1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хороскопските знаци и заведувањето по СМС

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 5 јуни 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Бикот сака нежни пораки, Лавот ефектни, а Овенот и Девицата претпочитаат додворување во живо…

    Овен

    Зошто тој би заведувал некого, особено со СМС порака. Овенот освојува на лице место, без заобиколување и допишување. Меѓутоа, повеќето машки родени во овој знак со задоволство ќе цитираат некој поет, само за да бидат сигурни дека ќе ја фасцинираат девојката која им се допаѓа. Па, ако треба да бидат романтични и ќе бидат, а во љубовта – се е дозволено! Жената Овен ќе напише духовита (па дури и дрска) порака и ќе ја испрати до повеќе примачи, па ќе чека да види кој “ќе се фати во мрежата”.

    Бик

    Романтичниот Бик кога испраќа СМС порака ќе избере некоја слика во форма на цвеќе. Тој никаде и никогаш не се брза, па трпеливо ќе почека за вашиот одговор, а ако тоа не се случи, ќе испрати букет вистински рози на вашата адреса и ќе чека пред вашата куќа за да биде сигурен дека ќе ги добиете. А тоа ќе го сними со својот мобилен телефон од најновата генерација. Жената Бик ужива во романтичното допишување и тоа може да го прави и дење и ноќе, се додека додворувачот не го преземе одлучувачкиот чекор.

    Близнаци

    Тој е маестро на вербалното заведување. Откако ќе го запише вашиот телефонски број, мобилниот нема да го испушти од рака, а пораките ќе пристигнуваат и пристигнуваат. Може да добиете впечаток дека читате роман во продолженија или дека гледате серија. На жената Близнаци и се случува да испрати порака на погрешен број, што обично доведува до неочекувано возбудлив или смешен заплет.

    Рак

    Сака да испраќа СМС пораки како ниеден друг хороскопски знак, бидејќи само така може да го искаже она што понекогаш не знае или не може да го каже лице во лице. Затоа пораките се скоро совршени за емотивниот Рак, без разлика од кој пол е: неговите пораки не се копирани од интернет, ниту ги испраќа на повеќе броеви, затоа што и се обраќа на единствената личност во тој момент за него. Понекогаш намерно пушта нежна порака на некој број и чека одговор од другата страна.

    Лав

    Лавот најчесто ги покажува или искажува своите чувства, па ќе ве шармира без да ви напише порака. А кога веќе ќе реши да ви напише порака – ќе ве воодушеви со некоја која ќе ја препрочитувате илјада и еден пат. Лавицата умее да ви ја испрати вистинската порака во мигот кога ќе помислите дека ве заборавила, а потоа ќе и јадете од рака како мало маче.

    Девица

    Зошто да губи драгоцено време на допишување кога можете да се видите во четири очи, некаде во некоја кафетерија со освежителен пијалак во рака? Но, и во овој случај Девицата ќе ви испрати кратка и јасна, недвосмислена порака. Ако и испратите порака, а не е заинтересирана за вас или не сте на нејзината листа на желби, ќе се преправа дека не ја видела вашата порака. Многу мудрата и паметна жена Девица на несаканата порака ќе одговори како и на посакуваната – со тишина. Па, кој ќе ја разбере – ќе ја разбере…

    Вага

    Љубопитни и романтични, Вагите уживаат во СМС заведувањето како секоја вистинска поетска душа, тогаш цитираат стихови од познати писатели или строфи од некоја песна. Па, вие размислете што сака да ви каже – обично, ништо посебно, освен да ви стави до знаење дека освојувањето за неа е најинтересниот дел од врската. А што има поубаво од волшебниот звук на тукушто пристигнатата порака, кога малиот екран на мобилниот телефон ќе светне.

    Шкорпија

    Кој ви се јавува со скриен број, кога на екранот од својот мобилен ќе го видите фамозното “приватен број”? Мистериозната Шкорпија не сака да остава траги, дури ни во пораките. Па, може да ви испрати и СМС порака од непознат број и да чека да види како ќе реагирате. Ако испраќате порака во нејзино присуство, ќе се обиде да ве шпионира за да дознае на кого и што му пишувате. Жената Шкорпија ќе ви напише во што е облечена или едноставно ќе ви испрати слика, па обидете се да ја игнорирате, ако издржите.

