Ретко кој не посетува козметички салон во денешно време, посебно за празници и специјални прилики. Шминка, третмани на лице, педикир, маникир, солариум, масажа, депилација, обликување на веги итн. Да споделиме мислење за хигиена на инструментите, алатките, садовите. Колку сте задоволни од нивото на хигиена која ја практикуваат самите вработени и општо во просториите. Кога се прават третмани каде се користат игли, ножички, клешти ризикот се зголемува бидејќи со секое оштетување на кожата се дозволува пренос на бактериски и габични инфекции, посебно кога не се работи во хигиенски услови. Ги исполнуваат ли стандардите овие салони кога станува збор за менување на ракавици од еден клиент на друг или се работи со еден пар цел ден или воопшто не се работи со ракавици? Освен прскање со алкохол дали се користи и друг начин на стерилизација на алатките во посебен стерилизатор? Една крпа додека не се извалка па да се види со око и тогаш да се смени или да ја завртат од друга страна? Користат ли разни видови материјали за една употреба или едно за повеќекратна употреба?