Храната - лек за сите болести

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од femina333, 27 ноември 2010.

  1. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    Сакам да отворам и ваков вид на тема, бидејќи незнаеме точно кои се предностите на храната и како таа може да излечи многу болести за кои и не сме замислувале. Споделете некој ваш пробан лек или нешто што имате слушнато на оваа тема. Можеби и на некои од нас некогаш и ќе ни притреба.

    Да започам со МЕДОТ:
    - Медот ги прочистува цревата и потполно ги отстранува сите флеки и нечистотии.
    - Прав лек против силно чукање на срцето,
    - Ако 1 лаж. мед се раствори во ладна вода и се испие ја спречува столицата.
    - А, доколку лаж. мед се раствори во топла вода(200мл.) и се испие се создава столица. ( Ова лично го имам пробано, а исто и мојата внука која има 6 години и има нередовна столица( на 2-3 дена)).
    - Медот ја потпомогнува силата на организмот, а исто и памтењето.
    - Медот помага при болки во очите. Само со мал слој во пределот каде е болката.
    - За болки во коските.
    - Доколку имате жолтица и доколку секој ден наутро и навечер јадете мед жолтицата поминува за 15 до 20 денови.
    - Доколу некој има проблем со нервите и сонот, медот е многу добар лек за смирување.
    - Ако медот се раствори во благо млеко, ги убива сите цревни паразити и бактерии.
    - Помага за загноени рани (пробан од наша блиска личност на која и беше направена операција на прстот и раната и собираше многу гној и навистина и помогна многу).
    - Доколку се стави мед на загреано платно и се стави во пределот околу вратот и грлото целата болка поминува. За ангина и проладени крајници.
    - За болки во стомакот.
    - За болки на јајниците кога имаме месечен циклус (испробано и делотворно).
    - Доколку имате болки во рамената, кичмата , премачкајте ги тие делови со мед и мелен црн бибер и така завиткајте со некое платно и држете 3 дена болките ќе престанат. Доколку оваа терапија ја применувате за прв пат, поновете ја по неколку денови и ќе ја видете разликата. Хроничните болесници оваа терапија треба да ја применуваат најмалку 2 до 3 пати годишно.
    - Децата кои мократ во постела треба да јадат мед за да им престане мокрењето.
    - Рани - ЧИРОВИ во црева и желудник. Можеби нереален, но испробан. Во тек на една седмица потребно е да се изеде 4 кг мед. Ако е возможно тоа и доколку ова се случува 3 седмици за еден месец нема да има ни трага од чирот или каква и да било рана. Овој лек е делотворен ако пациентот нема некоја друга посериозна болест. Интересно за овој лек е дека еден прочуен лекар го применувал на своите пациенти. Излекувал 97 пациенти и на крај своето дете кое заболело од ваква болест. Кога за прв пат го дознал овој лек мислел дека се замо обични лаги, но на крај излегло сосем спротивното.
     
    На freund и sonuvacka им се допаѓа ова.
  2. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    ХРАНАТА - ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ

    ЦВЕКЛО

    Цвеклото се употребува против тумор и леукемија, низок притисок, грип, ја подобрува работата на нервите и мозокот, чисти и ствара крв, ја подобрува работата на жолчкат, џигерот, штити од радиоактивност и зрачење.

    Се користи целото растение, се употребува преку целата година, богато е со витамини и минерали, лесно сварливо, може да се зема без ограничување и опасност од штетни последици. Покрај исклучителното богатвсто со белковини, масти и јагленхидрати цвеклото ги содржи скоро сите минерални состојки:
    калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуир, манган, бакар, јод, бром...
    Значајно е и присуството на витаминот B1,B2,C како и витаминот B12.

    Исклучително се здраствените ефекти на цвеклото во случај на деминерализација на коските и забите: присуството на јод го чини цвеклото драгоцено во борбара против артериосклероза и успорување на стареењето.

    Цвеклото може да го конзумирате преку разни сокови, чорби и салати.


    БАДЕМИ

    Бадемите се богати со маснотии (во 30 грама бадеми има 13 грама масти), но препорачливо е да се конзумираат во помали количини бидејќи се многу корисни за срцето. Едно испитување покажало дека луѓето кои конзумираат бадеми, ореви и кикирики најмалку 6 пати неделно просечно живеат седум години подолго од останатите, и кај нив се забележани помал број проблеми со срцето. Тие содржат изобилство од мононезаситени масни киселини кои го намалуваат холестеролот и на тој начин превентивно влијаат од кардиоваскуларните болести. Богати се и со витамин Е кој, исто така, е корисен за срцето.

