Храната во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 20 мај 2016.

  1. prasskickaa

    prasskickaa Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Мајки каква храна им даваат на децата во градинка и дали им даваат млеко кога сакаат децата?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.246
    Допаѓања:
    136.449
    Пол:
    Женски
    Зависи од градинката. Си имаат два главни оброци и две ужинки. Појадокот најчесто леб со некој намаз и млеко или чај или јогурт, или пак корнфлекс, јуфки, тарана. За ручек некое вариво со зеленчук и месо и свежа салата плус леб, ужинките им се овошје, некое пециво или варена пченица со ореви, сутлијаш или нешто слично. Ова е горе-долу во градинката кај што оди син ми.
    Не им даваат на децата кога сакаат да јадат и да пијат, си имаат ред кој оброк кога се дава. За јасли не знам, ама мислам дека и таму важи истото. Не даваат млеко по барање на детето, освен ако е во тек на оброк.
    А ако има потреба од посебен режим на исхрана поради алергии, нетолерантност на одредени јадења или слично, се известуваат одговорните и тоа дете си има посебен режим.
     
    На Mrs.Bass, karak и MilaP им се допаѓа ова.
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Во јасли не даваат кога ќе сака детето млеко, имаат два оброка и две ужинки. Немам долго искуство - 1 месец ама сосем е доволно. Моето не ја јаде првата ужинка зашто содржи портокал и лимон ама без проблем издржува до ручекот. 9 месеци е. Инаку храната како што пиша Annath, палента, овес, тарана за појадок, за ручек варива, манџички, ужинки овошје, пудинг, чај, сок - секако целото јадење е блендирано за најмала група јасли ...
     
    На TheWickY и karak им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.101
    Допаѓања:
    285.458
    Во Јасли (и воопшто во секоја група) не дозволуваат да се носи храна од дома, значи ако детето пие АД млеко , ќе мора да го префрлиш на кравјо или да му даваш млеко пред да го однесеш во градинка и од кога ќе го земеш.

    За доручек имаат :тарана, јуфки, јогурт, палента со кисело млеко и сирење....
    За ручек :разни манџи со варени коски, супи од зеленчук,гравче, разни варива - леќа, боранија, грашок
    За ужинка (имаат две во текот не денот): бисквитчиња, пудинг, сезонско овошје, крекерчиња..

    Мене ме предупредија дека детето треба да го научам не неблендирана храна.
    Обавезно прашуваат дали детето има пробано мед, јајца, цитруси (бидејќи во чајчето мед ставаат)

    На бебињата им дозволуваат шише да се остави во гадинка полно со сокче, но како расте детето така го ичат со чашка да пие.

    Во секоја градинка е различно.
     
    На EuHenIa, Mrs.Bass, karak и 3 други им се допаѓа ова.
  5. prasskickaa

    prasskickaa Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    oov znaci mn tesko za sin mi ke bide ... ne jade mandzi tarana oriz i taka slicno . A mleko pie po 2 kg kravjo oov ...
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    4.945
    Ke mu davaat suvo lepce ili nesto za zamena sto ima vo kujna. Ne se sekiraj gladno nema da ti bide a i ke projade :)
     
  7. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, чудо е колку јадат. Моево тарана не јадеше, пире ич, таму додека не изеде се не застанува. Синдром на група е чудо во градинките, во групава сите јадат, сами некои поспоро. Моево второ го хранат, а најмало им е. :)
     
    На EuHenIa и Antebellum им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Се зaвиси oд грaдинкaтa.

    Вo грaдинкaтa кaј штo гo нoсaм син ми не е дoзвoленo внесувaње нa хрaнa и нa шишињa. Децaтa пијaт сoк вo чaшa.

    Зa дoручек имaaт: еурoкрем, путер и мaрмaлaд, путер и мед, пaвлaкa, aјвaр и сирење, бaнички, тaрaнa и сирење, пaлентa и сирење. Зa пиење зaвиснo oд дoручекoт - чaј, млекo, чoкoлaднo млекo или јoгурт.

