам во Русија, јас сосем ништо не сфаќам во уметноста" - и веднаш ве возвишуваат. Тоа е особено корисно ако вие навистина ништо не сфаќате.

    Но, и оваа упростена метода ништо не докажува. Во суштина, кај нас се сомневаат во глупоста на другиот, без особено размислување и без секакво обратно прашање кон себеси:"Можеби јас сум навистина глупав?" Положбата задоволува, но сепак, никој не е задоволен и сите се лутат. Па, и размислувањето во наше време е речиси невозможно: скапо чини. Навистина, купуваат готови идеи. Тие се продаваат насекаде, дури и евтино; но, кога тие се поевтини, уште поскапо чинат, што веќе започна да се чувствува. На крајот нема никаква полза и, како и досега, трае истиот неред.

    Се чини дека ние сме истата Кина, но без нејзиниот ред. Ние одвај го започнавме она што во Кина веќе завршува. Несомнено, ќе дојдеме до истиот крај, но кога? Да ги прифатиме илјадата томови на церемонии и со тоа да се здобиеме со правото ништо да не размислуваме - треба да проживееме најмалку уште илјада години во замисленост. И што - никој не сака да го забрза рокот, зашто никој не сака да се замисли!

    Но и ова е вистина: ако никој не сака да се замисли, се чини дека му олеснува на рускиот книжевник. Да, навистина е полесно и тешко на оној книжевник и издавач кој размислува во наше време. Уште полошо е за оној кој посакал да учи и да разбере, но уште полошо е за оној кој искрено ќе ја обелодени својата намера: ако изјави дека веќе сфатил една капка и сега сака да ја искаже својата мисла, тој веднаш станува напуштен од сите. Му останува само да си најде некое соодветно човече или можеби да го изнајми и да разговара само со него; а може и само за него да издава списание. Ова е непријатна положба, бидејќи тоа е исто како да говориш сам со себе и да го издаваш списанието заради сопственото задоволство. Инаку, лично се сомневам дека "Граѓанинот" уште долго ќе разговара сам со себе заради личното задоволство. Сепак, треба да се има в предвид дека во медицината разговорот сам со себе означува склоност кон лудило. "Граѓанинот" задолжително мора да разговара со граѓаните, тоа е сета негова неволја!

    Значи, ете во какво издание се впуштив. Мојата положба е крајно неопределена. Но, и јас ќе говорам сам со себе и за сопствено задоволство во форма на овој дневник, а натаму нека биде што ќе биде. За што да говорам? За се’ што ќе ме изненади или ќе ме наведе на размислување. Ако го најдам читателот или пак, не дај Боже, опонентот, јас ќе знам и ќе умеам да разговарам со секого и секако. Ќе се обидам да го научам тоа, зашто тоа е најтешкото кај нас, односно во литературата. Освен тоа, и опонентите се различни, не можеш со секого да започнеш разговор. Ќе раскажам една басна што ја слушнав деновиве. Велат басната е стара, можеби има индиско потекло, што е мошне утешно.

    Еднаш свињата се скарала со лавот и го повикала на двобој. Штом се вратила дома, таа подразмислила и се исплашила. Го собрала целото стадо, па откако тоа размислило, и’ рекло:
    - Слушај свињо, овде во близината има една јама; оди, извалкај се убаво во неа и појави се на местото. Ќе видиш што ќе се случи.
    Свињата тоа и го сторила. Дошол лавот, ја помирисал, се намуртил и си заминал. Долго време потоа свињата се фалела дека лавот се исплашил и побегнал од полето на битката.

    Тоа е басната. Секако, кај нас нема лавови - климата не е таква, а и премногу впечатливо би било. Но, ставете го на местото од лавот пристојниот човек, каков што секој е задолжен да биде и моралот на приказната ќе биде ист.

    Патем ќе раскажам една приказна.
    Еднаш разговарајќи со покојниот Херцен, јас многу го фалев неговото дело "Од оној брег". За таа книга на мое големо задоволство, пофални зборови рече и Михаил Петрович Погодин во својот извонреден и мошне интересен напис за неговата средба со Херцен во странство. Оваа книга е напишана во форма на разговор меѓу две лица, Херцен и неговиот опонент.
    - И мене особоне ми се допадна, - забележав јас меѓу другото - бидејќи вашиот опонент е исто толку умен. Ќе се согласите ли дека во многу случаи тој ве приклештува до ѕид?
    - Во тоа е работата - се насемвна Херцен. -Јас ќе ви раскажам една анегдота. Еднаш, кога бев во Петербург, Белински ме завлече кај себе и ме седна да го слушам неговиот напис што го пишуваше: "Разговор помеѓу господинот А. и господинот Б." (Влезе во неговите собрани дела). Во тој напис господин А., односно самиот Белински, е прикажан како мошне умен, додека неговиот опонент господин Б. е полош. Кога тој заврши, со грозничаво нетрпение ме праша:
    - И, што мислиш?
    - Добро е, и мошне убаво се гледа колку си умен. Но, како не те мрзеше да си го трошиш времето со таква будала?
    Белински падна накаучот, го зари лицето во перницата и смеејќи се, повика со сета силина:
    - Ме уби! Ме уби!
     
