Здраво, ме интересира дали некој знае каква е процедурата за хоспитализација во душевна болница? Сам сум и не знам како да се пријавам.
Разговор со матичен лекар би требало да ги разреши дилемите. Можеби некој близок да ти помогне, пријател, комшија, колега, роднина..
Па мислам дека процедурата е да извадиш упат од матичен лекар и после да се упатиш во болницата. Откако ќе разговараш со психијатар, ќе те хоспитализираат.
Не значи дека ако имаш психотични епизоди си за Бардовци. Полека малку. Штом го напиша постот на вака артикулиран начин значи дека функционален си, и можеш да се избориш за својот живот со помош на комбинација од бихејвијорална терапија и медикаменти. Еве, ти кажале девојките и горе, оди кај матичен, нека ти даде упат за психијатар. Психијатарот ќе ти даде упат за психолог. Има одлични клинички психолози и на државно, те уверувам. Без паника, ќе се среди.
Како си зимате за право да му давате на човеков совет да не оди во болница, кога самиот бара помош!? Дали е за хоспитализација или не е, треба да си оценат психијатрите од болницата, а не вие, врз база на неколку поста што ги напишал на форумов. Дали некој функционира или не во секојдневието истотака не може да знаете. Човекот бара помош и треба да ја добие. Зошто го одвраќате? Зошто мислите дека вие знаете каде му е подобро и кој треба да го лечи? Нема ништо лошо ако сам отиде во болница, напротив. Никој нема да го хоспитализира ако процени дека не треба, ама како и да е ќе добие помош, совет или терапија. Тоа што има способност да расудува не мора да значи дека не треба да оди. Во секој случај и според законот за ментално здравје само со согласност од самиот пациент може некој да биде хоспитализиран. На психички лабилен човек лош совет може да му направи непоправлива штета, внимавајте што пишувате.
Прочитај од ново, полека, побавно. Никој не му вика да не оди в болница! Му рекоа дека штом напишал вака значи не е за во болница. И во право се. Во таа болница никој не отишол доброволно сам.
Па јас не го разбрав дека бара да оди во Бардовци, сепак таа е болница за посложени психијатриски случаи, има и психијатриска болница и нервно одделение во склоп со општата болница. Ова барем во нашиот град, за Скопје не знам.
Ааа, значи тоа што му кажувате дека не е тој за во болница не значело дека му кажувате да не оди во болница... А како го викате тоа? Оди ама џабе одиш? Оди ама немаш потреба? Јас го викам лош, нестручен совет. Има институции, не е тоа проблемот. Човекот праша конкретно прашање - некој ако знае да му каже која е постапката. Не му кажуваат тоа, му кажуваат дали е или не за таму. Затоа реагирав.
[/QUOTE] Го прашав и матичниот и психијатарот за психолог. Ми рекоа дека не може. На приватно матичниот ми рече дека џабе ќе одам. Почнав на телефон да зборувам со психолог.
Го прашав и матичниот и психијатарот за психолог. Ми рекоа дека не може. На приватно матичниот ми рече дека џабе ќе одам. Почнав на телефон да зборувам со психолог.[/QUOTE] Психолозите за жал не се дел од примарната заштита. Упат за на психолог нема, пак за жал. Психолозите се на маргините на науката и здравството кај нас, уште некои поединци мислат дека психолозите "читаат" мисли, како видовити или бајачи Од друга страна, напатените и маргинализирани психолози, кои се едни од највредните студенти и кои вложуваат години и средства во едукација, единствено може да се лиценцираат и да работат со клиенти за соодветна парична надокнада од сеанса. Друг избор немаат, кога никој не ги интегрира во здравствениот систем. Во некои земји има брза помош за ментално здравје. И тоа сосема нетабуизирано. На менталното здравје и менталните нарушувања се гледа како на здравствени состојби како сите останати. За жал кај нас не е така лесно. Во ниту еден општествен аспект, па ни во здравството и психологијата. Се надевам дека ќе најдеш добар психолог, тоа дека џабе ќе одиш на приватно - не разбирам што сакал матичниот да каже. Во секој случај, ако разговараш и со психијатар, би требало да си на прав пат да откриеш што ти треба и кој може да ти помогне. You've got this. Пс. Слободно пиши ако имаш потреба од разговор со некој анонимно
Не, јас грешно пишав. Психолог е различно од психотерапевт. Нема упат за психотерапевт. Психолози има во секоја болница, во секој град. Но, на пример во мојот град, психологот не е психотерапевт. За појаснување, психолог е некој кој завршил додипломски студии на Институт за психологија. Од овде, може да магистрира во одредена област (клинилка психологија, индустриска, развојна психологија итн.), или, за да работи со клиенти, може да заврши доедукација во некој од психолошките правци (гешталт, трансакциона, семејна, бихејвиорална психологија ..), да инвестира уште 4-5 години од своето време и огромни суми на средства и да работи како психотерапевт. Најчесто, лиценцираните и обучени психотерапевти работат приватно. На ментално здравје, давање совети и помош околу ментални состојби имаат право да работат само психотерапевти. Психолозите од болниците се најчесто "само" психолози со додипломски студии или клинички психолози со Мастер студии. Далеку од тоа дека не се стручни за работа со пациенти, ама не се од типот на "шринк" психотерапевт што ги гледаме на серии како имаат неделни сеанси со клиенти, водат досие и го водат клиентот кон работа на себе. Тоа го нема во нашето здравство со упат од матичен.