    Зa првaтa ужинкa дaвaaт сoк или oвoшје.

    Зa ручек дaвaaт мaнџи (бoрaнијa, грaшoк, леќa, грaв, зелкa, мaнџa сo мaкaрoни, мaнџa сo шпaгети, кoмпир мaнџa, кaшa сo ќoфте) и пире сo меленo месo. Зaеднo сo ручекoт дaвaaт и сaлaти.

    Зa втoрaтa ужинкa дaвaaт блaги кифли, сoлени кифли, бaнaни, сутлијaш, пудинг, житни чoкoлaтцa и сoленки. Сaмo пoследниве две не ми се дoпaѓaaт. Тoa не е ужинкa.

    Вo јaсли дaвaaт пaсирaнa хрaнa зa ручек. Тoa се мaнџите штo ги дaвaaт вo пoгoлемите групи.

    Зa дoручек дaвaaт тaрaнa и сирење, пaлентa и сирење, бисквити сo млекo, гриз, чoкoлинo, фрутoлинo, медoлинo и други видoви нa детски хрaни. Сo тaрaнaтa и пaлентaтa им дaвaaт јoгурт.

    Зa првaтa ужинкa дaвaaт сoк или пaсирaнo oвoшје.

    Зa втoрaтa ужинкa гo дaвaaт истoтo кaкo и зa дoручекoт, oсвен тaрaнa и пaлентa.
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    kerkami e 9 meseci.sega pocnav da ja nosam vo jasli.arno ama hranata e kako za golemite deca.ne e blendirana.me izvestija deka ako deteto ne mozelo da dzvaka ke si sedelo gladno.so mozam da prevzemam i dali e tocno ova.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.849
    Допаѓања:
    75.855
    Пол:
    Женски
    Кај нас во Грција во градинката кај што оди ќерка ми даваат за доручек ѓеврек , пита со јаболка , корнфлејкс и млеко , мармалад , мед, пита со сирење итн а со јадењето секогаш има млеко
    за ручек - сарма , боранија , грашок , полнети пиперки , праз со ориз , компир манџа , компири/ориз со пилешко месо , телешко со макарони итн (единствено што не даваат се јајца и риба)
    даваат и ужина помеѓу ручекот и доручекот
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.246
    Допаѓања:
    136.449
    Пол:
    Женски
    Хрaнaтa вo грaдинкa вo јaсли е пaсирaнa, не е блендирaнa. Ништo не мoжеш дa преземеш, тaкa е oд секoгaш. Не блендирaaт никoгaш ништo. Немa глaднo дa oстaне дететo, не се секирaј. Ќе прoјaде вo грaдинкa.
    Инaку мoжеш дa гo нaучиш дететo дa џвaкa, не е дoцнa.
     
    На referentka и stefi23m им се допаѓа ова.
  12. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми не јаде во градинка ништо, во 12 часот ја земам секој ден. Инаку од тоа што им даваат да јадат и тоа што го пишува во менито за храна, е многу различно. Кога ќе видам во менито интегрални мусли со млеко, а на маса лиснато со кашкавал и шунка, косата ми се крева, но децата навистина тоа го сакаат и го јадат. Мене ме чуди што мајките негодуваат за овошјето за ужинка. Подобро било тортица или пудинг така знаеле дека детото било сито, а од јаболко немало да издржи, бидејќи не сакале да јадат манџа.Е ова не можам да го разберам.
     
