Форумџика на годината

Хашимото и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Fontana, 16 октомври 2018.

  1. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Ме интересираат ваши искуства, дали е пречка за забременување хашимотото, колку е пострашна како дијагноза од самото намалување на функцијата на тироидната, или можеби не е воопшто, незнам.
    Се обидуваме веќе неколку месеци со сопругот, нареден месец сум на контрола, докторката не беше сигурна дали е хашимото, ќе ми потврдат следниот месец со резултатите.
    Иако ми вели дека не е пречка за забременување, само на тоа мислам незнам зошто.
    Ве молам за искуства, дали треба да паничам или не :)
     
    На mariz и worrieddd им се допаѓа ова.
  2. cvekence123

    cvekence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е пречка за забременување,јас имам хипотиродизам од 10 год..без проблем останав бремена и само ми ја зголемија терапијата и одев почесто на контроли.. ќе биде се во ред :) со среќа и работете на случајот хах
     
    На ***Bony***, mariz, worrieddd и 2 други им се допаѓа ова.
  3. anita123

    anita123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    @Fontana кај секои жени е различно, мене ми беше висок тсх и пак останав бремена и тоа кога дознав ми беше многу висок за 10 дена ми се намали иако некои велат дека неможиш да останиш бремена ако ти е висок тсх , треба почесто да се контролира ..инаку за бременост е од 1,5 до 2,5 да се движи ..ама затоа опушти се не мисли на тоа примај од терапијата и се ќе биде во ред .. :) инаку за утеха мене ми се 1000 антителата и не знам како можи да се намалат немам пробано со ништо бидејќи сум бремена..
     
    На mariz, worrieddd и Fontana им се допаѓа ова.
  4. ДомаСоЛеа

    ДомаСоЛеа Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Имам Хашимото дијагноза од мои 18 години, совет од повеќе лекари ми беше ако сакам деца да работам на случајот пред да наполнам 30, никогаш не прашав зошто точно но повеќе жени кои ги познавам со иста ситуација имале спонтани абортуси на подоцнежна возраст. Бременоста и породувањето ми беа супер, со зголемување на дозата и поредовни кинтроли. Со среќа ;)
     
    На mariz, worrieddd и Fontana им се допаѓа ова.
  5. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    проблемот со тироидната го открив послем првото породување со второ останав бремаена непланирано од прва мислев дека нема шанси да се фати на последен ден од менструација :D бременос имав нај нормална само ми ја зголемија дозата на еуторокс
     
    На Martka, mariz и worrieddd им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    76.232
    Пол:
    Женски
    И јас сум со таа дијагноза, две бремености истерав од кои првата не ми беше сеуште откриено. Имав помачна бременост, тахикардии, нервози, нонстоп тешко и лошо ми беше, што може се должеше на тироидната, но може и не. Таа бременост ставив и 30+ кг, а не јадев толку многу, за толку да качам... Открив кога се породив, антителата ми беа тогаш 600, кога и да проверев од кога почнав терапија се 150,200. Втора бременост ми беше песна, со тоа што дозата ја зголемија на Еутирокс, како да не бев трудна, ептен убава лесна бременост. Имав скроз ослабено од првата бременост и качив само 15кг некаде, по породувањето одма 10 бев минус.
     
    На Martka, ДомаСоЛеа и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  7. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на инспиративните приказни девојки :) Се надевам се ќе биде ок и со мене. Ве гушкам :inlove::inlove::inlove:
     
    На Martka, mariz и ДомаСоЛеа им се допаѓа ова.
  8. ДомаСоЛеа

    ДомаСоЛеа Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Мене ме води интернист др Галев ординација Интер-ехо во Кисела вода, работат со фондот и знаат што прават, многу сум задоволна.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Јас сум со хашимото неколку години, со терапија се средува. Пред да останам бремена ми ја регулираа со 100ка еутирокс, сега во бременост имам на секои 6 недели испитувања дозата ми е 150.
    Се зема како причина која го отежнува забременувањето. Треба да се регулира пред бременост зошто може да дојде и до згинување на плодот ако е нерегулирана.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    18.276
    Јас не знам што е хашимото :$ но имам проблем со забременување заради тироидната, имам намалена работа на функцијата. Пијам терапија скоро 5 години (Еутирокс од 50 и 75мг.), во последните година ипол ТСХ ми се движи околу 2, до 2.50. 6 месеци пробувавме со сопругот за бебе и откако видов дека не оди отидов на гинеколог, ме прати да испитам хормони и таму изненадување ТСХ 7.7. Таа вели дека можеби се зголемил заради стресот дека сум била во исчекување. Интернистот ми смени терапија наместо 2 пати неделно да пијам од 75мг, да ги пијам 7 дена во неделата. После точно 1 месец одам на контрола (пратена од гинеколог) на 3 ден од менстуација ТСХ ми е 5.2 . После 3 дена правам уште едно испитување (од интернист) ТСХ ми е 4.6. Е сега интернистот ми даде терапија 5 дена од 75мг, 2 дена од 100мг. Она што ме интересира е дали има некоја со слично искуство околу тироидна и забременување, за колку време спаѓа хормонот за да дојде до посакуваните 2/ под 2? И искрено ме плаши дали откако ќе останам бремена (дај боже) ќе остане зголемена терапијата или повторно ќе се вратам на 50/75мг :(