Vo kolku ima potreba I saka chovekot treba da odi na matichen da mu dade upat za psihijatar.Ima dobri psihijatri drzavno vo zdravstveni domovi I na psihijatriska klinika. Psihijatarot ke dade mislenje za ponatamoshni tretman.
Би додала - кога решавате да побарате помош некаде приватно, проверете си дали одите кај психотерапевт кој поминал формална едукација како психолог и се доедуцирал/усовршувал во одреден правец (кој ги наброја членката погоре) или е советник, тренер (life coach) или нешто слично кој нема воопшто завршено факултет по психологија, но има поминато некоја обука со која се доедуцирал. Одлучете дали сте за кај едниот или другиот зависно од тоа за што барате помош. Без да омаловажувам, има прекрасни советници, тренери и сл. ама ако се работи за нешто повеќе од потреба да се разговара и да се добие некоја мотивација и совет, или се работи за посериозно психичко пореметување, подобро е да се избере психолог. Ако треба медикаментозна терапија, во секој случај најдобро е да се оди на психијатар, зошто психолозите не се медицински лица, не препишуваат лекови. Затоа треба да работат сите заедно, секој во својот домен да работи со пациентот. Добрите болници колку што знам, работат тимски ако има потреба.
На другар ми, кога му беше речено дека е опасност за себе и мора во душевна болница, сосем артикулирано пишеше и се однесуваше. Јасно пишење не е мерило за низ шо врви некој. @TheDove јави кај матичен. Матичен ќе ти закажи по итна процедура на психијатар. Психијатарот ќе процени твојата состојба и нахнадно ќе те насочи, или можеби не. Со среќа. Средата си пишал прв пат. Шо напрај? Како си?
Јас како што сфатив психијатар има. Бара психолог ама му рекле џабе или само на приватно. После тоа нашол и психолог.
Одговарам за првото мислење кај шо се збора за хоспитализација. Психолози има и државно, иако радо би предложила психотерапевт шо скоро па сите се приватно и "помрсни" во цените.
В Два пати бев итно на психијатрија со вознемиреност што не се смируваше со Хелекс. Плус им кажав дека не сум во состојба да се грижам за себе и да ја земам терапијата. Но не ме задржаа, ми ставија инекција за смирување и толку. Послем тоа бев на приватен психијатар, еден другар ме однесе. Толку бев изгубен што не можев сам да одам Бев пред 3-4недели итно на психијатрија со висока вознемиреност. Пред тоа бев така недела две. Не ме хоспитализираа. После тоа еден другар ме однесе на приватен психијатар. Тој ми препиша Еглонил Форте и Каликста. треба вторник да одам на контрола.Се смирив колку толку. Но имам тремор а почнав на работа. Не знам дали ми е од терапијата или од состојбата што ме снајде. Не се осеќам убаво кога луѓето зјапаат во мене поради состојбата што ме снајде. Најголем дел од тие што ме знаат почнаа да ме одбегнуваат. Кога ми беше најлошо пред еден месец матичната само ми рече да земам мултивитамини. Пред да почнам со антипсихотици физички бев добар, многу нуспојави ми се јавија. Не знам како да се изборам со ова што ме снајде. Ќе видам што ќе ми кажи докторот во вторник.
А како пишуваат тие за на психијатрија? Како ти по два реда текст знаеш дали некој е за на психијатрија или не е? Јас сум или не според тебе? Друже, те разбирам , не ти е добро, сакаш да е грижат за тебе оти сам не можеш. За жал, кај нас на психијатрија само ако имаш мозочен, или ептен си неконтактибилен ќе те примат. Барај упат од матичен за психијатар, кажи му се, и он ќе процени добро дали треба или не. Во меѓувреме имај некокј до тебе за секој случај. Имаш проблем, знаеш дека треба да се спасиш. Бори се, ќе успееш. Чин не те задржале одма, имаш шанси да се подобриш и сам. Бори се или ако не бива, моли да те задржат. Не е лесно со мислите.