Можеби има ваква или слична тема, незнам, но морав да пишам оти денес повторно, по милионити пат, се разочарав од нашиот Македонски менталитет..значи навистина сме луѓе без обзир, без свест, само сме лакоми за пари, а дали некому ќе му го нарушиме здравјето или некој поради нашата негрижа ќе закачи бактерија, воопшто не ги засега. Денес бев на пазар, требаше да земам ореви и некои други продукти и кога гледам еден постар човек како ја збрца цела дланка во кутијата со ореви и ги превртува низ прсти..Го прашувам чоекот оти така прави и дека не смее со рака да буричка во оревите, но добив одговор дека прегледувал дали имало многу лушпи во нив. Како што ми пукна филм, кој знае што се пипал со тие раце, ја прашувам продавачката зошто не ги покрие сите продукти што и се изложени со прозирен целофан, фолија, да ги заштити од прашина, од плуканици, кивавици..нели сешто минува во нивна близина...и, вообичаен идиотски одговор, да си одам на друго место да купам и да не зановетам многу, да погледнам дека никој ништо не покрива, дека и сирењата, кашкавалите, маслинките, дека никој ништо не им става одозгора Притисок ми се крена и ништо не купив, отидов во рамстор и од таму пазарев. Прашањето ми е дали имаме ние воопшто во оваа држава санитарна инспекција?
Јас се прашувам кој уште купува така од по пазарите маслинки, сирење, ореви и што уште не, што не е покриено и што не може да се измие како што треба. Па кога ќе поминам покрај тие тезги со маслинки, сирења од мирисот ми се лоши, а уште и кога ќе ми текне колку е нехигиенско што ги фаќа прашина, муви и разни други инсекти ги лазат, па некои и така ќе испофаќаат со нечисти раце како тој оревите, па не ми текнува да купам од пазар. Подобро гладна ќе бидам... Јас секогаш купувам од продавница претежно гледам да е фабрички спакувано, но купувам и на мерење зашто знам дека во продавниците се внимава на хигиената.
Не купувам намирници на пазар, ама не од овие разлози. Скроз ви е погрешно размислувањето дека ако е фабрички е хигиенски. Напротив, не сте биле во погон на производство да видите како и во кои услови се одвива процесот и како сето тоа е нашминкано убаво и како санитарна замижува пред недопустиви ствари.
Вашите баби и дедовци дирекно од бавча јаделе, некогаш и без можност да ги измијат овошките или зеленчукот па како што гледам ќе ги надживеат и своите внуци. Боже сачувај сте, не ви било убаво од пазар а од маркет гмо боље ви е. Море ако малце е, додека има овци и волна ќе има.
Знаеш воопшто што е гмо, како влијае на организам, структура да ми опишеш на тие растенија...итн? Гледам стално спомнуваш по некои теми, а очигледно само си слушнал негде нешто.
Овој на пазар доматите со семе од она што од Ацтеките го донеле ги расне Во склоп на темата: хигиената на пазарите е на многу ниско ниво. Посебно кај што се продава свежо месо, риби, сирења. Хигиената во маркетите е на ниско ниво, имам пишувано за тоа и претходно. Хигиената во погоните на фабриките и на ниско ниво. Бирајте кое е помало зло...
Од пазар месо, млечни производи не купуваме веќе со години..Тоа сѐ од маркет. Не се што е на пазар од овошје/зеленчук е здраво, право и од бавча извадено.Кога можеме и пролет/лето земаме од пазар да.Зимно време и онака се расте под пластеница купуваме од маркет, не се лоши кај нас овде сооглед на тоа дека за до пазар треба кола да запалиме (а јас и мајка ми не сме шофери а господинот не може секогаш).А дека е одвратно одвратно е..на Буњаковец како мала ме носеа, мириса на се и сешто муви лазат плукаат, какаат.. Затоа убаво ги миеме и овошјата и производите, неќам ни да помислам каде се не бил пример патлиџанот пред да заврши на мојата маса. 100% органски, чисто и здраво мало морген освен ако не живеете на село или немате своја бавча.Многу работи се ГМО за да бидат убави на изглед ама вкусот
Ти изгледа не си била на погон каде што се пакува храна. За 10 пати полошо од тоа на пазар. Јас во Чешка кога влегов во фабрика за пиво ми идеше никад повеќе да не ставам пиво во уста а па не праиме муабет како е со други производи.
