Хајлајтер (Highlighter)

Дискусија во 'Лице' започната од koritsaki, 28 февруари 2015.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.426
    Допаѓања:
    63.671
    Пол:
    Женски
    Пребарав низ форумот и видов дека нема ваква тема ако некаде има префрлете ми го мислењето :hai:

    Какви хајлајтери користите? Јас не користев никаков хајлајтер досега бидејки и така имам мрсно лице и мислев дека уште толку помрсно ќе ми излгеда со хајлајтериве :lol:но пред неколку дена една девојка ме шминкаше и ми го нанесе хајлајтеров на Benefit watt`s up што е во форма на стик

    [​IMG]
    и премногу се изненадив како убаво ми беше лицето, па секако кога ќе начекам попуст ќе си го земам , зашто скапичок е :nod: прво ми го нанесе хајлајтерот па потоа со сунѓерчето од другата страна на хајлајтерот ми го изблендира и што да ви кажам цел ден лицево во огледало си го гледав :l::D

    Исто така ми се допадна еден друг хајлајтер а е далеку поевтин и е во форма на крема Hard candy glow all the day , често гледам го користи јутјуберката Amy Macedo , но незнам мислам дека на крај за првиот ќе се одлучам :)

    [​IMG]
     
    На eta, LaraSolare, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.971
    Допаѓања:
    72.516
    Пол:
    Женски
    Ги имам хајлајтерите во прав на Аура и оној кремастиот на Есенс. Од Аура сум многу позадоволна, затоа што доколку не сакам некој повпечатлив изглед и контури, си го нанесувам посветлиот како замена за руменило и ми стои добро, не блештам од далеку.
    Есенс не ми е толку по вкус, премногу се познава на дневна светлина без разлика колку ќе го изблендам и не би го купила повторно, дури и не знам дали ќе го потрошам, единствена добра намена на овој светлиот е кога го нанесувам минимално под веѓите, кога се шминкам за навечер.
    Го пробав и јас овој од Бенефит, ама навистина не ми остави некој којзнае каков впечаток. Дури можам да кажам дека ме разочара, очекував многу, многу повеќе.

    Не знам, ова со хајлајтерите ми е тотален лигавежлук, се знае дека природен хајлајт се прави со светол коректор и тоа е тоа, нема потреба од никакви светки, матови, глупости. Хајлајтерот ми е најнеомилен дел од декоративата, поготово овие хајлајтери во ваква форма по кои се попалија сите блогерки, шминкерки и остатокот од фелата.
     
    На Hopelessgirl, Nausicaa, ivancekitty и 7 други им се допаѓа ова.
  3. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.706
    Пол:
    Женски
    @Mishela постои ли воопшто некој козметички производ што не си го испробала? :D
     
  4. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    35.352

    @Mishela Исто мислење делам во врска со кремастиот хајлајтер на есенц, никако правилно да го нанесам ни со прсти ни со четка многу ми се познава а и не ми се допаѓа ефектот. Ама за под веѓи е сон, прво нанесувам коректор да ја оформам убаво веѓата после многу малце од хајлајтерот и многу убаво изгледа. :) И да хајлајтерите во прав се многу подобри, јас лично некогаш и како сенка ги нанесувам :lol:
     
    На ivancekitty и Mishela им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.971
    Допаѓања:
    72.516
    Пол:
    Женски
    Да, фарба за коса. :D
     
    На medena123, gumicka, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.149
    Допаѓања:
    27.129
    Пол:
    Женски
    @Mishela Да знаеш дека ништо не си пропуштила.
    Според мене, нема подобар изглед и начин на одржување од природна боја на косата. Но, секој има различни мислења. Некои сакаат да направат промена, а други немаат друг избор кога ќе се појават седи влакна, освен промената да ја заменат со честа употреба на бојата, како што сум јас. Толку често ја бојадисувам косата, што не дозволувам да се забелажат несаканите влакна, па останатите не ни знаат дека имам седи влакна, нормално, ако не кажам.
    А процесот за уредна коса, бара повеќе нерви, отколку време ]:)
    И кога ќе прочитам дека некој не ја бојадисува косата, се воодушевувам. Мој совет е да продолжиш така додека немаш вистинска причина за промена на природната боја.
     
    Последна измена: 3 март 2015
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    9.641
    Девојки, а што е разликата меѓу highlighter, luminizer и illuminator? Постои реална разлика меѓу последниве две или се слични, да не кажам, исти продукти (со иста функција)? Според мене, некако се преклопуваат и испреплетуваат во функцијата т.е ефектот што се постигнува со нив.
    И кој е најсоодветен за комбинирана кожа?
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    6.588
    Еве ти линк, овде баш е убаво објаснета разликата.
    http://hauteinhijab.com/2015/02/17/highlighter-vs-illuminator-aka-luminizer/
    Мал извадок само.
    Имаш тука и некои предлози дадено.

