Самиот наслов кажува,а во последно време и е многу актуелен.Што мислите за овој стил и како ви се допага.Мене лично интересен ми е иако неможам целосно да го дефинирам.
Во скоро време дознав за името на стилот , иако одамна бев вљубена во некои парчиња во хипстерски стил.Стилот е прекрасен и бара храброст ,а во мојот град доколку би се облекла вака сите би ме гледале ко да сум дошла од марс ( смајли што се крсти ) .. Актуелен стана преку тоа кампањата на H&М Fashion against AIDS. Инаку стилот е многу познат низ светот но за жал кај нас е мал бројот на луѓе кои се носат вака.
Хипстеризмов не го разбирам како тип на моден тред, повеќе ми изгледа како тип на размислување. Може и јас сум грешка. Еве како ми изгледа од моја гледна точка денешниот хипстер кои сите сме го сретнале. "Деца" што го пропуштиле периодот на хипиците, децата на цвеќињата, копнеат по таа мода па еве ја вратија повторно како светски моден тренд главно претставен преку еден пар наочари кои секој што ги носи автоматски е кул, живее по негови правила, не се грижи за мислењето на другите и конечно излезе од "подземјето" каде што се криел задни 50тина години. Автоматски кул персона екстремно интелигентна која несака да се експонира ('cuz he know it before it was cool). Би дошло нешто како тогашните хипици само со некоја паричка повеќе. Зашто реално повеќето таа "старинска" облека ја купуваат од добро снабдени бутици по посолена цена. Машки примерок на модерен хипик носи тесни панталони, карирани кошули, маички со кул натписи или по некој срцепараќи цитат, старки, бибер фризура и најчесто е небричен. Женските пак изгледаат изгледаат мошне симпатично, секако со исклучоци, вратен е во мода цветниот дезен, се преферира изглед на "ученичка", пожелни се високи чорапи или надколенки, и секако панталони со висок струк Најважно е да имаш најмалце три парчиња на тебе кои не одговараат Да не мрчам многу не дека ми смета начинот на облекување, секој може да си тера свој стил, ама 90% од тие денес што се облакаат вака всушност одат во сосема спротивен правец од значењето што го има, а секако се прокламираат како хипстери. Носи што сакаш, слушај музика каква сакаш, однесувај се како сакаш - ама затоа што сакаш! а не затоа што е кул
Јас лично немам ваков стил,но немам ништо против.Има луѓе кои се облекуваат вака-и знаат да ги носат парчињата.ПОнекогаш знае и интересно да изгледа..
Јас лично сметам дека хипстерите немаат никаква врска со хипиците од седумдесетите години. Тоа било повеќе начин на размислување отколку начин на облекување иако и облеката била важна, нели. Читав некаде на нетов дека хипстерите уствари произлегле од популарните хипици од минатиот век, иако јас мислам дека сега немаат некои допирни точки, него се т.н кул деца што ставиле наочари на нив и ајде сега се хипици, хипстери или ватева.. А јас стилов не ни знаев дека е хипстерски ,повеќе го сметав за винтиџ мешан со рок елементи, што му даваат така по-edgy изглед. Мене тој 'хипстерски' стил каков што го знам јас ми е сличен во некои работи со бохо стилот, се облекуваат слободно, носат долги бели фустанчиња, цветни фустани, познатите наочарчиња, траки за коса, лесни сандалчиња, знам кај бохо интересни ми беа оние плетенчињата. Не сум до толку добра во деталите околу бохо стилот, зашто јас не го преферирам и не се носам така ама ова што е претставено на сликиве ако е воопшто хипстер стил мене ми се допаѓа и тоа многу, обожавам вака да се облекувам, имам сега купено неколку парчиња, што ми се винтиџ-рок така нешто, што потсетуваат на осумдесетите кога се правилно комбинирани. Гледам дека се присутни и tribal елементи, тие ми се хитче во последно време, многу ги сакам, е тие да, на маичка ми се поопуштена варијанта и ме потсетуваат на хипи, бохо.. Можеби сум грешка за одредени информации, незнам, прочепкав на нет и пишува дека хипстерите потекнуваат од хипиците, но всушност повеќето се тинејџери кој ги трошат парите на мама и тато за да купат кул парчиња со винтиџ изглед за да бидат поразлични од другите деца, слушаат бендови за кои никој друг не слушнал, воа ноа.. Нешто слично како што кажа и EmGreen. И повторно ќе кажам, стилов страшно ме потсетува на некои парчиња што јас ги носам и ги сакам, и дефинитивно знам дека некои од овие се многу повеќе винтиџ и рок отколку хипстерски, ама како и да е .
Јас живеам во мал град и кај мене има еден дечко што си го практикува стилов. Си почна полека-полека и сега си го има дефинирано до крај. И баш му стои. Алал да му е на храброста. Многу ме нервира бидејќи сите го гледаат како да е паднат од на Марс. Дечкото е супер, отсекогаш бил таков различен и не се вклопувал во средината бидејќи го има цел свет свртено, кај не е биден. Претпоставувам дека конечно се пронајде себеси во овој стил. Мене стилот ми се допаѓа, ама не ми стои некако. Имам некои парчиња дома што се хипстерски, ама онака нормално ги комбинирам, според мојот стил.
Го сакам овој стил, луда сум по него. Сакам вака да се облекувам, ама премногу сум мала. За некоја година-две и јас ќе се издвојувам од другите. Не е ништо страшно да си уникатен и поразличен од другите. И не ми е гајле што ќе кажат другите за мене, нешто од типот: Видете ја каква е, луда, ваква-таква, што ми се допаѓа тоа ќе носам. Јас им се восхитувам на луѓето со ваквиот стил, толку ми се симпатични, типски, креативни и убави. Браво за храброста! Иако нашиот град е мал, па ретки се ваквите. Спојлер -