1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ханибал (Hannibal)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од NightAir, 11 март 2014.

  1. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Бидејќи сум голем гледач на серии, а видов дека тема нема за оваа серија, си реков - Како можи да нема ?! :o и направив хаха :rofl:
    [​IMG]

    Ханибал е Психолошка серија со дози на трилер и хорор, која премиерно се емитуваше на 4 Април 2013. Досега има Две сезони, а втората излезе на 28 Февруари.

    Серијата се навраќа назад во почетоците на др. Ханибал Лектер, ја обработува приказната меѓу ФБИ агентот Вил Грахам и Ханибал. Секоја епизода кажува за различно убиство, во кое Вил може да се сочувствува со убиецот, и да открие како е извршено убиството, но тоа си има негативни страни, а тоа се сите пореметувања кои му се случуваат на полицаецот на психолошко ниво. Затоа, тука е Ханибал кој гради еден вид пријателство со Вил, без никој да знае дека Ханибал е зад дел од убиствата.

    Според мене, многу многу добра серија, посебна за тие кои сакаат измешани приказни и интересни ликови. Морам да напоменам дека има многу ГНАСНИ сцени, за луѓе со слаб желудник не ја препорачувам. :D Иако ликот на Ханибал во серијата неможе да се спореди со онај на Ентони Хопкинс, сепак не е ни тоа целта - да се копира. Многу ми се допаѓа глумата на главниот негативец, и самиот глумец си ја има сватено улогата сериозно.
    Во главните улоги : Мадс Микелсен, Хју Данси и Лоренс Фишбурн.
    ОЦЕНА 10/10


    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На elimkd и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Првата сезона ја гледав одвреме-навреме, кога без слободна почесто. Морам да признаам дека има повеќе creepy сцени, и каде што Вил се пошекнува. Сепак според мене нема од што да му се лоши на никому, сѐ е тоа. фејк таму. Не ставаат никакви органи од вистински човек, туку ајде... Оцена:8/10 Образложение за оцената: филмот знае и да ми стане досаден. :)
     
  3. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Како бе немало тема до сега за серијава... :o Мислев ќе има многу страни за читање, а не вака :lol:

    Ја почнав серијава пред некое време а ја имав и претходно гледанo на AXN, и многу ми е интересна :wasntme: Уште сум на средина од прва сезона ама за брзо време ќе стигнам до 2, како што гледам на тамблр уште поинтересно е.. За некои можи е тешка за гледање ама мене воопшто не ми е, баш сакам вакви морничави :D Само малку досадна станува на моменти, за малку ќе заспиев на 2-3 епизоди :tmi:
     
    На NightAir му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.172
    Пол:
    Женски
    Серијава е брилијантна.
    Пред се темата, потоа брутално нецензурираните сцени, па се до глума и интелигентните содржајни дијалози. Што повеќе да кажам, освен - прекрасно!


    :up:
     
    На zhap4e и NightAir им се допаѓа ова.
  5. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и вторава сезона (тие епизоди што се излезени) и можам да кажам дека оваа серија многу брзо ми се искачи кон врвот на листата од омилени серии :x Ниту една епизода од сезонава не ми беше досадна, секоја имаше некој заплет, интересно убиство, одлична глума :wasntme: Навистина ова е првпат толку многу да забележувам како глумат актерите, ама неможиш а да не ги забележиш огромните таленти на Мадс и Хју :D Мадс ми е еден од омилените глумци сега, во една епизода сто пати го менувам мислењето за неговиот лик, Ханибал :D

    За серијата не коментирам во спојлер бидејќи и онака сме малку, мислам дека сите сме на втора сезона
    Во последнава епизода за првпат бев згрозена од убиство и дури ми идеше да заплачам.. Навистина не очекував Беверли да умри, а посебно начинот на кој беше "изложена".. :x Вил уште повеќе го засакав, конечно сфати дека неможи се сам да прави.. Па дури и ако тоа значи да соработува со Фреди или некој друг, мислам дека правилно постапува што сака на секој начин да го открие Ханибал.. Е сега ова можеби му беше малку непромислено, што му рече на оној да го убие Ханибал, затоа што уште од почеток се виде дека тој не е стабилен :?: И се заплеткаа многу работите, ама добро барем Џек е на пат да му поверува :D Едвај чекам да видам што ќе се случи во наредната епизода, иако не ми се верува дека она со примерокот од храната ќе му биди успешно, премногу е паметен Ханибал за тоа :wasntme:

    И само да додадам нешто од тамблр -

    Fun April Fool’s prank:
    Frame your best friend for your multiple murders.
    [​IMG] :rofl:
     
    На theowndemon, zhap4e, NightAir и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Уште две епизоди и крај на втора сезона...баш сум во исчекување...многу работи ќе се случат...ме интересира како се ќе биде осмислено.. а и фала богу што ќе има и трета сезона.. Ако ја откажеа, некој, јас мислам дека ќе си го однесеше хахах :rofl:
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.172
    Пол:
    Женски
    Го гледавте ли финалето на 2ра сезона?


    :x
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.372
    Пол:
    Женски
    Да го гледав и крајно се изнервирав.Мислев дека ќе го фатат ама ништо.Добро беше не дека не, но малку ми беше смешно тоа како не можеа да го фатат тројца, тој сам ги уби сите.Абигејл не ја очекував, колку само и го испрал мозокот Ханибал страшно, мене не ми е ни јасно како преживеала, чиво тело тогаш испитуваа место нејзиното?
    Секако дека Вил нема да умре, нели во филмовите тој има огромна лузна на стомакот, веројатно е оваа, но Џек и Алана?Дали ќе умрат што мислите?
     
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Серијава!!!! Ми се допаѓа градацијата со која се одвиваше. Прва сезона - доста бавна и чудна, ама јас сакам чудни работи, па продолжив да ја гледам. Често пати знаев да ја прекинам, дека крвава, а јас со слаб стомак, ама упорна. Втора сезона - О-ХО! Настани, пресврти, чуда, одлично! Со нетрпение ја чекав секоја епизода. Ама крајот на втора сезона беше шокантен. Искрено, не можам да замислам кој ќе скине конци, а кој ќе преживее. А од постериве што излегуваат... Ханибал од елегантен човек се појавува во кожњаци?! А Џилијан ме изненади[​IMG]
     
    На Alisa22 и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Одамна се спремав да ја гледам серијаа и никако да дојде на ред.:x Добро што Сител решија да ја емитуваат. :clap: :D
    Со душа чекав да го видам Микелсен во улогава. Очекував добра глума. Го бендисувам од претходни филмови и особено го помнам по улогата на One Eye во шлакнато-убаво-гнасиот Valhala Rising. Имаше инсерти од филмот вклопено во едно предобро видео на јутуб на No quarter од Цепелин.:inlove: Така и дознав за филмот.
    Воопшто не ми фалеше глумата на Хопкинс.:) Дури и компарација некаква да правам не ми текна. Ми се допадна со цела негова чудност, со движењата, мимиките... готвењето:$
    Цела екипа беше н-е-в-е-р-о-ј-а-т-н-а. Ми се допаѓаа настаните, темпото, техничкиот дел. За дијалозите, ух. Вреди да се зборува и зборува. Секоја епизода поттикнува на мислење.
    Крајов ми беше ужасен. Тотално некомпатибилен во секој аспект со серијата. Ми штрчеа премногу работи, од техничкиот дел, како обработиле некои сцени..толкав фокус на одразот во ножевите..и вештачки и непотребен, па борбата а ла кунг фу танц во забавена снимка, па тоа непажливо колење.. толку каприциозен човек, таква цепидлака, перфекционист :envy: онака? ...требало да се потрудат повеќе. Нека да е крајот каков е, ама поинаку раскажи ми го. Ова беше безвезе.:envy: Ок, ок..фрустрации ради малата заработка, ради пиратерии ради.. ама сепак. Најубава сцена беше паѓањето од прозорецот и капките дожд. Колку само не ме зачуди паров психијатри.:$ Штета што заврши..неславно и тоа.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Абе, абе, абе :clap: Сител даваат Ханибал, и мислам дека ја немам гледано епизодава:^) оти не кажувате вакви работи. Утре ќе гуглам. :nod:
     
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    каде можам да ја гледам серијава но со превод?
     