    Стрелец

    Тој често ќе се заплетка иако има најдобри намери, па ќе испрати порака на погрешен број или на погрешно лице. Кога штетата е веќе направена, ќе се преправа како ништо да не се случило, но истовремено ќе смислува изговори кои најдобро ќе запалат. Таа е духовита и сака да филозофира, дури и кога испраќа заводливи пораки. Ама паѓа на мистериозни и недокажани СМС пораки, особено кога не е сигурна кој од бројните додворувачи и пишува.

    Јарец

    СМС заведувањето е идеално за романтичните и за љубов желни Јарци. Па, тој ќе ужива во секој збор, во секоја реченица од пораките кои долго ќе ги чува во меморијата на својот телефон. Кога му се допаѓа некој, ќе напише искрена порака од срце, не знаејќи колку ризикува што ја отвора својата душа. Ако не е заинтересиран, Јарецот брзо ќе ви стави до знаење дека не му се допаѓате. И нема потреба да го вознемирувате повторно.

    Водолија

    Водолијата нема да ви пише романтична, туку хумористична порака, но таква на која ќе ви биде тешко да смислите одговор. И додека размислувате, таа ќе се појави пред вас, на вашата врата или божем случајно ќе ве сретне во близина на вашиот омилен клуб или кафуле. Ќе ви го покаже својот најнов iPhone на кој има ваша фотографија, па ќе ви пушти и некое видео или аудио снимка на кои не ќе можете да останете рамнодушни, бидејќи Водолијата е уметник на модерната технологија. И модерното заведување.

    Риби

    Оној кој го измислил СМС допишувањето, мора да имал некаква врска со Рибите, бидејќи нив тоа им одговара, без разлика дали сакаат да ве заведат или да бидат заведени. Машките Риби внимателно се справуваат со пораките, па веднаш ги бришат по читањето, бидејќи се плашат дека моменталниот партнер ќе ги фати. Жените во овој знак се заводнички без конкуренција, дури и кога пишуваат СМС. Тие знаат како да го изберат вистинскиот термин во вистинско време. А потоа замолкнуваат, како да потонале во земја, додека другиот копнее по нив и не знае што да прави.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Бога ми, си признавам дека е така, нема што :rofl: :rofl:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Јарец

    СМС заведувањето е идеално за романтичните и за љубов желни Јарци. Па, тој ќе ужива во секој збор, во секоја реченица од пораките кои долго ќе ги чува во меморијата на својот телефон. Кога му се допаѓа некој, ќе напише искрена порака од срце, не знаејќи колку ризикува што ја отвора својата душа. Ако не е заинтересиран, Јарецот брзо ќе ви стави до знаење дека не му се допаѓате. И нема потреба да го вознемирувате повторно.

    хаха браво се е точно :D
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас сум Водолија-и за мене воопшто не е точно
    Ракот- не го бидува за романтика преку смс(барем за мојот Рак)
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Стрелец

    Тој често ќе се заплетка иако има најдобри намери, па ќе испрати порака на погрешен број или на погрешно лице. Кога штетата е веќе направена, ќе се преправа како ништо да не се случило, но истовремено ќе смислува изговори кои најдобро ќе запалат. Таа е духовита и сака да филозофира, дури и кога испраќа заводливи пораки. Ама паѓа на мистериозни и недокажани СМС пораки, особено кога не е сигурна кој од бројните додворувачи и пишува.

    Ихааааа :D

    За дечко ми

    Вага

    Љубопитни и романтични, Вагите уживаат во СМС заведувањето како секоја вистинска поетска душа, тогаш цитираат стихови од познати писатели или строфи од некоја песна. Па, вие размислете што сака да ви каже – обично, ништо посебно, освен да ви стави до знаење дека освојувањето за неа е најинтересниот дел од врската. А што има поубаво од волшебниот звук на тукушто пристигнатата порака, кога малиот екран на мобилниот телефон ќе светне.

