1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ХПВ вакцина и неплодност

Дискусија во 'Бременост' започната од Grimlinko, 2 ноември 2021.

?

Дали имате проблеми со неплодност?

  1. Да (Gardasil)

    16,7%
  2. Да (Cervarix)

    8,3%
  3. Не (Gardasil)

    8,3%
  4. Не (Cervarix)

    66,7%
  1. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Оваа анкета се однесува само за девојките што се вакцинирани против ХПВ вирус
    (против карцином на грлото на матката).
    Дали имате проблеми со плодноста, тоест да не можете да забремените или пак имате спонтани абортуси?
    Дополнително ме интересира дали сте вакцинирани со GARDASIL или CERVARIX.
     
    На Vraloma му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    А ние од кај да знаеме со шо сме вакцинирани?
    Јас сум вакцинирана против ХПВ, нз со која вакцина, и имам дете, стекнато по природен пат, никогаш не сум имала проблем со плодноста.
     
    На Alex.T, Snowflake97, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    @Grimlinko
    Ако веќе отвараш ваква тема со ваков наслов, објасни прво од каде ти е идејата за поврзаностa на вакцината за ХПВ и неплодноста.
    Стави некое истражување да прочитаме, па да коментираме.

    Вака како што ти е напишан воведот, нема поента темава. Јас гледам две засебни прашање, кои немаат врска едно со друго, а за кои веќе има соодветни теми.
     
    Последна измена: 2 ноември 2021
    На Alex.T, Feminka22, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Секој одговор е добредојден, доколку придонесува до некое разјаснување. Јас лично имам прочитано уште на времето дека оваа вакцина предизвикува во одреден процент на жени тешкотии со забременување... И секоја жена си бара чаре... Имајте разбирање... Сепак е деликатна темата. Благодарам.
    Инаку еве некој линк како што побаравте:
    https://www.tneagleforum.org/blog_d...-chance-of-lifelong-sterilization-study-finds

    http://hpv-vakcina.blogspot.com/2009/11/blog-post.html?m=1

    Во секој случај, статистика наместо дебата. Самата анкета ке даде одговор. Линковите треба да се прочитаат, но главно укажуваат дека во 25% од жените се предизвикани тешкотии со забременување.
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Благодарам, мило ми е за вас. Во Македонија колку што јас знам Гардасил се употребува, исто така и во Америка. Во Европската унија би требало секаде Церварикс да се користи.
     
  6. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Имам разбирање, затоа и предложив да се разјасни подетално, за да настане забуна и да се предизвика паника.

    Поставениот линк го прочитав, но ова е слободна интерпретација на авторот за истражување кое е повлечено заради сомневање во неговата веродостојност.
    https://www.tandfonline.com/doi/abs...croll=top&needAccess=true&journalCode=uteh20&
    (Директно од линкот што го имаш поставено се пристапува до овој.)

    На следниот линк на кој води страницата
    https://www.news-medical.net/health/HPV-Vaccination-and-Fertility.aspx
    пишува дека според истажувањата (наведени во текстот) не е докажана поврзаност на вакцината со неплодноста.

    Неплодноста е широк поим, има многу фактори кои влијаат, па според тоа ваква општа анкета не може да даде никаков одговор ни да се изведе заклучок.
    Пример: жена се соочува со неплодност поради тубарен фактор, а вакцинирана е со Гардасил. Според оваа анкета, ќе испадне дека вакцината го предизвикала ова, а не е така.

    Појава на нова вакцина е стандард поврзана со истава приказна, дека предизвикува неплодност. Истиов муабет е и сега со вакцините против ковид.
     
    На Mikha4, MarijaMi90, Kailani и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ana245

    Ana245 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2018
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас се имам вакцинирано на 13години, имам сега 27години и имам низа на спонтани во рок од две години(биохемиска, вонматерична и спонтан) сите комплет. Незнам дали тоа да го препишам на ХПВ вакцината бидејки се беше во ред со сите испитувања. А пред една година родив едно детенце измеѓу вонматеричната и спонтаниот. Спонтаниот ми се случи годинава, случајно забременив во истиот месец кога ја примив втората доза на Фајзер. Има нешто во вакциниве, а што еве незнам. (facepalm)
     
    На Snowflake97 и Grimlinko им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    33.530
    Пол:
    Женски
    Сестра ми се има вакцинирано доброволно. Се мачеше за да добие дете 3-4години.На крај доби близнаци по природен пат.
    Имаше еден спонтан.Не знам со која вакцина е вакцинирана и таа не знае.
    Да кажам дека и беше на возраст над 35 години кога пробуваше да има дете.Децата ги роди на 39 год.Сепак и возраста е битна.
     