Да знам, на кратко ќе кажам дека уопште не е добро. А можеш да препознаеш по декларацијата на производот само треба да се прогугла малце. Ама штом ви прија ГМО нема потреба.
Не сум била. Инаку не дека ни прија ГМО туку не лаже изгледот, научени сме да ја ,,бираме книгата по корицата” а и тоа е тоа што ни го пласираат на пазарот.Не секој може дома да си одгледува. Дај му на мало дете црвосано јаболко ќе ти го фрли дај му здраво јаболко ќе ти го изеде..така е и со постарите иако знаеме се
Овошје и зеленчук почесто од маркет земам, но и од пазар понекогаш и секогаш имам различни искуства. Еве последниов пат се погоди јаболката од пазар да не се вкусни, како да не се јаболка, како вештачки. А од маркетот ми беа превкусни. Но секогаш различно. И јас не би купувала сирење, маслинки и сл од пазар, јер се знае хигиената каква е. Такви работи само од маркет. Овошјето и зеленчукот се мијаат и лупат така да нема да ги внесиш како "директно од бавча", и плус и по маркетиве се фаќаат со раце, не само в пазар. Ние имаме можност за преку лето да садиме домати, пиперки, краставици и има разлика многу од купечките, сепак домашно си е домашно и само ти знаеш низ што поминува плодот.
Ajде еве објасни ми зошто не е добро и што се случува на молекуларно ниво ако знаеш. А би јадела ти позеленет компир кој стоел на сонце? Не ми е целта да речам дека гмо не е штетно. Туку да не зборите на тема за која немате доволно познавања.
Да е последно ќе го јадам хахаја реков дека и ние знаеме колку е лошо. Не сме сите на ПМФ за да сме добро уходани за ГМО.Знам што е знам дека е штетно знам дека е презастапен кај нас и тоа е тоа. Да навлагам во молекули и глупости не сакам не ме ни бива, слабо хемија.
Остави нека мудрува, не ми ја сфати поентата. Некад не е потребно да имаш професионални познавања за нешто за да знаеш што е добро а што лошо ама ајде.
Не би купила млечни производи од пазар, највеќе заради тоа што допираат пари, па храна. Парите ми се најгадни, може некој у гаќа си ги чувал. Ореви - и други јатки - си зимам од Кам, најевтини ми се таму. Којзнае од кај се донесени и кој ги пакувал. А друго си зимам од пазар, обожавам да си роварам. Факт е дека има некултура, но едноставно е пресликана од секое друго место во државичево. Во ресторани и пекари подобро да не знам како е оти нема да седнам да јадам. Патем, порано бев многу гадлива, се' додека не направив мало истражување и не сфатив дека секаде има бактерии. Ама буквално. Телефонот ви е погаден од вц-школка, исто и прекидачите за светло, кваките, тастатурата, шишиња за вода, четката за заби (на која има фекални батерии што се “распрскуваат“ кога пуштаме вода), јавниот превоз, теретаните, итн. Инаку, да не звучам многу new age, ама баш многу алергии, интолеранции и општо болести на 21 век се предизвикани од желбата да бидеме целосно стерилни и бактерии-фри. Ок, многу њу ејџ звучам ама да, и ја не би да фанам салмонела, па се трудам да пазам ама без да забегам.
А кој умрел од ореви фаќани со гола рака, тоа да ми е да знам? У ресторани јадете јадење на земја шо паднало, пиете од лименки серени од пацови со месеци у магацини... И еве ве тука, цепидлачите... Живот иде даље. Поздрав.
Баш истото сакав да го кажам. Од толку препи*вање де ова да не јадам, де бактерија ваква, де нечистотија тука има ми се повраќа.
Ретко одам на пазар. Не сум сретнала некој да фаќа овошки со гола рака. Не е баш пријатно некој така да те услужи.