Сите хороскопски знаци се во лифт на еден голем хотел. Меѓутоа, лифтот се заглавува помеѓу два ката. Еве како би се одвивал нивниот разговор... РАК: Што му стана? БЛИЗНАЦИ: Опаа, заглавивме! ЛАВ: Ама ајде, комшија што зборувате! Случајно застана. ДЕВИЦА: Леле, кај најде баш сега! ОВЕН: Да видиме во што е работата (ги притиска копчињата). СКОРПИЈА: Еј, комшија немојте толку силно! ОВЕН: Ама ајде! Мислите дека е подобро да седиме и да чекаме? ВАГА: Комшија, смирете се! Не е време за расправија! ДЕВИЦА: Тоа што сме заглавени – никому ништо. Знаете ли колку работа ме чека? ЈАРЕЦ: Сите ние имаме некакви обврски, но наместо да паничиме, ајде да го направиме тоа што треба! ВОДОЛИЈА: Така е. Мора да постои дежурен мајстор. Комшија, притиснете го црвеното копче, ве молам. БЛИЗНАЦИ: Се разбира. Не реагира. Опаа, ќе биде весело! РИБИ: Види го ти него! Нему му е дури интересно! СТРЕЛЕЦ: Зошто да не? Нема белки да плачеме? ЛАВ: Слушајте ме добро! Како прво, дали некој од вас има некаков алат? ВОДОЛИЈА: Еве јас, но сè уште не можам да видам што е најдобро да се направи. БИК: Не би сакал да се шегувам со ова. Ова е лифт, а ние сме сто метри над земјата. ОВЕН: Ајде де! Мислите дека цела ноќ ќе седам тука? Ако не сака со убаво, тогаш со лошо (почнува да ја шутира вратата). ВАГА: Комшија, смирете се! Тоа не смеете да го правите, опасно е! СКОРПИЈА: Ма пуштете го! Гледате дека му фали некоја даска во главата. ОВЕН: Слушај ти битанго една! Ако сакаш да разговараш со мене, треба да се однесуваш со почит кон попаметен од себе. СКОРПИЈА: Со тебе можам да поприкажам и на еден посебен начин, а ако сакаш, можеме и овде во лифтов. ЛАВ: Господа, не дозволувам такво однесување! Јас ја превземам работата во свои раце и сака убаво да ме сослушате. Прво, смирете се! РАК: Како да се смириме? Еве, веќе половина час стоиме овде беспомошни. ДЕВИЦА: Така е! Не сме ни свесни што с еможе да ни се случи. СКОРПИЈА: Вие правете што сакате, јас повеќе не можам да издржам. Морам да запалам цигара. РАК: Леле, немојте! Ќе се задушиме човече! ДЕВИЦА: Побарајте го отворот за вентилација, овде веќе не може да се дише! ОВЕН: Ајде да пробам уште еднаш! СИТЕ ОСВЕН СТРЕЛЕЦ: Не! СТРЕЛЕЦ: Се согласувам со комшијата Овен. Ако со шутирање ја скршиме вратата од лифтот, ќе можеме да се спуштиме еден кат подолу и да излеземе од лифтот. ЈАРЕЦ: Немојте комшија! Тоа не доаѓа во предвид. РИБИ: Така е! Кој знае што се може да ни с еслучи додека се спуштаме. Некој би можел да падне од лифтот. ВАГА: Комшија, што мислите вие за ова? БИК: Мене ме прашувате? ВАГА: Да. Гледам стоите мртов ладен БИК: Мене ништо не ме прашувајте. Сега е ручек време, а тогаш не размислувам за тешки работи. БЛИЗНАЦИ: Зошто се грижите? Имам карти за играње, па можеме да изиграме некоја партија. Да делам? РАК: Вие не сте нормален! ЈАРЕЦ: Комшија, бидејќи го изедовте сендвичот, а рековте дека имате решение, ајде да го слушнам. БИК: Решението е едноставно, ќе чекаме дури не дојде струја. (лифтот почнува да се тресе) РАК, ДЕВИЦА и РИБИ: Леле, што е ова? БЛИЗНАЦИ И СТРЕЛЕЦ: Почнува вистинската забава! ВОДОЛИЈА: На нашите маки им дојде крајот – дојде струја. СТРЕЛЕЦ: Сега ќе излеземе од лифтот и ќе одиме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави. Што велите? Се препознавете?
Не би сакал да се шегувам со ова. Ова е лифт, а ние сме сто метри над земјата. Мене ништо не ме прашувајте. Сега е ручек време, а тогаш не размислувам за тешки работи. Решението е едноставно, ќе чекаме дури не дојде струја. (лифтот почнува да се тресе) продолжува- ако веќе почне да се тресе, ме фаќа паника и смислувам сценарија, ама се ми е на шала, верувам дека има излез, пробувам со хумор се додека некој не ми ја зачука Избегнувам да се возам во лифтови, ептен кога се мора, лошо ми е кога оди угоре-удолу, мислиш цревата ми се движат, особено удолу-тогаш си мислам дека цревата преку уста ќе ми излезат
Хахаха, се пронаоѓам. Не би се шегувала, оти и така во лифт ми е шубе да се возам, мислам оти кога застанува цревата ми се превртуваат. И да, коа сум гладна, али стварно ништо друго не размислувам, битно ми е да се најадам само.
Toтално се пронаоѓам Знаете, јас цел живот си трчам по работа,а предтоа никако да трганам навреме. И секогаш мириса одвратно во многу луѓе
СТРЕЛЕЦ: Сега ќе излеземе од лифтот и ќе одиме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави.... Спојлер е баш така
ОВЕН: Ајде де! Мислите дека цела ноќ ќе седам тука? Ако не сака со убаво, тогаш со лошо (почнува да ја шутира вратата). Хахахха ептен се пронајдов