1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хороскопот и алкохолот: што пијат, зошто пијат и какви се хороскопските знаци кога ќе се напијат

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Bitter-Sweet, 20 мај 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Ајде да видиме. Има на форумов се и сешто за хороскопските знаци па зошто да нема за ова сега во пресрет на забавите. Ако има нешто вакво, се извинувам, не најдов.


    Овен - пијат по цели ноќи; обожаваат луди забави, а алкохолот ги тера на флерт и опуштање со кое влијаат на целото опкружување.
    Познати се по тоа што се пријателски настроени, па под дејство на алкохол најчесто одат од една до друга личност за да проверат дали сите добро се забавуваат. Ако не, може да се обложиме дека ќе ве почестат пијачка додека не го достигнете неговото ниво. Дури и ако сте лошо расположени, Овенот е личноста со која сакате да ја поминете цела вечер на шанк.
    Бик - сакаат да пијат мирно и полека; најмногу уживаат во црвено вино, но знаат и да претераат и да бидат иритантни кога се пијани.
    Ви треба добар навигатор за ноќен провод и пиење, тој е вистинскиот човек. Само бидете внимателни кога многу ќе се опијат, затоа што во тој момент нивната тврдоглавост излегува на површина. Тие се најлошите лица со кои можете да се расправате во пијана состојба, затоа што имаат силен и незгоден темперамент по природа.
    Близнаци - тешко се забележува дека пиеле; секогаш дрдорат и сакаат да се во центар на случувањата, но кога ќе се напијат: или се премногу пијани и не можат да мрднат или се хиперактивни и флертуваат со 10 луѓе истовремено.
    Овој знак ја претставува дволичноста и затоа е тешко да пиете со такви личности. Близнаците не толерираат неодлучни луѓе, така што попаметно ви е да знаете што точно ќе правите таа вечер. Бидете внимателни со Близнаците затоа што кога се под дејство на алкохол не знаат да останат смирени и во едно место.
    Рак - пијат од задоволство, но и да се утешат; чаша вино по ручекот или пиво после напорен ден на работа совршено им одговара; никогаш не се пијани, а ако сакате да пропијат викнете ги на фина вечера со шише вино.
    Вечните емотивци, веднаш се расплакуваат ако нешто не им е како што сакаат. Под дејство на алкохол ги искажуваат најскриените емоции, па затоа длабоките разговори во оваа состојба не е паметен избор. Во еден момент си поминуваат одлично, а веќе во другиот може да ми се жалат на барменот.
    Лав - сакаат да пијат и да танцуваат; добро поднесуваат алкохол, но по некоја чашка го губат класичното достоинство и се препуштаат на моментот; никогаш не ги губат своите вредности и самоконтролата.
    Пуштете го алкохолот да тече и Лавот нема да престане да зборува. Лавовите не ги кријат своите мислења кога се пијани, без разлика колку се навредливи. Бидете внимателни ако сакате да бидете на негово место затоа што по секоја цена може да ве омаловажи без око да му трепне. Сака да биде лидер и најгласен, посебно кога има малку повеќе пиење.
    Девица - пијат помалку од другите знаци, но најмногу сакаат органско вино и коњак; во нив алкохолот ја ослободува онаа дива ѕверка скриена под самоконтролата.
    Ако пронајдете некој перфекционист кој се опушта после работа, со чаша квалитетна пијачка, знајте дека се работи за Девица. Тие се идеални партнери за мирна пијачка. Но, не поднесуваат евтини места, туку само скапи елитни локали. Ако сте во потрага по екстравагантно ноќно доживување, тогаш придружете и се на пијаната Девица.
    Вага - истакнуваат дека пијат само во друштво, но не е така - вагите пијат кога им е по желба; самоконтролата им е најголем проблем зошто се препуштаат на алкохолот во целост па ги следат силни мамурни утра, болни раскинувања, неверства и конфликти.