    Бадемите се одличен извор на калциум- 30 грама бадеми обезбедува околу 10 % од дневните потреби за овој минерал.
    - Мононезаситените масни киселини го одржуваат нивото на холестеролот под контрола.

    - Витаминот Е, кој е моќен антиоксидант, помага во спречувањето на акумулирање наслаги во артериите, кои можат да се затнат и да предизвикаат срцев удар.

    - Калциумот придонесува за цврстината на коските, а помага и во регулирање на работата на срцето и нормализирање на крвниот притисок.



    ПРАСКА
    Праската најчесто се користи против цревни заболувања, рак, треска, маларија, за смирување на живците, јакнење на белите дробови..
    Цветот на праската се бере во март, април и мај а плодовите од почетокот на јуни до септември.
    Во плодот на праската има шеќер, каротин, овошни киселини и витамините A, B, C како и железо.
    Праската се користи во исхраната. индустријата и во медицината. Познати се лековитите состојки на соковите, сирупите и чаевите од праска.



    ГРОЗЈЕ

    За чистење и јакнење на крвта, за подмладување на организмот, против болка во простата, против кожните болест и паѓање на косата, за исфрлање на камен од жолчката..
    За јадење во свежа состојба воглавно се користи трпезно грозје, се користи и во сушна состојба, а најмногу се користи во индустријата на вина и производството на различни напитоци.
    Грозјето е познато и како лековито средство.
    Грозјето делува освежувачки на организмот.
    Дијабетичарите мораат да го конзумираат умрено поради присуството на шеќер.



    ЈАБОЛКО

    Јаболкатa и останатите продукти богати со растворливи влакна, попознати како пектин, многу помагаат во намалувањето на холестеролот. Француските истражувачи набљудувале група средовечни здрави мажи и жени во чија вообичаена исхрана додавале две до три јаболки дневно во текот на еден месец. Резултатите биле дека ЛДЛ холестеролот се намалил кај 80 % на пациентите, а кај половина од нив повеќе од 10%. Исто така, дошло до зголемување на корисниот ХДЛ холестерол. Интересно е дека јаболките покажале подобар ефект кај жените, кај една од нив холестреолот се намалил дури за 30 отсто.

    Научниците ја испитувале масата богата со растителни влакна која останува по правењето сок од јаболки. Од оваа маса направиле колачи кои им биле давани три пати дневно на мажи со зголемен холестерол. Кај 26 мажи со многу висок холестерол кои јаделе по три вакви колачи дневно, наместо обични колачи кои им ги давале на контролната група, холестеролот се намалил за просечно 7 отсто. Секој колач содржел 15 грама влакна, количина која ја содржат 4 до 5 јаболки. Повеќето стручњаци сметаат дека пектинот е многу важна супстанца во процесот на намалување на холестеролот, иако и останатите состојки на јаболките имаат удел во тоа.
     
    На sonuvacka и lina2 им се допаѓа ова.
  3. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    ХРАНАТА - ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ

    Ориз




    За лечење на цревниот и желудечниот катар,пролив,за исфрлање урина од крвта,за лечење на туберкулоза и болести на белите дробови,против обилни менструации,крварења.

    Оризот (Oryza satival) има потекло од тропска Азија и е основна храна на повеќе од половина луѓе од целиот свет.Успева во скоро сите делови на светот,а поготово во топлите и влажни предели.Постојат околу 1.000 сорти на ориз.Покрај исхраната се користи и во индустријата,козметиката и медицината.

    Многу е хранлив (360 калории во 100 грама).Сиромашен е со масти,но богат е со скроб што го прави да биде лесно сварлив.Богат е со минерали:нај многу има фосфор(116 мг) и калиум,а нешто помалку магнезиум,калциум,манган,железо,сумпор,бакар,цинк,флуор,кобалт....

    Од витамини има нај многу Е и Б.Заради своите биолошки квалитети оризот од секогаш бил не само храна,туку и лек.Уште во старата кинеска медицина играл важна улога.Неговите лековити својства ги признала и званичната медицина.

    Оризовата вода како анти дијароично средство,оризовото брашно во исхраната на бебињата и децата,оризовиот скроб како средство за разблажување на опиумот во прашокот.

