1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    А што правиме ако детето е нивно и не сака да живее со пар како нив,според твојава теорија,те молам објасни.
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    На крај на денот, многу ги гајле хомосексуалците што мислите вие за нив, да. Многу ги гајле магнолија шо ќе каже или па некоја сосем трета. Од мене имаат целосна поддршка. Се надевам ќе дојде кога ќе и дозволат да стапуваат во брак и се понатаму. Дека хомесксуални парови има на филмови, можеби. Ама, не знам шо би било проблем ако ги видете вие на улица со дете? Ќе ви смени нешто? Не.
     
    На mode-kristina, Astra30, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Трауматизирани од околината би биле од вакви како тебе,вие сте проблем не геј бракови со деца.
     
    На GirlRose, mode-kristina, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Не сме богови да одлучваме за другите и како другите да си го живеат животот додека нас к** не боли, еве најискрено, како некој си го живеј животот. Ни за вас на никој не му е гајле, зошто вас ви е гајле за другите? На крај на ден сите одиме дома и на крај на ден за нашето семејство не боли.

    За туѓото ве „боли“ само сеир ако е, да се потуфкате, посмејте или да се чукните по рамо дека сте напрајле нешто добро или сте спречиле нешто лошо - али по ваши убедувања! Ама за вашите убедувања на никој не му е гајле, како шо и вас впрочем не ви е гајле за моите убедувања. И то е сосем океј. Буквално се на шо ми се засноваат гледиштата е дека сме сите засебни индивидуи и мора да се негува таа индивидуалност. Најискрено, океј е да ти смета нешто и во твои очи да не е нормално или да не е добро. Шо не е океј е да мислиш дека имаш некаква моќ да определиш каков живот ќе има друга личност, независна, која не е дел од тебе и која не си ти. Оти само за себе можиш да одлучваш. Така да ПРЕКУ ако ви сметаат парадите. И ПРЕКУ ако ви смета давање топол дом на деца кои инаку би се влечкале во институции до недоглед. Не велам дека не можат да успеат деца кои останале по домови, само велам дека многу полесно ќе им беше и многу посреќни ќе беа да имаат некој, барем еден, кој ќе можат да го наречат родител и место кое ќе можат да го наречат свој дом.

    И вие сте проблемот! Детето ќе има проблеми со другите деца и околината од размислувања КАКО ВАШИТЕ, а не дека има две мајки или двајца татковци. ВИЕ зборате за проблем, проблем кој ВИЕ го правите! Ако си го соберите јазикот пред своите деца, вашите деца нема да прат нахнадна траума на туѓо дете. Дали било само ради чинот посвојвање или пак дека имаат хомосексуални родители. Следно, дете од хомосексуален пар, ако неќи веќе да е од хомосексуален пар посвоено нема да биди оти еден ден стана и реши дека сака да е од хетеросексуален пар. Тоа значи дека ропаци му имаат булинг правено дека не е „нормално“. И ова дете страда. Ама не страда ради хомосексуалните родители. Ради овие стрејт булис страда. А тие ропаци одат дома и се тапшаат дека направиле нешто добро. Муабетот од прв параграф ова. Ама не значи дека не треба некој да има семејство, или некој да смеј да се осмели да спречи некој друг да има свое семејство, то значи дека само мора да си смените односот кон околината ако неќите и по вас таа околина некогаш да плукни. Ако си брз да плукниш по некој, тие кои плукнале заедно со тебе, само чекаат прилика да плукнат и по тебе и по нешто шо за тебе е сосем океј и те прај среќен, ама за нив е нЕнОрМаЛнО.

    Баш моментално читам за нормалност на семејство и една од нормите, е нормалност како просек. Значи дека „нормално“ е она кое го прават поќето. А знајте зошто е многу опасна? Некаде е нормално да се тепаат децата. На друго место е нормално да се силуваат девојчињата. То е тој просек. Ама мислам дека сите сме доволно свесни да донесиме суд дека ништо од то не е нормално, ни добро, ни здраво.

