ХОПС и Конект - за децата кои имаат родители зависници од дрога

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Dust, 19 октомври 2016.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.681
    Допаѓања:
    136.772
    Можеби не е најважната работа во светов една театарска претстава, можеби не е приоритет, можеби тие 100 денари можете да ги насочите во друга насока - но овој месец ве повикувам вашите 100 денари да ги дадете за дечињата



    Октомври е месец на детето.

    Конект секоја година изготвува донаторски календар со цел да поттикне донирање и да се овозможи поддршка на граѓанските организации. Во донаторскиот календар за 2016 година, месец октомври е резервиран за нашата организација – ХОПС. Со овој календар сакаме да ги поттикнеме граѓаните да донираат за дечињата чии родители се корисници на дрога и сексуални реаботници, за да им овозможиме да посетат театарска претстава и барем два часа по глума.

    Календарот е објавен на Конект блогот од каде што може да се симне месец октомври восоодветна резолуција . Месечниот календар може да се постави како позадина на компјутер или телефон и да служи како потсетник. Може да донирате на ОВАА страна, каде собиравме донации за дневните креативни центри каде дечињата го поминуваат поголемиот дел од времето! Сега сакаме да ги изненадиме поинаку, зошто секое дете заслужува да погледне барем една претстава во својот живот.

    Да бидеме хумани и за овие дечиња. Нивните очиња и исполнети насмевки ни се многу битни!
    Тимот на ХОПС!






    Донирајте на http://nkm.mk/Project/Index/6


    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На galapce, Sanjichka007, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.