    Значајна улога оризот има и во диеталната прехрана и во народната медицина.

    Денес оризот се користи погрешно, излупен и глазиран (помалку квалитетен)наместо природен,интегрален.


    Оризот го намалува високиот крвен притисок

    Кога крвниот притисок ќе се покачи,одма треба да се примени диета со ориз.
    Болниот треба 2-3 дена да јаде само добро сварен ,не солен ориз и да пие некој чај за намалување на крвниот притисок.


    Ориз против долготрајна дијареа

    Мешавина од 3 супени лажици сомелен во брашно ориз (не глазиран) и 3 лажици зоб се прелеваат со зовриена вода и се остава да стои поклопено 2 часа.
    Кога ќе се олади се додава сок од дренки или дуњи.Оваа каша се јаде три пати на ден пред јадење.


    Ориз против катар на дебелото црево

    Се мелат ситно 4 лажици ориз,две супени лажици корен од коприва и две бобинки боровница.
    Оваа мешавина се прелива со 1 литар врела вода,се остава да стои два часа о потоа се процедува.Се засладува со мед и се пие во текот на денот.

    Ориз против пораст на урина во крвта

    Се зема една шоља ориз,корен и лист од магдонос и целер и се вари на тивок оган во 1 литар вода.Кога оризот ќе се свари,се процедува и се пие повеќе пати на ден.
    ( преземено од еден друг форум)
     
  4. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    ХРАНАТА - ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ

    Магданос




    За смирување на живците,намалување на болки,отстранува надуеност,чистење на крвта,против треска,болести на бубрезите,воспаление на очите,заболување на уринарниот тракт,водени болести,каснувања од разни инсекти.

    Магданосот (Petroselinum hortense)) e двогодишно растение со пријатен мирис,не заменлив зачин и лековито средство во народната медицина. Расте сам,но и се одгледува како градинарско растение.
    Се користи коренот и листовите.Магдоносот нема високо калорична вредност,но затоа е многу богат со минерали и витамини и се сврстува во редот на високо квалитетни намирници и како лековито средство.

    После шипката и боровницата,во листот од магданосот има нај многу витамин Ц.Во 100 гр.има 170 мг.витамин Ц.Богат е и со провитамин А,витамини од групата Б,па и Б12(кој е значаен за стварање на црвените крвни зрнца).Не заостануваат ни минералите па така во 100 гр.лист од магдонос има 1.630 мг.минерали,од кои половина завзема високо вредниот калиум.Доста е застапено и железото,калциумот,магнезиумот и бакарот.

    Листовите од магданосот е нај добро кога се конзумираат свежи,затоа што само така ги задржува своите битни својства.Не е добро да се конзервира или да се суши,но добро е да се замрзне.

    Листот од магдонос е многу делотворен како средство кое го поттикнува излачувањето на штетни материи од организмот,а поволно делува на циркулацијата на крвта и на срцевите заболувања.

    Магдонос против слаби живци


    Коренот од магдоносот се ренда,а листот се сецка ситно.Се прелива со малинов сок и багремов мед.
    Се јаде навечер пред спиење.

    Магдонос против дијабетес

    Многу едноставен рецепт за ублажување на оваа болест.Се ренда коренот,а листот се сецка ситно и се меша со една шоља јогурт или кисело млеко.Се пие секоја вечер пред спиење,но треба да се води сметка листот да биде свеж.

    Магдонос против отечени и воспалени очи

    Во 300 гр.вода се вари 2-3 мин.,ситно осецкан лист од магдонос(околу две лажици).
    Кога че се олади се процедува низ стерилна крпа или газа.Со овој чај очите се мијат повеќе пати на ден,а навечер се става облог да стои подолго време.За облогот се земаат 6 гранчиња магдонос,се мијат , се ставаат на очите.и се врзува со завој и се остава да стои до следното утро,кога се вади во замрачена просторија.

    Mагданос за исфрлање на урината од организмот

    За оваа цел се користи целото растение.Коренот,листот и цветот се сецкаат ситно.5 лажици се варат 5 мин. во 1/2 литар вода.После варењето треба да одстои 20 минути,се процедува и се пие 3 пати на ден по едно мало филџанче.Овој чај го отстранува застојот на урината,па така и отеченоста на нозете.


    (ПРЕЗЕМЕНО ОД ДРУГ ФОРУМ)
     
  5. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    ХРАНАТА - ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ

    ЈАБОЛКО

    Јаболкото спречува срцев удар,го намалува нивото на холестерол и триглицериди. Според најновите истражувања го намалува ризикот од рак.