    Убаво кажавте, сите сакаат новороденчиња. Со сите прсти на број. Оти едно не го земаа јер имаше вишок прст на нозете. И знам дека многу пати го имам спомнато ама секој пат ме боли ко ќе ми текни. И да не одиме на то зошто мора да се кажи на дете дека е посвоено, а не да се лажи ама то е скроз друга тема али ко прочитав и то имплицирано во некои мислења, дур во исто време искажвате некаква загриженост за деца - просто да не ти се верува и по малку ми се врати храната в уста. Као, јАс МнОгУ сЕ гРиЖаМ зА дЕцАтА и АкО сЕ зЕмИ оД хОмОсИ сЕ зНаЈ дЕкА е ПоСвОеНо, НаРоЧнО зЕмАт НоВоРоДеНчИњА зА дА кРиЈаТ ( читај: лажат) и ТоЛкУ сАкАм ДеЦа Шо ПоАрНо дА оСтАнАт НеСрЕќНи НеГо Да ДоБиЈаТ рОдИтЕл ( ова го слушам кога ве читам). Ова е грешно на неколку нивоа ама пак ќе речам, друга тема за муабет е и чинам имам пишано и за ова али со вакви теми, поќе од еднаш уста пена ми фатила. Ако ме цитирате на овај последен пасус, цитирајте ме во соодветна тема инаку нема да вратам. Неќам да забегам офтопик поќе од шо можи.

    Ајде вака, на неколку месеци да се олеснам на темава јер се воскреснува со работи шо ме фрустрират дур ги читам. А, истите работи се секогаш. Cheers. :d:
     
    На Astra30, smooch, mode-kristina и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    И зошто се избришани мислењата? :^)

    Ќе напишам пак.
    Многу си земате за право да тврдите што е исправно за теми кои се дискутабилни и се воведуваат како нови идеи во средина каде што живееме сите.

    Ниту сте живееле во место кај што има голем број хомосексуални семејства ниту па сте биле често во директен контакт и комуникација за да оцените кој како живее и дали е среќен/несреќен.

    А плус - и најбитно - за да се видат ефектите од нормализацијата на било која појава во општествово, треба да помине време пред да кажеме, аха добро е, супер е.

    Буквално сѐ ви се базира на претпоставки ама битно тука истото го презентирате како неменлив факт и нешто што не смее да се стави под знак прашалник зашто инаку си хомофоб и сакаш сите гејови да горат на плоштад.

    Пак ќе речам како прееска, малку спуштање на земја нема да е лошо.Ниту сте поедуцирани, ниту имате улога на просветители, а најмалку имате право да ограничувате кој што ќе кажува.За последново, знам дека тоа ви го полни егото, од авион се гледа, ама автоматски допринесувате за уште поголема нетолеранција кон хомосексуалците.

    Значи заклучок, има толку многу обиди да се протнат милион работи под превез на инклузија додека истовремено се става не само цензура на говорот туку и на критичкото размислување.Тоа е тоа што ствара револт и е понижувачко, а не самото постоење и толеранција на гејови или лезбејки.
    Да, овој последен пасус е најбитен, иако го почнав постот во контекст на дискусијата за семејство.
     
    Последна измена: 27 ноември 2020
    На mode-kristina и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Немаш право на критичко размислување на тема хомосексуалност, исто како што немаш право на критичко размислување на тема хетеросексуалност.

    Ти ќе си кажеш мислење и ќе бидеш повикана да аргументираш. Во спортивно мислењето не држи вода.

    Јас така си мислам и никој нема право да ме критикува... мхм, само ако мислењето ти остане во глава, посебно па за нечија сексуалност.
     
    На mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    Ти или не читаш или се правиш дека не разбираш.

    Постот ми беше воглавно за посвојување деца, зашто претходно се збореше за таа тема и на крај за сѐ што се протуркува во име на лгбт.Не за хомосексуалност како појава.
    Нагласив.

    И не, еве уште не сфаќам како си дозволуваш да им кажуваш на луѓе за што имаат право да размислуваат?

    Не е лошо и еден чип да ни стави Гејтс. :?:
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Многу добро разбирам.
    Дали да постои ин-витро?
    Дали екстремно сиромашни да раѓаат деца?
    Дали самохраните родители се доволни?

    Еднакво глупо прашање е дали поради својата сексуална определба некој е кадарен за родител. Оти истата не те прави лош или добар родител.
    Според тоа, критичкото размислување испрати го на екшуал битни карактеристики за добро родителство, а тоа не е сексуална определба на родителот, за неа знаеме веќе дека не влијае.
    Ама влијаат затворени во кутија умови што се мислат супериорни оти не се хомо.
     
    На Waverly Raven, mode-kristina, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Хомофоб во прикриена форма да ти било дефинитивно најлошо нешто...:x
     
    На Astra30, Waverly Raven, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    Воопшто не реков дека некој би бил лош родител само зашто е геј.Ама интересно ти е да извртуваш во своја полза, нели?

    Во првичниот пост убаво нагласив која ми е целта на напишаното.Ти мислиш дека деца што растат во истополово семејство по автоматизам нема да чувствуваат никаква разлика од деца што израснале со мајка и татко, јас ти викам дека тоа го заклучуваш само врз база на претпоставки, а не од прерходно искуство и спомнав дека мора да помине период за да се види дали тие одлуки се навистина во интерес на децата и дали може истополово семејство да биде на исто рамниште со хетеросексулно.
    Ок?
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Не, не е ок.
    Ама таква е кутијата. Не е до тебе.
    Рече некој погоре, хомофоб во прикриена форма, највистинско е тоа.

    Твоето критичко размислување поведува МНОГУ други теми за размислување, дали е еден родител доволен пример. Ама таму не чепкаме, нели?

    Нема подобро од родители кои те сакаат и сакаат да бидат родители. Останатото, ама се' останато, е споредно.
     
    На mode-kristina, Bezimenka90 и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    Да, да, сфатив, кутии, заостанати, хомофоби, без право на збор, неедуцирани, друго нешто? :?:
    Знам, не можат сите да бидат едуцирани, најтолерантни, најморални и најслободоумни души кои талкаат по суровиот свет со мисија да го просветлат народот и да го насочат кон модерно и правилно размислување.

    Дискусијава не е продуктивна, ќе беше ако упорно не настојуваше да останеш на површината на темата.Кој знае, можеби не ти е пријатно.

    Поздрав, ме викаат назад во пештерата (highfive).
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Па не видов да кажа некој аргумент на темата, освен желба да ти (ви) биде дозволено да блуете анти-лгбт низ призма на "грижа" за деца без родители.

    Еве јас не го знам твојот став на темата, освен дека те боли што хомофобијата обично не останува преќутена.
     
    На mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    Мислам дека убаво се изјаснив низ претходните постови што е тоа главно што сакам да го кажам.Мајка и татко градат различни и уникатни врски со децата и поради тоа сметам дека не може местото да им биде "одземено" туку така, и треба да објаснувам зошто е ова вака, како да е нешто ново? :)

    Убаво напишав, ти си сигурна во твојот став само зашто претпоставката ти е дека истополово семејство автоматски ќе им даде неизмерна љубов на децата.Океј, не го спорам тој момент, ама љубов не е аргумент ниту некој доказ дека дете растено од истополови родители ќе го има истиот развој како дете од хетеросексуални родители.
    Буквално истото го пишувам по трет пат, нагласувајќи дека темава е дискутабилна и треба да се види ефектот понатаму,а не сега.Можеби и грешам, никаде не викам дека сум апсолутно во право, но не можам да го сменам ставот само врз основа на тоа дека така треба и се очекува.

    И каква желба да блуам по некого?Најсериозно те прашувам, се читаш што пишуваш? Повторно и повторно, сечија туѓа перспектива ја карактеризираш/те како прикриена омраза.Лошо, многу лошо.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    За да видиме ефекти, треба прво нештото да постои.
    А бидејќи ќе постои, и јас и ти ќе бидеме сведоци на истото.
     
    На 1209 и mode-kristina им се допаѓа ова.
  16. Astra30

    Astra30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    hahahaha komentarov cel den ima da me drzi pozitivna :rofl::rofl:(y):muscle:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Се можам да разберам ама двајца мажи во врска е тоа не е во склоп нит со вера нит со цивилизација нит со минато нит со сегашност.Немсм зборови...
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    А две жени можеш да разбереш?
     
    На mode-kristina, Waverly Raven и Srckata28 им се допаѓа ова.
  19. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Исто и тоа ама ај не знам што е сли не е добро
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Хомосексуалноста постои, откако постои човекот.
     
    На јolene, staycalm, Emotional123 и 3 други им се допаѓа ова.