  13. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    67.999
    Пол:
    Женски
    epizode.ws ја има
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    благодарам на брзиот одговор
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Изгледав две сезони и ми се допадна, но некако ми стана премрачна и претешка за гледање. Можеби некогаш ќе ја завршам.
     
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    19.630
    Пол:
    Женски
    Многу добра актерска екипа, фасцинантно доловени ликови.

    Ханибал ме остава без здив во секоја епизода. Мислењето го менувам од една до друга епизода. Никако не можам да застанам цврсто на една теорија, оти Ханибал, неговиот карактер, неговиот лик, ми предизвикува измешани мисли, со оглед на тоа што фасцинира во секој поглед со неговите експлицитни дејствувања. Станува се подобро и подобро.

    Ме фасцинира и секој можен дијалог во серијата. Секој кажан збор е на место и поттикнува на размислување. Феноменални реплики, одлични сцени.

    Многу се разочарав кога на крајот на првата сезона

    Заврши во затвор за дела кои не ги сторил. Не очекував таков пресврт на настани. Мислев дека Ханибал навистина го смета за пријател и не би му наместил така. Ако го земам во предвид фактот, дека Ханибал е лик кој не може да оставри пријателство и секако лик кој не би сакал да заврши во затвор и лик кој е доста љубопитен, тогаш, ова беше очекувано. Неговите дејствувања зависат исклучиво од неговите желби и интереси, неговите поинакви погледи на светот и човештвото. Интелегентен психопат. Мислам дека апсолутно му го има испрано мозокот на Вил, навлегувајќи длабоко во неговата психа, до степен, Вил да не знае навистина кој е.

    Повторно имав големи, а сосема погрешни очекувања за сезона 2, епизода 1 и 2.

    Тоа што Вил побара повторна терапија со Ханибал, ми дава надеж дека е само негов начин, да се сети на се и да ги исполни црните и празни дупки кои ги има во главата. Сметам дека е доволно интелегентен да го разоткрие Ханибал и да ги поврзе убиствата на имитаторот со оние на Ханибал, всушност да заклучи дека се работи за истиот лик. Се надевам на негово што поскоро излегување од затвор. Многу ми е жал за него, оти поминува страшна и тешка фаза на психичка нестабилност. Се разочарав кога видов дека Џек го постави Ханибал на местото на Вил. Мразам да го гледам во таква улога.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Утрово ја почнав и не можев да дочека да ја догледам за да прокоментирам. Уствари не можам да дочекам да ја догледам. Серијава ме зароби и го добив најчудното чувство за продуктивно готвење после неа.
    Како се одвиваат дејствата, со суптилен и елегантен хумор, со настани малку морничави, сосем во мој стил - се заплеткав во мрежата на серијава! Каде беше цел мој живот?
    Ах, Вил. Крајно атрактивен ми е, а тоа што е "поинаков", ми го прави омилен лик. Начинот на кој чувствува е уникатен и убедливо му ги сакам милениците. Ако пред сцената со кучињата имав недоумици за дали ќе "навивам" за тој лик, тоа беше пресудно. Да го земиш и да бегаш е.
    А, Ханибал од друга страна ... Кога ќе сфатат дека Ханибал се римува со канибал? Чекам. Елегантен човек, внимателен, професионален. Да не постоеше Вил, тој ќе ми беше омилен лик. Сакам елеганција во громорозност. Да се најди уметност во апсурд, убавина во бизарност. Кујната му е приказна сама за себе. Ако е од него зготвено, што било ќе пробам.
    Имам високо мислење за серијава и длабоко се надевам дека нема да ме разочара.
     
    На Lianna Anna, elimkd и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Морав да пишам, сепак некој ја напрај конекцијата Hannibal- the cannibal по скоро поќе од сезона и пол. :rofl: Ете од цела приказна шо пазев јас.
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.259
    Пол:
    Женски
    Ептен добра серија по мене. Го обожавам Ханибал и неговата ладнокрвност во секоја ситуација, чак и кога ги касапи и спрема као најобично тесто да се.
    Сега ја почнав втора сезона и му се воодушевувам на иновативноста при убивање.
    Видов дека има само три сезони, знае некој зошто така? Ја прекинале или..