  10. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Баш сега ја имам Злосторство и казна за лектира. Прекрасна книга, ме воодушеви навистина и сега сакам да прочитам некоја друга. Која е најдобра ??
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    ^ Земи ја Идиот наредна, па после неа Браќа Карамазови (треба поголема подготовка за неа :) )
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Гениј кој проникнува во сечија душа,како да го познава секој еден човек кој живеел и живее на Земјава.
    Интригантен писател,доста добар познавач на психологијата,ме опи со неговата мистериозност ,деталност и ироничност.
    Ги имам прочитано Злосторство и казна , Идиот и Браќата Карамазови и планирам да ги прочитам останатите негови дела.
    Единствен!
     
    На La.Reina.Del.Sur, lola-86 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас како љубител на руските класици, го обожавам. Имам една другарка со руско потекло и се и велам да го чита него или Толстој, она јок.
    Човекот е гениј. За да се пишува психолошки реализам, треба да имаш многу во главата. Прво знаење, а потоа фантзија. Како ги разработува ликовите тоа е чудо.
    Сакам да го читам на руски. Така ќе го читам лично само него, без преводи. Е сеа носталгија ме фати за него, мора пак да го читам.
     
    На La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Достоевски го запознаав оваа година на училиште кога ја работевме Злосторство и казна.Значи книгата иако обемна јас ја прочитав во еден здив.Целосно ме внесе во неа.Книгата ми остави голем впечаток.Не се сомневам дека и другите книги се толку добри како оваа.Наредна прилика ќе земам друга некоја книга негова.
     
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Уште во средно кога ги почнавме руските класици, мене ме фати сафра.

    Предетални описи на ситници, наративност до максимум...

    НО, кога дојде редот Достоевски да се чита, јас се воодушевив. Многу е поразличен од останатите, стилот му го обожувам, скриената психологија во ликовите... се што ми доаѓа во рацете од него, ништо не пропуштам... има многу извитоперени моменти на ликовите, прикажани со толкава смиреност... барем јас така го доживувам... чудесен ми е.
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Не е можно! Јас, еден од најголемите обожаватели на Достоевски прв пат ја гледам темава ?!?!?! Требит да си ја зголемам диоптријата... :fubar:
    Иначе прво Ливинг, секоја чест баш ми се бендиса статијава за почеток...

    Почнав да го читам некаде во осмо или прва средно и сум навистина воодушевена... Многу пати се случувало кога другарките ќе ме прашаа за нешто од некоја книга или било што да не знаам да ја затворам устава... Значи човеков е прекраснотија, му го обожавам стилот на пишување... и да...Ќе ги издвојам: Бели ноќи, Злостор и казна, Идиот...
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Немам прочитано негово дело иако имам читано коментари и критики за неговото творештво и стил. Ќе гледам во блиска иднина да вкусам нешто негово, а по тоа што го имам слушано и читано за него претпоставувам дека ќе ми се допадне. :)
     
  18. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Баш денес ќе правам писмена за Злосторство и казна.Го прочитав романот до пола ама неможам никако да го разберам :$
    Знам за Раскољников,Соња,Мармаладов,Катерина ама незнам како се да вклопам.
    Значи ја убил бабата да сфати на кој тип луѓе припаѓа?А со Соња како се запознават?
    Малку помош?
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Ја убива бабата зашто смета дека таа е само уште еден човек од клапата непотребни луѓе на општеството.
    Еве, тука во спојлерот ти оставам материјал кој верувам дека ќе ти послужи. :)
    http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/11/blog-post_862.html
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Достоевски ако не се лажам, почнав да го читам уште кога бев некаде петто, шесто оделение... И прво дело ми беше Злостор и казна. Од почеток се воодушевив на неговите анализи на ликови и способноста да продре во човечката психа.
    Сум ги прочитала скоро сите негови книги, еве пред некој ден ја препрочитав и Бели Ноќи. Сварно му симнувам капа бидејќи успева преку разговор, преку мислења да го развие ликот до тој степен што мислиш дека лично си се запознал со него што до некаде и е точно.
    Едноставно, треба да си гениј за да напишеш такви дела. :bow: