Хормонални нарушувања

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Trajkovski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    16
    Д-р Владимир Трајковски одговара на прашања поврзани со хормонални нарушувања.
     
    На k-sweety, leonaaneleo, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kuklicka

    kuklicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    9
    Незнаев кај кого да го поставам прашањето,се надеваам дека за овде е соодветно... Последниве 3 месеци, ми идеше менструација на секој 17-18 дена... мн поразлично од сите други ментруации, без болка, 2-3 дена само ми траеше и небеше чиста крв, туку кафена боја и количина ...една лајца во текот на цел ден... небев под никаков стрес, непијав никакви антибиотици, освен нешто ако има влијание климата или пак некое пореметување, имам 23 години и имав редовна менструација...треба да напрам некое испитување и кое?
     
  3. woman23

    woman23 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, имам 23 години почесто ми се случува да немам редовен циклус некогаш и по 2 месеци и повеќе, бидена сум и на гинеколог нема некој проблем но сепак сум загрижена, еве сега 2 месеци немам, имам страшна нервоза и тежина. Ви благодарам
     
  4. ma4ence-d

    ma4ence-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    Здраво... Имам 20 години, од 12 години имам менструација и никогаш до сега не ми била редовна ... одев кај повеќе генеколози и ми викаат дека или ќе ми се управи после првата бременост или никогаш.. имам пиено многу апчиња ама ништо не ми помогна .. Јас сега бидејќи се помирив со менструацијата сакам да прашам што треба да правам за да го намалам белото прање... цело време сум со влошки на мене и цело време го имам, некогаш е поинтензивно некогаш не .. а и користев едни вагинални апчиња што ми ги препиша генеколог ама не ми помогнаа... Ве молам кажете ми што да правам..
    Ви благодарам однапред
     
    На soncence2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    Иницијативата на Фемина со која што се овозможува членовите на Фемина форумто да добијат одговор од самите доктори е за поздрав.

    Прашање до докторот: Совет за регулирање на хормонскиот дисбаланс на ПЦОС и стимулирање на овулацијата?
     
  6. simona45

    simona45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Имам една другарка која има 14 години но сеуште нема добиено менструација и има премногу влакна на лицето и по целото тело па мора редовно да оди на депилација,гласот и е груб има нарушен вид,дури и во некои моменти се однесува како машко...
    Може да ми кажете кој е нејзиниот проблем?

    А и заборавив да кажам дека има проблеми со тежината ве молам за побрз одговор
     
  7. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    Зраво,Мојто проблем е заснован од месецот неомври ,до тогаш имав нормална менструација со благи симптоми и доста нормална за која би ја посакале повеќето .Но сега нагло немам.Мислам дека е поради диетата што ја држев од месецот септември (која беше скоро само на јогорт,млеко и житарици) и од периодот авруст-fбруари ослабнав околу 11- 12 кила.Почнав да бидам опседната со броење калории и со вежбање.Не јадев скоро ништо и секој залк го броев во уста.Но евеке веке месец ипол јадам нормално и не се оптоварувам со многу вежбање.Појадувам ,ручам вечерам и често се засладувам и со десерти и физички сум активна 2-3 пати неделно .Морам да напоменам дека јадам и малку повеке од нормалното (почесто по помалку) за да качам едно до две кила да бидам во нормалната граница на тежина .Инаку имам 15 години имам 50-51 кило и сум висока 169 а можеби и 170 да имам фатено.Очекувам ваш совет како да ми се нормализира без употреба на хормонски апчина :)
     
  8. ednostavna-d

    ednostavna-d Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Почитуван,ме интересира после колкав пеериод на постојано работење на процесот на забременување без позитивни резултати,треба да се тргне на одредени испитувања за хотмонални нарушувања или пак нешто слично.Однапред Ви благодарам
     
  9. slatka.malaa

    slatka.malaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Имам 16 години менструацијата не ми е редовна ми касни по месец-два. Бев на гинеколок ме гледаше на ехо и ми кажа дека јајниците и матката и вели ќе добијам пред менструација сум тој може да види дали ке добијам :D инаку бев пред 2-3 дена но сеуште немам добиено. И ако менструацијата ти е нередовна дали откако ќе имаш секс првиот пат може да се случи да не потече крв кога ќе те скинат или пак после првиот секс уште повече да доцни ?
     
  10. Iko

    Iko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Здраво,
    Имам 21 годинa, од 12 години имам менструација ... на почетокот циклусот ми траеше по 13-14 дена,одев кај генеколог и ми даде да ги пијам капките Ерготил,по нивното конзумирање циклусот до ден денес ми е нередовен. Во последните неколку години,циклус немам и по 5 месеци, одев кај повеќе генеколози и ми викаат дека ќе ми се стабилизира. Ве молам кажете ми што да правам..
    Однапред ви благодарам !
     
    На littleflower му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    здраво ! мојот проблем - полицистични јајници поради кои пред два месеци ги почнав диане35 а д-р матичен ми кажа да ги пијам една година. имам во некои денови мачнини.се плашам да не ми се прејаки ? се советував со матичниот и ми кажа дека е во ред и тоа да се случи.сепак сакам совет од друг . морам ли да ги пијам цел живот....зошто и стомакот ми се надува доста како 3 -4 месец трудна се осекам поради него а и поради мачнините и киселините. ви благодарам однапред.поздрав
     
  12. Korsta-rose

    Korsta-rose Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво ,
    Незнам дали треба овде да го поставам прашањето.. Претходно имав нередовна менструација ама последниве 3 месеци ми доаѓа но на секои 35-36 дена. Последниот циклус ми започна на 31 март , а на 18ти април ми се појави само една-две капки крв , што е прерано за следниот циклус, а потоа не продолжи крварењето и освен тие две капки не забележав други промени . Требе да бидам загрижена ? Ви благодарам однапред.
     
  13. froski4e

    froski4e Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Почитуван Д-р Владимир Трајковски, не сум сигурна дали моето прашање е од областа на хормонални нарушувања но на интернет најдов неколку симптоми кои ме посочија на хормонално нарушување. Имено се работи за континуирано каснење на менструацијата 5-10 дена што порано не ми се случувало и забележувам инфекција на половиот орган на мојот партнер по нашиот однос. Отпрвин мислев дека проблемот е до него но тој ги направи сите можни испитувања за алергии и слични работи и се испостави дека проблемот е сепак до мене. Исто така мојата вагина има многу лош мирис. Други повпечатливи симптоми немам воочено. Ве молам да ме советувате дали треба да земам некои лекови или нешто слично.
    Однапред ви благодарам :)
     
  14. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Здраво д-р Трајковски. Мојот проблем е следниот:
    Уште првиот пат кога добив на 14год. јас имав нередовен циклус и ми доаѓаше на 45-46 дена. Тоа беше така негде околу 4 години. После тој период тргнав на факултет сменив средина и циклусот почна да ми доаѓа на 3-4 месеци, а после 3-4 години почна да доаѓа само на 6-7месеци. Се осеќам премногу напнато и нервозно. Мојот гинеколог ми дава примолут нор за да добијам циклус секој пат кога отидам на преглед. Веќе 5 години имам покачен пролактин (дупло од максималната граница на дозволено), примав бромергон но некако воопшто не ми делуваше. Покрај пролактинот имам проблеми и со хормоните од тироидната и примам веќе 1,5 година еутирокс од 100. Имам нормален шеќер, но покачен инсулин и за него примам глукофаж. Сега имам 24 години и циклус како што ви кажав на 6-7 месеци. Пред 3-4 години нагло се здебелив и сега почнав со диети и вежби да слабеам.
    Ја снимав хипофизата пред некое време и резултатите се до негде добри, но ендокринологот ми го замени бромергонот со достинекс половинка 1неделно.
    Дали пролактинот влијае на мојот циклус или другите хормони го прават ова?
    Во сериозна врска сум и искрено се плашам дека вака со ваков циклус и хормони никогаш нема да можам да останам бремена. Дали има можност за бременост со ваков дисбаланс на хормоните?
    И дали на циклусот влијае тоа што имам раничка на грлото на матката?
     
  15. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    Почитувани имам 28 години пред една година откако 2 месеци ми изостана циклусот (кој предходно го имав со каснење на 33 35 ден но секогаш имав и обично по консултации ми викаа дека не е страшно ке се стабилизира) бев на гинеколог и ми констатираа налик на полицистични јајници со хормоналните анализи шо ми ги направија на трети ден од циклусот се утврди дека LH e 20.9 mlU/ml , a DHEA-S(mol/l) e 11 другите хормони беа во границите не нормалното, по што ми препишаа дијане со кој веднаш се покажа видни резултати на подобрување состојбата е веке санирана сеуште сум на дијане веке година дена и ми препорачуваат да ги користам и понатаму. Пред да ми се случи ова држев диета само со јаворов сируп 14 дене само од тоа пиев значи прилично стога диета потоа добив уште два пати и се случи тој изостанок од 2 месеци ме интересира колу ваквата состојба би можело да биде предизвикана од диетата со која изгубив едно 6 кг инаку имам тежина секогаш во границите на нормала и колку понатаму би можела да ми прави проблеми ваквата дијагноза ?
     
  16. Majence

    Majence Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво
    и јас како и повекето од Феминките кои коментираа , имам проблем со нередовна менструација.Односно после породувањето со второто дете имам проблеми со нередовна менструација , така да последниве2,5 години имам пиено неколку типа на апчиња за контрацепција (како единствен начин за регулирање) , и еве веке пола година ресив да престанам да ги пијам(бидејки се здебелив околу 15 кг, веке имам висок притисок , отоци на нозете и сл) , и еце немам добиено веке 5 месеци.....Дали освен овие апчиња за контрацепција , кои дефинитивно не ми ги поднесува организмот , има некое друго решение за регулирање на менструацијата , бидејки и покрај тоа што имам 2 деца , сепак сум многу млада (30 год) за да се откажам од еден таков важен ‘процес‘ за секоја жена...

    Многу Ви Благодарам
    Поздрав
     
  17. Crnokosaaa

    Crnokosaaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Zdravo !
    I jas imam problem so neredovna menstruacija podolgo vreme. Normalno mii idi ednas godisno.Napraviv ispituvanje za hormonite i ne mi e vo red bas toj za menstruacijata. Odam na genikolog na pregledi i pijam hormonski apcinja za da predizvinam, za da vidimi ponatamu kako ke bidi, so apcinjata mi trae 4/5 dena no narednite meseci pak nema. Mnogu nabrzo se zdebeliv, pocnaa da mi rastar vlakna na liceto i na stomakot, neznam veke sto sa pravam. Ne sum mazena, no vo plan sum, a za bremenost go prasav doktorot mi rece deka prvo treba da probam da ostanam bremena da vidime dali ke mozi pa ako nemozam da ostanam podolgo vreme, da mi dade izgleda nekoi drugi apcinja. Mnogu sum nervozna probav i dieta nikako nemozam da zaslabnam, od sto nemam se zdebeliv pa i od apcinava hormonski uste poveke. Sega treba da mi dojdi utre ili drugiden, pa od pettiot den ke pocnam da gi pijam Diane 35, mi rekoa deka od niv mozebi ke isceznat vlaknata na liceto, ke padnat i nema da se zdeebeluvam poveke. Rezultati imalo po 6 meseci konzumiranje. Ve molam kazete mi vase mislenje, nesto za zdebeluvanjeto, vlaknata sto rastat, zasto se poznavaat mnogu gi krijam so kosata, a ako gi izdepiliram strav mi e uste poveke ke rastat, i nesto za zabremenuvanjeto kolku ima opasnost da nemozam da ostanam bremena. Imam 20 god.
    Vi blagodaram odnared! Pozdrav.
    Zaboraviv da kazam deka imav bolki vo gradite, bev da me vidat na eho no mi rekoa deka e poradi menstruacijata, i doktorkata sto me gledase, i kazav deka pijav primulot nor mi rece deka sum mlada za da gi pijam, no ginekologot tie mi i dava i od niv mnogu se zdebeluvam, zatoa sega pocnuvam so diane 35. Isto imam i kiselini, nekogas i macnini zasto imam poremetuvanje na hormonot. Neznam sto da pravam.
     
  18. trevicka

    trevicka Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    mi treba vaseto mislenje za mojot problem

    Имам 20 години и сеуште нередовна менструција... ми се случува да имам обилно крварење по 3 недели,а после тоа да немам следните три месеци...или пак да се израдвам што неколку месеци ми била редовна дури и датумите да се поклопуваат,а потоа пак да немам 2-3 месеци. Досега неколку пати сум била на гинеколог и ми препорачале разни хормонски апчиња од кои досега не сум видела никаква корист.До пред некое време(скоро 3 години) имав редовни сексуални односи,но и после то не ми се регулира,иако ми беше нагласено од гинеколозите кои сум ги посетила,дека ако имам редовен секс ,менструацијата ќе ми се регулира.Да нагласам дека немам болна менструација,а ретко и некој посебен симтом кој ке ме алармира за нејзиното доаѓање.Исто така имам зголемено лачење на бело прање,кое е застапено цело време.
     
  19. Alexa14

    Alexa14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво Д-р Трајковски!
    И јас како и другите феминки имам проблем со нередовна менструација. Прв пат ја добив во август пред две години инаку имам 15 години. И потоа немав добиено менструација 14 месеца се до октомври 2011. тогаш веќе почнав да се плашам и и реков на мајка ми да ме води на гинеколог но таа забораваше а јас од страв не ја потсетував. и по 6 месеци уште ми нема дојдено а инаку кога имав досега (2 пати) всушност ми беше болна првите 2 дена и на двете. Не знам што да правам.
    Ви благодарам однапред.
    Поздрав!
     
  20. bllakce

    bllakce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    26
    dr.trajkovski imam policisticni jajnici i se osekam mnogu loso.otkako se porodiv so vtoroto mi se pojavija.testesteronot mi e malku pokacen i toj hormon sto e za jajnici.ne dobivam po nekolku meseci,pritisokot redovno mi se kacuva,otekuvam i se custvuvam mnogu nervozno.sto bi mi preporacale.vi blagodaram odnapred.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.