    Инаку јас многу сакам вакви производи. Не се согласувам дека со посветол коректор се постигнува истиот ефект, барем не оној јас што го барам.
    [​IMG]
    Со оглед на тоа што не сум фан на матиран изглед многу ми се допаѓаат такви производи што даваат убав и дискретен сјај на лицето и му даваат одморен и свеж изглед манипулирајќи со светлината.
    До сега имам користено три производа од ваков тип. Хајлатерот од Аура со бронзеникав сјај, едно како бисерест сјај што дава од Physician's Formula и Touche Éclat - Radiant Touch od Yves Saint Laurent.
    Сите даваат тотално различен ефект и од сите сум била задоволна, со тоа што тој луксуз од YSL не би си го дозволила повторно.
    Хајлајтерот на Аура мислам дека на сите ви е доволно познат. Јас го користам преку ден самостојно без руменило, а навечер врз руменило. Некогаш го ставам и на очниот капак. Не се праши, долготрајно е и ефектот може да се надоградува.
    Тоа од Physician's Formula е околу 13 долари и има бисеникаво сребренкаст сјај. Доста е пигментиран, не е прашлив и долготраен е. Треба многу да се пази како се нанесува затоа што ефектот многу лесно може да стане лампион. Воглавно одговара на посветол тен, додека за потемен мислам дека имаше нешто што удира по накај бронзено. Многу ми се допадна, би сакала да им ги пробам и другите производи, имам намерачено неколку бронзери.
    Еве некое сликиче.
    [​IMG]
    И еве го ефектот со умерено нанесување. јас не сум волку светла, но не можам да најдам некоја подобра слика.
    [​IMG] [​IMG]


    Тоа пенкалцето од YSL
    [​IMG]
    од една страна важи за Must have производ, од друга стана е прогласен за еден од најпреценетите производи. Јас каде сум во овие размислувањеа, па некаде на средина :lol: Чини околу 40 долари и достапен е во повеќе нијанси. Мојата конкретно не ми текнува го користев пред 2 години. Ако му ја фатиш поентата и ако не го користиш како замена за коректор, ќе има ефект, во спротивно ќе бидат само џабе фрлени пари. Додуша јас секако не би си го дозволила повторно затоа што има доста слични производи на пазаров по многу пониска цена. Не е толку спектакуларен ефектот за да дадам толку пари. Скоро видов дека од Catrice има вакво нешто во две нијанси, баш читав една хрватска блогерка го фалеше доста.
    Четкичето е ок, се стиска едно копче за да излезе течноста и со таа количина сите критични точки на лицето може да се поминат.
    Дава посвеж изглед на лицето навистина без да се примети дека воопшто има нешто, ефектот е многу природен и кој е фан на ваков изглед би му препоачала да проба нешто слично.
    Еве едно видео каде што убаво се објаснува како правилно да се користи.
     
    На Emaema, el3na, LaraSolare и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Згодната

    Згодната Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    se prodavaat vo parfimerii ili?
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.426
    Допаѓања:
    63.671
    Пол:
    Женски

    Ги немa oвие хaјлaјтери вo мк..бенефит нaјблиску вo грцијa имaш a другиoв oд ибеј мoжеш дa гo пoрaчaш
     
    На joy1 и Згодната им се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    4.665
    Пол:
    Женски
    @Mishela Која е цената на хајлајтерот од есенс?
     
  12. dottie

    dottie Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2015
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Јас го имам од Аура и сум задоволна :l:
     

    Прикачени фајлови:

    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    35.352
    Имам неколку пробано и тој од есенц soo glow е многу добар, малце е потежок за користење ама ефектот е предобар, како да имате користено некој многу скап производ а и на слики изгледа предобро.
    Исто така во последно го користам и на Аура, и тој е прекрасен и предобар ефект дава на лицето а цената е смешна. Еве линк да видите како стои на лице ефектот е предобар
    http://rosee96.blogspot.com/2015/08/aura-glorious-cheeks-highlighter-review.html
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    А кој е тој на есенс од кој не си задоволна?
    Баш сега ја читам претходната страна и ти и Мишела имате искоментирано негативно за него. Има неколку од есенс ?
     
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    35.352
    @simoncelicius Не без задоволна затоа што незнаев како да го користам и ми се собираше чудно над образите затоа што го нанесував со четка и нанесував многу па светев, и после на едно видео од една блогерка видов како правилно се користи и од тогаш ептем ми е добар. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    32.062
    od kade go zema?
     
  17. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    1.533
    И јас го земав хајлајтерот на Аура 219 Golden spice. (На сликата е првиот)
    Не знам дали малку ставив но неколку пати тапнав со четката и не е многу да не речам ептен минимално е пигментиран. И повеќе е како руменило со некои дискретни светки отколку хајлајтер..
    Го ставив денски и воопшто не се забележуваше, нема некој забележителен сјај како што очекував.
    Наредниот пат ќе пробам од кремастите на есенс, овој не ме воодушеви но за цената и нема што да се очекува особено.
    [​IMG]

    Може ли некој да ми каже која е разликата помеѓу highlither и luminizer?
    Гледам по јутуб повеќе ги фалат овие вторите а и некако поголем сјај даваат, дали може кај нас да се најде? :?:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.007
    Хајлајтерот е за да осветлиш делови од лицето.
    Луминајзерот е за да ти даде сјај, светки, glowy изглед, затоа се такви светкави, а хајлајтерот може да е мат, значи без светки и такви работи.
    Како и да е имаат различна намена.
    Луминајзерот се става на јаболчниците одкако ќе се контурира и ќе се направи хајлајт, и после руменилото се става или самостојно. Значи повеќе му е намената како руменило да се користи, а не за да се истакнат контури.
     
    На Mama25 и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    16.876
    Пол:
    Женски
    Имаат аура и течни илуминатори сега, само не знам како би стоеле на комбинирана кожа. Има некоја искуство со нив?
    044.JPG
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.987
    Пол:
    Женски
    Јас ова илуминаторов на Catrice го пробав набрзинка на рака и преубав е... го има ли некој користено подетално да каже како е задоволен?

    highlighter Collage.jpg
     
    На SV1911, Mama25, Ana-Marija24 и 3 други им се допаѓа ова.