Дали некогаш ви се случило да ви го хакнат фејсбукот? Дали некогаш вие сте хакнале фејсбук? Мене ми беше хакнат фејсбукот, го оставив така бидејки незнаев како да си го вратам (пред некое време беше) Дали некој знае како можам да си го вратам? Дали некој успеал да си во врати? Јас незнам да хакирам Сигурно сите понекогаш посакуваме да хакнеме нечиј фб, да ги видиме разговорите...Јас никогаш не сум хакнала бидејки незнам, но кога би знеала имам една на мета заебавам Да подискутираме на оваа тема Спојлер побарав, но ненајдов ваква тема. Се извинувам ако темата е дупла
еех навикнав на ова. Мојот сега бивши дечко од кога прекинавме редовно ми ги хакира фејсовите. а е можам да сфатам зошто.. Глупост според мене што крајно не го поддржувам !
Затоа јас на ФБ не држам компромитирачка содржина или нешто што може да биде злоупотребено. Имам слушнато дека лесно е да се хакне профилот и на многумина мои другарки им го хакнаа.
И мене ми го хакнаа, и прво се испаничив, после сфатив дека немам што да кријам. И онака сите слики ми се објавени со цел да бидат видени, така да што ако! Не можам да си го вратам, а некако не го ни чувствувам нешто неопходен. Можеби нов ќе си направам, само кој ќе аднува се’ одново и одново... Pain in the ass момент Ништо страшно, а не па трагично.
anneyy , а сајтове хакираш? Направо цел фецабук да го хакнеш.. Што е тоа поединично...досадно е, направо целиот хакни го и готово. Аман од фејсбук Ќе ти платам тројно .Не се лутете девојки, морам да си искажам недоволството од фејсбук. Многу ме нервира. Нема човек, фирма, институција, дури и деца и незнам, може и животни, кој да нема фејсбук... Е...јас немам и маж ми...не ни треба. Ко гледам едни другари како се караат, нејзин бивш дечко и пишува, на него некакви девојки му пишуваат на фејсбук и само се ревнуваат и караат. Ние немаме и куќата ни е тивка и мирна Ко исклучим плачот на Мартин Ајде нека се најде еден хакер, нека го хакне нај после...
Па ми го немаат хакнено,но имам хакнето но не јас туку еден мој другар го замолив и го хакна мн брзо Секако немав лоша намера само видов тоа што ме интересираше и готово,потоа пишав порака од хакнениот профил на блиска личност на хакнатиот профил и толку ... жално е тоа што ме дознаа ...
Aneyyy, дај кажи ја финтата, имам цела листа за хакнување!! Инаку, мене не ми бил хакнат досега и не знам какво е чувството да ти хакнат фб! Ама радо би хакнала неколку. Чисто онака, другарски...
Мене еднаш ми беше хакнат и не можам да се изначудам што човек треба да бидеш за да се замараш со туѓи работи. Зрем до толку ти е досадно и немаш попаметна работа па ќе ајде сега ќе гледаме другиве што како прават. Како прво тоа се приватни работи и не за џабе никој не може да ти го гледа инбоксот. Која е причината да седнеш и на некого да му чепкаш во профил? Да е дете ок, разбирам. Гледајте си го вашиот живот..... Луѓе без работа.
Не верувам дека е некоја јака заштита, но разбрав дека преку e-mail адресата полесно било да ти го хакнат профилот, па направив да не можат да ја гледаат сите. Немам некои податоци кои би ги криела, ама сепак не би ми било сеедно да ми го хакнат профилот. Само не можам да се изначудам зошто некој има потреба и би трошел време за вакви работи?
Незнаев дека и тоа можат да ми го направат но се уверив и мислам дека ќе експлодирав не е работа да крие човек нешто но сигурно не сакам во мое име некој да се претставува.Бившиот беше опседнат и болен и нонстоп ми го хакираше па сега сум хакер и пол научив се што не треба да научам,чудо што уште можам самата да се логирам во него од толку секјурити глупости што сум ги активирала. Болна работа е тоа најдов пораки што пишувал од кај мене,другарките ме прашуваат зошто не спијам во 5 сабајле дремам на фб а нема врска спијам,фраерот чуда си правел од кај мене уфф го мразам затоа сега ја скрив имејл адресата и на тој начин неможе да го хакира,активирав опција да ми стаса порака кога ќе се приклучам од друг компјутер уште интерпол што не сум ги информирала за мојот фб. Ниту сакам да хакирам а ниту пак да ми хакираат болни луѓе бе,ме боли тоа ваш дали пишувал со трајка или со петка он ако сака да ме изневери тоа во живо ќе го направи а не вака а ако немам поверение у некој па нема да бидам со него и крај на дискусијата
Не немам хакнато На една другарка и беше хакнат фејбукот , па и велеа дека постоела посебна програма каде само се пишувал емеилот и се влегувало во туѓ фејсбук, па ѓомити го менувале пасвордот и не можел да влезиш. Ама не сум сигурна за ова, само како што кажуваа пишувам.
Јас му го имам хакнато на бившиот фб и мсн ама фб си го врати... ако хакирате ви препорачувам многу внимателно да го правите тоа
Камо да беше толку лесно хакирањето како што повеќето мислат. Две основни работи: 1.Не постои програма во која само ке се пише меилот и ке добиеш пасворд. 2.Не може да се хакне ФБ само ако го имаш туѓиот меил. Всушност може, но тоа не е хакнување туку е SE (Social Engineering), каде што само треба подобро да ја познавате личноста за од прилика да и` погодите пасворд или security question на меилот и после е лесно да си пратиме password reset confirmation. Но тие методи врска немаат од хакнување. Конкретно пак хакнување на ФБ. I mean...seriously? Ке влезам кај некоја си петарда и? Ке и` ги гледам пријателчињата кај што ја постираат Ај сечи Перо и коментари „хехеехехехе“ like it's the funniest shit ever? Сликите што и онака можам да ги видам? Или ке читам оговарања, газолижење и сељо романтика: "Ma4e topsi, alal da mu e na tatkoti, aj da izlezeme na kave. " Разбирам, сите сме некогаш љубопитни. И јас имам грешено во тој контекст. Ама чисто за занимација, тепање време и вадење сочни муабети за рандом персона да се користи истото...не гледам поента. Неех...нит ми хакнале, нит ке ми хакнат, а уште помалку да трчам да „хакнам“ некому. И уште нешто. Сепак самите си ја знаеме причината ако ни влегол некој во профилот, но многу акаунти се „хакнати“ и преку рандом spyware што може да се закачи од било каде, посебно од оние „Кликни овде да видиш што се случи со козата на комшијата“, а секој втор што го гледам, кликнува на истите. Епа чорба. Љубопитноста ја убила мачката. Акл во глава, се` што лета на интернет, не се јаде.
Па ајде зошто никој не кажува како се хануваат? Имам една школска си го беше заборавила пасвордот па им рече на 10 деца да ја блокираат на фејсбук и после и беше избиришан профилот авотматски од Facebook.
^ Никој не кажува затоа што е (во некој смисол) заштитена информација. Ако знаат сите да хакираат, нема да биде интересно. Иначе, сум се дружела со хакери и знам да хакирам. Ама не сум активна затоа што ми е мизерно да хакирам онака, од забава. Кога мора на некој, во ред. Кој слушнал за MCS (Macedonian Cyber Space) таму бев.
ФУНКЦИОНИРА се изненадив од брзината на дознавање лозинка со овој метод Ви препорачувам да пробате Од се срце ти благодариме anneyy што ни кажа