    Вагата е најдобриот знак во алкохолизирана состојба. Имаат средени мисли и ладна глава, што е предност кога сите се пијани и меѓусебно се објаснуваат. Кога вашите пријатели ќе започнат да се расправаат или туркаат, можете да сметате на Вагата, колку и да е пијана. Таа обожава кога воспоставува ред и мир, дури и во таква состојба.
    Шкорпија - сакаат да пијат, па ако тоа ви пречи - тргнете се на страна; во алкохолот бараат нешто повеќе; совет: пијте со шкорпија, но само ако сте и’ драга.
    Дајте и на Скорпијата шише текила и гледајте како се опушта. Скорпиите ретко ги задржуваат работите во себе, што може да биде и добро и лошо. Тие се луѓе кои ќе ви прават друштво за алкохол, колку и да им се врти. Најлошиот дел е што се непредвидливи – не знаете кога ќе почнат да ве гушкаат, а кога да ве напаѓаат во сред бар.
    Стрелец - во виното е вистината - цел живот се обидуваат практично да ја покажат; по неколку чашки зборуваат сè и сешто и ќе ви ги кажат сите информации кои обично не можете да ги извлечете.
    Бидете внимателни кога пиете со Стрелец, затоа што има остар јазик по природа. Алкохолот и бесот не е добро да се мешаат, затоа внимавајте што зборувате околу нив. Кога малку ќе претераат обично се буди флертот во нив. Ако сте во потрага по заводлив партнер кој ќе ви каже како искрено стојат работите, тогаш приближете му се на Стрелецот.
    Јарец - алкохолот им е најпотребен на јарците, поради нивната природна вкочанетост; кога ќе се напијат се вистински забавни типови со кои ќе ви биде пријатно да поминувате време.
    Јарците се совршени камелеони затоа што се секогаш добро друштво за пиење. Добро се снаоѓаат во секоја ситуација и со секој алкохол. Тие се пријатели за забава, а не критика и напаѓање. Немаат незгоден темперамент и не ги интересира кој со кого е, каде е и што прави. Под дејство на алкохол тие може само да ви се разлигават и да ве гушкаат повеќе од вообичаено. Обожаваат и да пеат.
    Водолија - не се сложуваат со алкохолот многу; алкохолот ги прави потврдоглави отколку што се; водолиите се добри се додека не ја кренат чашата.
    Бидете внимателни кога пиете со Водолиите затоа што лесно се нервираат. Луѓето родени во овој знак имаат променлива личност, посебно под дејство на алкохол. После неколку чашки Водолиите или ќе си легнат насмеани или ќе останат будни и ќе ги нервираат сите околу нив. Никогаш, ама баш никогаш не започнувајте дискусија со нив во ваква состојба.
    Риби - склони кон зависности од секаков вид, па затоа се и отпорни на секакви опијати вклучувајќи го и алкохолот; ако пиете со нив, не се обидувајте да одржувате темпо, веројатно на ништо нема да се сеќавате утредента.
    Рибите ги покажуваат најекстремните емоции, што ги прави посебно интересно друштво. И тие како Водолиите лесно го менуваат расположението и само еден лош збор или туркање може да ги извади од такт. Сепак, со Рибите никогаш не се излегува „на една пијачка“ затоа што тоа не постои за нив.

    И за крај
    FB_IMG_1463648944730.jpg
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Стрелец - во виното е вистината - цел живот се обидуваат практично да ја покажат; по неколку чашки зборуваат сè и сешто и ќе ви ги кажат сите информации кои обично не можете да ги извлечете.
    Бидете внимателни кога пиете со Стрелец, затоа што има остар јазик по природа. Алкохолот и бесот не е добро да се мешаат, затоа внимавајте што зборувате околу нив. Кога малку ќе претераат обично се буди флертот во нив. Ако сте во потрага по заводлив партнер кој ќе ви каже како искрено стојат работите, тогаш приближете му се на Стрелецот.

    Pogodenoo :D
    Btw interesna tema :clap: cheers :d:
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас лично за мене ќе си кажам. Имам лошо пијанство. И не пијам веќе неколку години. А и тројца други од мојот знак што ги знам, исто не пијат и имале лошо пијанство.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.