    На Snowflake97, Brpbrp, Pacient srna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    16.199
    Пол:
    Женски
    Ова уште кога излезе вакцината го кажуваа, а немаше врска, шпекулации. Кој може да тврди дека потешкотиите во забременувањето се од вакцината?? За жал се повеќе жени се соочуваат со неплодност, потешкотии со забременувањето, но тоа не можеме са го препишеме на вакцината, ако не може да го докажеме. Влијание имаат многу други фактори што ни ги наметнува секојдневниот начин на живот.
     
    На YasMazza, Angel06, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ни го промовираш твојот блог-пост?
    Аман бе :D
     
    На Mikha4, Mantub и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    16.199
    Пол:
    Женски
    Ама оваа анкета не може да даде никаков одговор и никако не може да си донесуваш залучоци и да си пишуваш статии. Дали воопшто знаеш што значи ХПВ и карцином на грлото на матката. Дали знаеш ова колку е сериозно и колку се чести ХПВ инфекциите кај жените и девојчињата, со оглед на тоа дека рано се почнува со сексуални односи. Мислам дека темава нема смисла воопшто.
     
    На Angel06, Сара Лав, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Оваа вакцина е задолжителна или? Немам појма дали сум вакцинирана, треба да проверам.
     
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.521
    Пол:
    Женски
    Да од 2009 е задолжителна, на девојчиња од 12 години.
    Кога ја примав јас во три дози ја примивме, а сега гледам е во две.
    Зависи која генерација, не ја имаат сите примено, тие што се родени после 96/97 би требало да ја имаат
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.787
    Допаѓања:
    178.203
    Абе и тебе крајот не ти се наоѓа. Вчера требало секс да се има, денес-рано се почнувало|(. Целибат за сите и крај на проблемите]:). Е сега што и во јавно вц можеш да фатиш тоа е друго дваесет:doh: (#сарказам)

    За формулирањето на темата, анкетата и сличните аспекти, поарно да не коментирам:|

    Сега прочитав, во Јапонија е тргната од имунизациска програма. Предизвикувала некои глупости, главоболки, сензитивност на светлина, незнамшо. Многу свилени јапонците, се нешто им смета...
     
    Последна измена: 2 ноември 2021
  15. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.938
    Пол:
    Женски
    Мојот избор беше да не ја примам и ја немам ни ден денес.
     
    На Dream-Girl, cresa-jagoda, Traveler91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Мхм, само ако имаш секс во јавно вц :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    16.199
    Пол:
    Женски
    Тоа е факт :!:.
    Ама темава е направена со цел да докаже некаква поврзаност на неплодност со вакцинава и не знам како би била релеванта :^), па после ќе читаме крш статии од непознати автори.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Јас се имам вакцинирано на 15 години и додека претходно имав најнормален редовен циклус, после вакцината ми се поремети и мораше да пијам апчиња за да ми се врати циклусот. Никогаш не ми се врати во нормала и нормално сега имам проблем со забременување. (Веќе седум години).
     
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    16.199
    Пол:
    Женски
    И сега со анкетава што ќе направиш?? Вака не се прави анкета, ако сакаш некаква релевантност на податоците, нуту пак се прави некакво истражување, за да истражуваш нешто треба да имаш знаење за таа област. Ако сакаш дискусија има соодветна тема.
     
    На Angel06, Glowy, Nade-sunrise и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Od vakvi kvazi istrazuvanja dobivame antivakseri na najjako. Ne mozes na forum da sobiras info i toa da e relevantno so prasanje dali si vakciniran i imas problemi so neplodnost. Jas se okoziv dur da.ostanam trudna so se sum vakcinirana ama problemot bese maski faktor. Sea ke ti kliknam da i posle na fensi blogov ke stais statistika deka hpv vakcina predizvikuva neplodnost. Neplodnost predizvikuvaat mal milion raboti koi stucno lice moze da gi analiza ne antivakser
     
    На YasMazza, Angel06, Anne Boleyn и 4 други им се допаѓа ова.