Неодамна дознав дека во танцовиот клуб „Брејк а Лег “ има посебна група за мајките. Колку што прочитав по интернет, разбрав дека имаат освоено награди во државава, како и надвор од неа. Еве нешто повеќе: http://365.com.mk/223857/makedonskite-majki-rasturaat-vo-hip-hop http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=88B1EB85A097CA488735BF5BAA94ECC1 Еднаш мислам дека имаа нешто ко проба надвор, баш ги здогледав и супер се држат. Мене ептен кул ми изгледа ова, дури и на мајка ми и предложив да се запише ако сака. Што мислите вие?
Мене многу ми се кул такви жени што успеваат и на такво поле, што и покрај сите обрвски имаат време за тоа. Јас мајка ми не би можела да ја замислам така. Го гледав првото видео и баш се добри.
Ептен кул и за пофалба. Само во држава како нашава со скептици и ограничени мозоци тешко дека ќе има некој позитивен коментар . Секоја чест , конечно нешто поразлично.
Кул се навистина. Не значи дека ако се оствариле на полето родител и дека нивниот живот треба да заврши тука и да се запостават. Детето ќе биде посреќно доколку ги гледа своите родители среќни. А хип - хопот е само прашање на вкус.
Баш многу јако, Е нее, роди дете и запусти се домаа! Баш интересно, би сакала вака и јас Имаме право и на ваква работа, да си бидеме тинерџерки до крајот на животот
Епптен ми се смешни ама вие претеравте, ова се жени од 25 до 35 години според изгледот на сликата, а вие сите почнавте да ги замислувате вашите мајки кои се сигурно повозрасни.. во секој случај интересно посебно делот со тверкањето
Баш се кулл.Ги изгледав и 2те видеа и мислам дека е супер што се остваруваат и на други полиња во животот.Се гледа дека танцуваат со желба и се за пофалба. **Камо да ја убедам и мајка ми ..
Интересно. Баш ми се кул оние жени кои откако ќе станат мајки повторно умеат да најдат време за забава, излегување и дружба. Плус овие на сликава ми се гледаат и како доста млади. Ако некоја станала мајка на 20 години да не треба да се затуца дома и комплетно да се одкаже од нештата кои и прилегаат? Големо браво за сите оние со млад дух, искрено познавам таква жена која на свои 60 години се однесува како 20 годишна, има супер изглед и се облекува по најнова мода. И што е најинтересно и прилега. Многу им се восхитувам на сите оние кои си го прават она што ги исполнува без да се замараат со мислењето на останатите. И само да надополнам, одпосле ги погледнав видеата, прилично се успешни во она што го прават, секоја чест.