    Кашлица, ларингитис, астма- земајте мешавина од јаболкова киселина, мед и витамин Ц. Додека за воспаление на грлото и кашлица земете вода во која сте ќе ставите малку јаболкова киселина и неколку капки прополис.
    Главоболка - инхалирајте со загреана вода и јабокова киселина, размер 1:1.
    Затнат нос, грип - исто инхалација со вода и киселина ( во 1л вода се ставаат 10 лаж. киселина и се инхалира) Оваа инхалација е за 12 часа.
    Висок притисок - се зема 2 лаж. киселина на чаша вода.
    Проширени вени - со јабокова киселина се трие кожата секое утро и вечер.Подобрување се довива по еден месец.
    Вкочанети зглобови - навечер се пијат 2 лаж. јаболкова киселина и 1 лаж мед.
    Против диареја - се рендаат 2 јаболки и се меша со црн чај и прсофат сол. Оваа смеса ги дезинфицира цревата од сите бактерии.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  6. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    ХРАНАТА - ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ

    ЛУК

    Лукот за зголемува одбрамбената способност на организмот. Богат со многу минерали како: калциум, сулфур, фосфор, железо), содржи сулфурни етерични масла, алицин, алин, азотни материи, витамини и затоа е тој природен АТИБИОТИК. Според некои лабораториски испитувања лукот има антиканцерогено дејство и се применува во дијагнозите за борба против ракот. Исто покрај многуте лековити својства се и овие: лечи висок крвен притисок, се користи за разложување на мастите во крвта, лечи артеросклероза, дијабетес, срцеви болести, реума, главоболка, нервоза, умор, бронхитис, хронична кашлица, астма, туберколоза, тифус, колера, беснило, грозница, маларија, за исфрлање на токсините од организмот, за чистење на цревните глисти, за подобрување на циркулацијата на крвта, спречува тромбоза, и др.

    Eве еден лек направен од лук кој го ослободува органиѕмот од масните наслаги,ја подобрува размената на материите во телото и еластичноста на крвните садови,спречува инфаркт,склероза,стенокардија,апополексија и стварање на тумори.Престанува шумот во главата и ушите и го подобрува видот.Со придржување на упатството за лечење и организмот се подмладува.


    Подготовка:

    Се чисти (со рака или пластичен нож,никако со метален нож)и мие 350 гр.лук,се сецка и се толчи во дрвен аван.Од кога ќе се истолчи се става во шише или тегло во кое има 300 гр. 96% алкохол,добро се ѕатвара и се остава 10 дена на ладно место.Потоа се процедува низ газа или некоја друга густа ткаенина и се остава така уште 2-3 дена.

    Се пие со 50 мл.млеко кое не е ладно,туку има собна температура по следната шема:

    Денови Појадок Ручек Вечера

    1 ден 1 2 3
    2 ден 4 5 6
    3 ден 7 8 9
    4 ден 10 11 12
    5 ден 13 14 15
    6 ден 15 14 13
    7 ден 12 11 10
    8 ден 9 8 7
    9 ден 6 5 4
    10 ден 3 2 1
    11 ден 25 25 25


    Се продолжува со земањето на лекот 3x25 капки се додека не се потроши целата содржина.
    До следното земање на овој лек мора да поминат 5 години.

    П.С. Бројките напишани во колоните(појадок,ручек и вечера)означуваат по колку капки од овој лек треба да се испијат во одредено време.
    (Овој лек е преземен од друг форум за алтернативна медицина)
     
    На sunfemina и st-el им се допаѓа ова.
  7. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    Зачините благослов за организмот
    Цимет - го снижува нивото на шеќерот (гликозата) во крвта дури и до 29 пати , ги снижува триглицеридите, вкупниот холестерол кај луѓе со дијагностициран дијабетес тип 2. Се зема половина чајна лажица цимет, два пати дневно.
    Лук - ги уништува ќелиите на ракот . Според некои истражувања јадењето лук (1 до 2 чена неделно) штити од појава на рак.
    Ѓумбир - ја намалува мачнината која може да се појави како резултат на подолго возење, исто ја намалува болката при појава на отоци и артритис, го забрзува метаболизмот, спречува згрутчување на крвта.
    Рузмарин - ја стопира мутацијата на гените кои предизвикуваат рак. Помага како превенција на крвните садови и превенција од срцев удар.
    Куркума - содржи куркумин, кој го спречува растот на ракот. Исто е многу добро средство за лечење (зацелување) на рани.
     