    Се извинувам на долгото мислење, само не знам веќе што да правам со себе и со оваа тироидна жлезда ми иде да ја откорнам и да ја фрлам;(
     
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja тироидната има влијание али не е ограничувачки фактор за бременост, односно не е само она крива што не можеш да забремениш иако е дел од факторите кои влијаат на тоа.
    Хашимото е твојата работа на тироидеа плис антитела кои ја напаѓаат да ја убијат. Тоа е полоша комбинација од твојата.
    Се средува дозата за месеци, кај некои и со години зависи кои други болести ги имаат.
    Мин. 6 недели за да се види дали дозата е доволна слаба или голема.
     
  12. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Stresot mnogu vlijae na tiroidnata prekini da se nerviras i da si pravis stesovi sega sekoj vtora zena ima problem so tiroidnata toa ne e boles i ne e precka za bilo sto toa e sostojba.Tsh najdobro e da ti bide okolu 2 maksimum so dozata toa ke go reguliraat i koga ke ostanes bremena sekoj mesec se pravaat kontroli dozata moze ke ti ostane ista i vo bremenosta i moze ke ti ja pokacat zavisi od hormonite jas imav naj normalna bremenost nikakvi problemi nemav sekoj mesec si pravev kontroli. Samo mnogu e bitno da ne si pod stres i da se opustis isto i za bremenost mnogu vlijae stresot
     
    На Mydla и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    76.232
    Пол:
    Женски
    Ако антителата ти биле океј, не си хашимото, тие со хашимото и доживотна терапија ке си имаат...
    Мене во бременоста ми беше цело време над 3, 3ипол, бебушка е здрава и права, а мислам и со толку останав бремена, па рипна и повеќе, ама се симна пак :) И во бременоста се зголемува дозата обавезно...
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    18.276
    Кога отидов кај гинекологот да прашам што би можело да е проблем што не можам да забременам, прво што ни кажа е јас да испитам хормони,сопругот да направи спермограм. Неговиот резултат беше одличен, кај мене ТСХ беше проблем. Дали освен тоа сметаш дека треба друго некое испитување да направам во меѓувреме?
    @mariz лани исппитав антитела, немам.
     
  15. anita123

    anita123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Во бременост терапијата се зголемува не се замарај многу со тероидната опушти се и пијај ја терапијата и селен и уживај .. колку повеќе мислиш не чини, варира секој сат а терапијата делува најмалце за 15тина дена и заборавив кога ќе имаш менс не испитувај тогаш мислам дрка послр тоа е подобро ..имам пишувано и погоре мене тсх ми беше 29 а тогаш фознав дрка сум бремена ..
     
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Има многу испитувања ако сопругот ти е во ред кои се прават мислам после година мин пробување за бременост.
    Во прва рака ти е стресот кој ти ја нарушил тироидеата. Опушти се и не влегувај во сексуален однос со цел. И домашен миленик помага во спремањето на телото, добиваш други емоции и оние хормони за благосостојба растат.
    Ќе ти каже гинеколот кои се испитувања или консултирај се во темата за поддршка за забременување.
     
  17. ДомаСоЛеа

    ДомаСоЛеа Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Јас имав тсх во нормала година дена пред бременоста и не повеќе од 5 во текот на истата. Забременив од прва, и до петта недела мислев дека друго е во прашање не правев тест од што не ми беше верно дека може така од 1 пат
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lizaname

    lizaname Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Не се плаши и размисли да не се фокусираш околу хормонот нин стоп, јас ја имам и веке 6 години со терапија со тоа што веќе се имам посмирено дека доживотно ке си пијам етирокс и толку повеке внимание не обрнувам. Во однос за бременост влијаат многу фактори, по мене тероидна треба да ви следат на ендокринологија зашто се многу поискусни од обичните интернисти. Влијае и стресот најмногу на забременување а врз основ на тоа и на останатите работи варираат. Треба без стресот и напнатост да работиш на случајот да не се оптеретуваш, неможеш нон стоп крвна слика на тероида да правиш треба и останатите хормони да направи хсг обавезно па понатаму зависи од резултати.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Јас имам Хашимото и уште од сега ми е во мисла дали ќе можам да забременам оти кажуваат дека има влијание. Но, се тешам со позитивни случаеви.
     
    На ДомаСоЛеа и kiki4ka.a.a им се допаѓа ова.
  20. ДомаСоЛеа

    ДомаСоЛеа Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ми кажуваа лекарите дека многу зависи од возраста. Ако си под 30 години ризиците се многу мали. Јас на 27 забременив од прва
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.