    Точно е, додека да ме фати ми пушуваше по 10 пораки на ден. Сега одкога ме има не му текнува ни една да напише. Идиот |(
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Повеќе сакам лице во лице ама ај.. :)
     
  7. kikicat

    kikicat Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Овен сум и ми се допадна делот - Зошто тој би заведувал некого, особено со СМС порака. Овенот освојува на лице место, без заобиколување и допишување.
    Така е. Баш ме мрзи да пишувам пораки. :lol:
     
  8. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Риби

    Оној кој го измислил СМС допишувањето, мора да имал некаква врска со Рибите, бидејќи нив тоа им одговара, без разлика дали сакаат да ве заведат или да бидат заведени. Машките Риби внимателно се справуваат со пораките, па веднаш ги бришат по читањето, бидејќи се плашат дека моменталниот партнер ќе ги фати. Жените во овој знак се заводнички без конкуренција, дури и кога пишуваат СМС. Тие знаат како да го изберат вистинскиот термин во вистинско време. А потоа замолкнуваат, како да потонале во земја, додека другиот копнее по нив и не знае што да прави.

    па така е некако :lol:
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јарец
    СМС заведувањето е идеално за романтичните и за љубов желни Јарци. Па, тој ќе ужива во секој збор, во секоја реченица од пораките кои долго ќе ги чува во меморијата на својот телефон. Кога му се допаѓа некој, ќе напише искрена порака од срце, не знаејќи колку ризикува што ја отвора својата душа. Ако не е заинтересиран, Јарецот брзо ќе ви стави до знаење дека не му се допаѓате. И нема потреба да го вознемирувате повторно.

    Точно е за мене барем :D
     
  10. leptir1

    leptir1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Девица

    Зошто да губи драгоцено време на допишување кога можете да се видите во четири очи, некаде во некоја кафетерија со освежителен пијалак во рака? Но, и во овој случај Девицата ќе ви испрати кратка и јасна, недвосмислена порака. Ако и испратите порака, а не е заинтересирана за вас или не сте на нејзината листа на желби, ќе се преправа дека не ја видела вашата порака. Многу мудрата и паметна жена Девица на несаканата порака ќе одговори како и на посакуваната – со тишина. Па, кој ќе ја разбере – ќе ја разбере…


    УУУ :!: така еее ..
     
  11. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Риби

    Оној кој го измислил СМС допишувањето, мора да имал некаква врска со Рибите, бидејќи нив тоа им одговара, без разлика дали сакаат да ве заведат или да бидат заведени. Машките Риби внимателно се справуваат со пораките, па веднаш ги бришат по читањето, бидејќи се плашат дека моменталниот партнер ќе ги фати. Жените во овој знак се заводнички без конкуренција, дури и кога пишуваат СМС. Тие знаат како да го изберат вистинскиот термин во вистинско време. А потоа замолкнуваат, како да потонале во земја, додека другиот копнее по нив и не знае што да прави.

    Точно е :lol: јас дури повеке можам писмено да се изразам, неможам се во очи да кажам зборовите не ми излегуваат од уста а за пишување колку да сакаш баш сум романтична :lol:
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Девица

    Зошто да губи драгоцено време на допишување кога можете да се видите во четири очи, некаде во некоја кафетерија со освежителен пијалак во рака? Но, и во овој случај Девицата ќе ви испрати кратка и јасна, недвосмислена порака. Ако и испратите порака, а не е заинтересирана за вас или не сте на нејзината листа на желби, ќе се преправа дека не ја видела вашата порака. Многу мудрата и паметна жена Девица на несаканата порака ќе одговори како и на посакуваната – со тишина. Па, кој ќе ја разбере – ќе ја разбере…

    И ја би у 4 очи ама ко не бива, мора со порака :wasntme:

    Ако и испратите порака, а не е заинтересирана за вас или не сте на нејзината листа на желби, ќе се преправа дека не ја видела вашата порака.
    Точноо :D
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485


    Точно е се, се согласувам за јарец ! БРАВО :clap:
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Стрелец

    Тој често ќе се заплетка иако има најдобри намери, па ќе испрати порака на погрешен број или на погрешно лице. Кога штетата е веќе направена, ќе се преправа како ништо да не се случило, но истовремено ќе смислува изговори кои најдобро ќе запалат. Таа е духовита и сака да филозофира, дури и кога испраќа заводливи пораки. Ама паѓа на мистериозни и недокажани СМС пораки, особено кога не е сигурна кој од бројните додворувачи и пишува.

    ова и за машките важи баш мојот стрелец го препознав во тие филозофирањата. Јас сум јарец и за јарците е точно само заборавивте да напоменете дека многу се нервираме кога некој не ни враќа на пораката :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.051
    Пол:
    Женски
    Точно за ракот, освен таа последната реченица.
     
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Тoчнo е зa вaгaтa.