1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хиперманган

Дискусија во 'Бебе' започната од bluberry, 18 јули 2013.

  1. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    345
    Здраво мамички,
    сакав да ве прашам дали користите хиперманган при бањањето на бебето?Сметате ли дека треба да се користи?Дали вашите мајки го користеле?
    Значи пишете ваше мислење во врска со користењето на хиперманганот.Поздрав
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.301
    Допаѓања:
    200.505
    Пол:
    Женски
    Хиперманганот (калиум перманганат) е дезинфициенс и се користи за одмивање само ако има потреба, на пример при изразен пеленски осип, бактериски осип на телото и слично. Кај здраво бебе без проблеми не се користи воопшто.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    A за воздрасни? Мене гинекологот ми го препорача, барем еднаш неделно да се премивам со него, зашто од геловине па и од оние бебешките за интимна хигиена некогаш чувствувам непријатен сврбеш.
    Го користам ама не често, еднаш во 2 недели ама пак си играм играчки со геловине некогаш по грешка, во брзање...

    Знам со чај од камилица е најдобро, ама со хиперманган ми е послесно и побрзо.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.301
    Допаѓања:
    200.505
    Пол:
    Женски
    Може да го користиш за одмивање на интима, но не секојдневно, само по потреба. Продолжи си така. Камилицата не дезинфицира како хиперманганот, само помага кога има иритација. Јас така го користам ако имам мака. Инаку не.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Annath во вторник сме на контрола за овие ко божем врукици ама изгледа неке да е тоа постојано стојат не ги снемува, и се погадни стануваат. Во аптека ми препорачаа течна пудра ама тоа нели е за сипаници ?
    И си мислев да ја истуширам со хиперманган ?? или сепак да чекам да видам во вторник што ќе ми кажат. Уствари знам дека ќе ме пратат на кожно ама мислев пред да одам со ова да пробам. Твое мислење ?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.301
    Допаѓања:
    200.505
    Пол:
    Женски
    Ако си ги мачкала со павловиќева, сигурно дека ќе се влошат. Пробај туширај ја малата само со чиста вода, помалку облекувај ја, не ставај ништо на исипаните места, ќе се повлече само. Ако и покрај тоа се влоши, можеби станува збор за бактериска инфекција, па тогаш е пожелно да се користи хиперманган во туширањето, за дезинфекција. Само внимавајте на растворот, не го правете многу концентриран, за бебиња треба да биде розеникав.
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    48.173
    Пол:
    Женски
    Јас го користам како средство за дезинфекција ама не многу често.Мајка ми пред една недела ми ги мачкаше стапалата со хиперманган пошто имав некоја како алергија(најверојатно од едно маче улично што ми се копешкаше околу нозе). Многу ми помогна али после тоа бојата вадење со полиција. 2 дена нозете црни,дечко ми ме зезаше дека сум како сељанче од нива што дошло. :(
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено и здрава, не многу често, но повремено ДА. Сега гледам и снаа ми го користи за внука ми еднаш на две недели. Многу корисна работа.
     
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Ја мачкав со павловичева само на газето, на тие врукиците или што и да се не сум им ставала ништо освен еднаш бебешка пудра. Почнав по 2-3 пати на ден да ја туширам и фала богу почнаа да се повлекуваат. Сепак пак ќе ја однесам на контрола за да бидам сигурна. Ти благодарам.
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.945
    Допаѓања:
    256.219
    Пол:
    Женски
    Уф сега ме ставивте во мисла, јас на малата до кај 8-9 месеци и ставав по неколку зрнца во кадата на секое бањање. Проблем не сме имале со кожата до сега.
    Се надевам не сум погрешила многу. :(
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.651
    Допаѓања:
    99.601
    Пол:
    Женски
    Малата на сестра ми во секоја вода на почетокот и стававме по сосем малку хипермарган, да му дојде боја како црвена расолница, розе всушност. Јас знам дека е добро за дезинфекција, се разбира да не се претерува.
     
    На ♡BuBaLe♡ и tessie им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Кога се породив со ќерка ми, породувањето беше во соседниот град бидејќи во нашиот се реновираше болницата, па таму беше хаос, гужва,нехигиена, негрижа од страна на вработените, јас со царски, прво дете, препуштена сама на себе, во крвави чаршафи..... како и да е, тоа резултираше со кожен осип на ќерка ми, така не отпуштија и рекоа барајте чаре на педијатар, 4 дена бебе јас со резот.... и одма лежевме на детско, не нзаеа што и е, па ја лечеа со најјаки антибиотици со инфузии во главчето, плачам ко ќе ми дојат сликите од тоа. Ипо два дена голгота мм конечно донесе еден кожен лекар, тој рече одма земајте си го детето пд овде, дома со хиперманган капење и за два дена и помина. Од тогаш често ги капевме двете со хиперманган, ради дезинфекција, секако без претерување.
     
    На Sara.C и galapce им се допаѓа ова.
  13. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Ние ставаме на крај во водата кога ја плавиме и немаме сега никави брунчиња.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sara.C

    Sara.C Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Моето малечко има 4 дена уште во втората ден почнаа да му се појавува црвен осип прво во пределот кај памперсот сега и кај ноџињата и стомачето а сега веќе сме дома ..што ми препорачувате за малечкото може да користам хиперманган или и друго нешто?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.301
    Допаѓања:
    200.505
    Пол:
    Женски
    Мало е за тоа, хиперманганот ја суши кожата. Прво видете од што е осипот, да не е од пелени или влажни марамици. Педијатар ќе ти препорача нешто ако има потреба.
     
    На Sara.C му/ѝ се допаѓа ова.
  16. peperutche21

    peperutche21 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.004
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, јас користам хиперманган ми го препорача доктор, ама после употреба многу ме чеша дали премногу ставам од него или ... незнам, ваше мислење ?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.301
    Допаѓања:
    200.505
    Пол:
    Женски
    Многу ја суши кожата внимавај. Многу малку се става, водата во која е растворен за плакнење треба да биде светло розова. Дезинфициенс е, и не е за секојдневна употреба.
     
    На peperutche21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.583
    Пол:
    Женски
    @thelittle17 читајќи те во итно за бебиња ми текна на ова, па имало и тема.
    Мене мојата стара матична ми го препорача и за пеленска а и за мене за постпородилно за раната (епизитомија). Само што за бебето немав потреба ама еве ставале други. Или прашај аптека /матичен дали може.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Го миев 3 дена, немаше ефект, а ми рекоа да не претерувам зошто може да направи проблем и да ја исуши кожата. Не знам веќе, се нервирам многу дека му е вака..
     
  20. Leksikon

    Leksikon Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    491
    Со правилно растворен да не е јак нема да има проблем. Се разбира дека ако има потреба од дезинфекција местото...јас сега те прочитав. Ама не сфатив кај е исфрлано бебето? Инаку хиперманганот се раствара не по мерка да речан зошто зависи колку вода имаш. Бојата на растворот треба да биде бледо розева-накај прозирна. Многу нежно розе боја значи.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.