    На st-el и sonuvacka им се допаѓа ова.
  8. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    Лекување со мед и цимет

    Артритис (воспаление на зглобовите) - Се зема еден дел мед со два дела млака вода и во тоа се додава мала лажица цимет. Со оваа маса се масираат болните делови. Паралелно со масирањето се пие наутро и навечер една чаша млака вода со 2 лажици мед и мала лажица цимет во прав. Доколку се пие редовно може да се излече и хроничен артритис.
    Според едно истражување направено на Универзитетот во Копенхаген се добиени овие резултати. Пациентите кои секој ден пред доручек земале мешавина од лажица мед и половина мала лажица цимет, за една седмица од 200 пациенти , 73 биле потполно ослободени од болките, а за еден месец скоро сите пациенти кои дури и неможеле да одат, започнале помалку да чекорат и се исправиле потполно на своите нозе, без болки.

    Инфекција на уринарните патишта - Во чаша млака вода се додава 2 супени лажици цимет со чајна лажица мед и чаша (200-250 мл.) млака вода. Се пие секој ден.

    Забоболка - Се прави маса од чајна лажица цимет и пет чајни лажици мед. Се става на забот. Потребно е да се става околу 3 пати дневно.

    Опаѓање на коса - Се прави мешавина од загреано маслиново масло, една супена лажица мед и една чајна лажица цимет. Потребно е ова да се изведува пред миење на косата и да стои околу 15 минути. Дава резултати и доколку стои и 5 минути.

    Холестерол - Оние кои имаат повишен холестерол се зема 4,5 дл чај и во него се става две супени лажици мед и три чајни лажици цимет. Овој чај го намалува нивото на холестерол во крвта дури за 10% во рок од 2 часа.

    Кардиоваскуларни болести - Направете маса од мед и цимет и со тоа доручувајте за замена на џем, маргарин..., но редовно. Тоа го намалува холестеролот во артериите и ја намалува опасноста од срцев удар. Исто важи и за оние луѓе кои доживеале срцев удар да го применуваат ова за да се намали ризикот од повторен удар.

    Имунолошки систем - Секојдневната употреба на мед и цимет во исхраната го јакне имунолошкиот систем, бидејќи ги зајакнува белите крвни зрнца во борбата со вирусите и бактериите. Исто ја лечи хроничната кашлица, грипот.

    Акни - Се прави мешавина од три супени лажици мед и една чајна лажица цимет. Од оваа маса се нанесува на акните навечер, а наутро се мие со млака вода. Ако се повторува секој ден во рок од две седмици акните потполно ќе исчезнат, а исто и нивниот корен.

    Слабеење - Секое утро половина час пред доручек се пие мед и цимет кое е зовриен со 200 мл. вода. Истата постапка се повторува и навечер. Редовното употребување не дозволува складирање на масните наслаги, а ја намалува тежината, па и кај најдебелите луѓе.

    Рак - Неодамна на едно истражување во Јапонија и Австралија е откриено дека медот во комбинација со циметот ,а притоа и негово редовно употребување, може да излечи рак на коските и стомакот во напреднат стадиум. Пациентите кои боледуваат од оваа болест дневно треба да земаат една супена лажица мед и една чајна лажица цимет, три пати на ден во времетраење од еден месец.

    Лош здив - Потребно е секое утро пред доручек да се испира грлото со една чајна лажица мед и една лажица цимет растворени во млака вода. На тој начин здивот ќе биде свеж преку целиот ден.

    Губење на слухот - Секое утро и вечер се земаат еднакви делови мед и цимет.


    Други предности на медот и циметот - Редовното јадење на мед и цимет или пиење на мед и цимет повагаат за: умор, невоза, болки во стомакот, долговечност, и друго.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Femina333 сакам да те прашам во врска со лекот за уринарни инфекции дали во млаката вода (200-250мл) се додава циметот и медот и колку на ден се пие. Однапред благодарам.
     