  13. tarantula

    tarantula Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    1.280
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki,jas neznam dali vo.soodvetna tema mi e prasanjevo ama neznam kaj da se obratam...
    Vo jasli(bebevo ke mi bide 9m koga ke trgne),kako gi ranat,so pasirana hrana? A tie decinja mleko sto ne pijat(na sin mi neplaniram kravjo da mu davam bar do godina)?
    Decinjata kaj go pominuvaat denot,na pod ili krevetce? Neznam navistina kako izgleda edno jasli...
    Fala odnapred za spodelenoto iskustvo!
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    145.115
    Пол:
    Женски
    Има на нет страна од нашата градинка (а верувам и од други) кадешто има за цел месец што јадат и бебињата и децата. И јас не давам кравјо па затоа се договоривме да носам козјо. Не дека немам дадено кравјо, туку не сакам толку често да прима и тоа било какво што се пишува кравјо.
    Седат и на под и во креветче, исто така имаш распоред на дневни активности. Храната е пасирана, да, ама на таа возраст (некои и порано) веќе јадат пасирано.
     
    На tarantula му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tarantula

    tarantula Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    1.280
    Пол:
    Женски
    Ti blqgodaram za infoto!
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.190
    Допаѓања:
    65.451
    Пол:
    Женски
    Еве инфо од мене, лично сум седела и гледала. Во нашава градинка ретко бебињата да се надвор од креветче, тие што не одат се во креветче по две и си играат таму (да не ги повределе поголемите што одат бидејки групата е 9-18, но има и до кај 2год деца). Но имаат активности во сала со музика, па таму ги пуштаат да лазат :)
    Храната беше убаво пасирана, скоро како блендирана за помалите. Знам кога прашував дали јадел (синко тргна поголем 18м) ми викаа пробувавме и од блендираната каша, а и од манџата пасирана (значи сепак посебно има за помалите)...
    А за млекото искрено незнам... каде како им текне дозволуваат...
     
    На tarantula му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.101
    Допаѓања:
    285.458
    Моето беше 7,5 кога тргна во градинка.
    Не блендираат,пасираат.Прва прилика ми рекоа да го научам да јаде пасирано.
    Моето беше на АД, првите ден-два ми дозволија да однесам шише со АД во прав и врела вода во термос,и третиот пат ми кажаа дека не е дозволено шише да се носи,посебно не млеко.
    Адаптацијата траеше еден месец скоро (по пола саат,па саат,па два...),за тоа време бев дома и ја носев и чекав пред градинка или се враќав за неколку часа,така да,кога тргнав на работа детето веќе беше спремно за само оставање по цел ден.
     
    На eli25 и tarantula им се допаѓа ова.
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    11.324
    И ќерка ми тргна на 9 месеци,исто беше на АД после 4-тиот месец,ама во градинката кај нас не даваат да се носи од дома,така да се помирив со тоа што и само два три пати неделно имаше кравјо млеко во кашите,па и не се потресував нешто многу,инаку јас дома не давав до кај две години.
    Имаш мени во секоја градинка ќе си го видиш,и во јасли е блендирана/пасирана храната.
     
    На tarantula и referentka им се допаѓа ова.
  19. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    150
    Мајки како ги хранат бебињата во градинка и што, конкретно околу година и нешто? Какви каши им даваат и што ако детето одбива да јаде? Сега сме 11+ и јаде по 45 минути дома кога би одела во градинка мислам дека би седела гладна сигурно нема некој толку време да ја храни а за неколку месеци можеби ќе има потреба да оди па ме интересира како се одвиваат работите таму вие какви искуства сте имале околу јадењето . :/
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    4.945
    @LejdiD rucekot e isto kako golemite samo blendiran. Za pojadokot griz mleko biskviti ako sakas konkretno ke ti pisam bar za vo nasata gradinka. Vo pogled na jadenjeto ako insistiras da go nahranat deteto I da ti jade ok ako si od tie majki leleee ne mi go traumatizirajte deteto kako mislis ucitelkite gi teroriziraat pa golemi deca ne im dizvoluvaat da im vovedes red e ke si kazes. Inaku si se ranat dete po dete Ima decinja sto za dve minuti ke si se najade Ima I pola saat sto jadat zatoa se dve hranat legnuvaat a so pobavnite posledni ama vazno ke si se naruckaat dokolku pak ke kazam ti imas doverba vo institucijata gradinka.
     
    На Annath и snegulkata им се допаѓа ова.