1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хипи движење (Хипици - make love not war)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Abby, 2 август 2013.

  1. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Пребарував и мислам дека нема ваква тема. :)

    Хипи движењето се појавило во шеесеттите години во САД, како одговор на опаѓањето на христијанскиот морал. Политички, хипиците често биле инволвирани во мировни преговори и паради, од кои намногу се истакнува маршот против Американската интервенција во војната во Виетнам.
    Хипиците се познати по нивниот оптимизам, живеењето во комуна, идеите за универзална љубов, универзална влада и универзален мир.

    Нивната инспирација ја црпеле од улиците, источните религии (харе кришна), њу ејџ религијата (која имала за цел да ги спои сите светски религии во едно) и музиката (Битлси, Џенис Џоплин, Хендрикс..).

    Хипи модата и вредности имаа големо влијание врз културата, поп музиката, телевизијата, филмот, литературата и уметноста. Од појавата на широко распространетото движење во шеесеттите години на дваесеттиот век, многу аспекти на хипи културата беа асимилирани во доминантната струја на општеството. Религиозната и културна разнообразност што ја поддржуваа хипиците беше широко прифатена, а источната филозофија и духовниот концепт привлекоа голема публика. Завештанието на хипиците може да се гледа во современата култура во мноштво од форми - од здрава храна до музички фестивали, до современи сексуални обичаи (норми на однесување), па дури и до револуцијата во киберпросторот.

    Какво мислење имате вие за хипиците? Дали ви се допаѓа овој стил?
    Aa и ако некој знае ме интересира за flower power. :?:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми се допаѓаат. :)
    А за flower power,незнам. :(
     
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Не сум сигурна колкав е бројот на вистинските хипици денеска, со оглед на системот што владее - донекаде е невозможно да останеш прав хипик, слободен во мисла, слободен во се останато, да бидеш доследен целосно на она нивното, make love - not war или да живееш оптимистички до крајот. Убава идеологија створиле, ама јас денеска да верувам и да спијам на уво дека љубовта ќе го промени светот и да размислувам као се е добро, океј, сите сме смирени, приземјени, шарени и слободоумни, да пропагирам слепо мир и љубов у ова време и овој начин на живеење што ни е наметнат, ми се чини има уште во првата минута да скренам со паметот.

    Знам само дека е полно со wanna be хипици, со шарена панталона и цветич у коса и Џенис Џоплин наочарчиња, што идат у таков состав само за да дуваат и да си поминат добро, и тоа е тоа.. Што ми е апсолутно без везе...

    Пис!
     
    На 1209, WarriorAngel, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Интересен е :)