  10. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    Драга st-el, да во млаката вода се става медот и циметот, убаво се меша за се да се раствори. Се пие еднаш до два пати дневно. Лекот е успешен, само треба малку упорност и трпение. Поздрав :)
     
  11. femina333

    femina333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    144
    ВОДА


    Млака вода за долговечност

    Во Јапонија постои обичај, секое утро, на празен желудник да се пие по четири или повеќе чаши млака вода, а потоа да не се јаде ништо во следните 45 минути.
    Според оваа т.н. традиција и според најновите истражувања оваа процедура помага при: главоболка, кардиоваскуларни заболувања, болки во телото, дијабетес, дијареа, гастритис, маснотии во крвта, артритис, хемороиди, очни болести, забрзано биење на срцето.....
    Оние кои досега ова го испробале, тврдат дека доколку се практикува ова секој ден во период од еден месец, се постигнуваат неверојатни резултати. Доколку убаво размислиме моментално Јапонците се народ кој е најздрав и најдолговечен, и затоа не би можеле да речеме дека оваа нивна традиција нема смисла.





    Водата ги раствора токсините

    Врелата, зовриена вода која е направена во однос пола-пола (тоа значи да се зоврие 1л вода се додека не се добие половина литар вода), многу помага при пролада, грип. Доколку некој кој е болен пие голтка до две врела вода(колку што може да се издржи во однос на топлината) на половина час, грозницата брзо ќе помине. Редовната употреба на ваков вид на вода (од 1л да се добие 0,75л до 0,5 л вода) помага при хроничните и упорните болести како што се: астма, артритис, колитис, мигрена, синуситис, ангина пекторис, срцеви проблеми, целулит......
     
    На babymama и DeMelo им се допаѓа ова.
  12. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Секоја храна добиена по природен пат е лек или спротивно ако е добиена со механичка преработка е болест за човекот повеќе или помалку.Не би било благодарно да издвоиме една храна која е универзална за секоја болест исто како што неможеме со едно апче се да излекуваме,затоа секоја си има своја вредност и се надополнуваат една со друга. :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    91
    Девојки...ако знае некој да ми каже што е најдобро да конзумираат болните од туберколоза, која храна, кој витамини? Дедо ми се разболе и навистина сум загрижена, па ако знае некоја нека ми пише што е најдобро? Поздрав
     
  14. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Зна4и побарај си нешто на интернет, ама еве јас колку што про4итав важно е да се одбегнува (т.е да не се јаде) пржена храна, мрсно месо, и рафинирани житарки (бел леб), а треба да се јаде свежо овошје и зелн4ук, житарки( цело зрно) , интегрален ориз, п4еница, ја4мен, или може и нели овесни снегулки, п4енкарни снегулки (оти и тие се од цело зрно), сепак ти побарај си на интернет се има ќе си најдеш многу работи...
     
  15. Girl.002

    Girl.002 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    а што е тоа цимет?
     
  16. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    96
  17. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    Убава тема. :)
    За млаката вода се согласувам, убаво е утрото да се почне со млака вода и лимон.
    Јас го почнувам шоља млака вода со лажичка мед, губир и лимон.
    Потоа прдолжвам со добро познатите смутис(овошје, зеленчук, најчесто и ленено семе, литро вода и сето тоа во блендер)

    Се сложувам со насловот во целост, доколку човек се храни здраво, прави превенција од многу болести.
    Под целосно здрава исхрана подразбирам исфрлување на сета идустриски прозиведена храна исто и месото и останатата живинска исхрана.
    Знам дека тоа е тешко, но и доклку се смали на минимум и тоа е добро.
     
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.744
    МЛАДИ ЗЕЛЕНИ ОРЕВИ ВО МЕД- НЕВЕРОЈАТЕН ЛЕК

    40 млади ореви

    1 кг мед

    Младите ореви добро да се измијат, да се исушат, да се исечат на четвртини и да се стават во тегла и потоа се преливаат со мед. Теглата добро се затвора и се остава да стои еден месец.

    За тоа време оревите потемнуваат.

    И да напоменеме дека при сецкањето најдоро е да носите ракавици бидејќи испушта црна боја и потоа тешко се мијат рацете.

    На сликата се штотуки ставени во тегла, кога ќе одстојат стануваат потемни и медот исто така, а на крајот се добива темен сируп. Се зема една лажица дневно.

    Младите плодови на оревот потопени во медот испуштаат состојки кои се наоѓаат во нив. Содржат голема количина на јод кој лесно се внесува во организмот.

    Младите зелени ореви, (Juglandis immaturi fructus) имаат многу витамин Ц и цело богатство на витамини и се дава на болните, на слабушни и болежливи деца и слабокрвни личности. Младите зелени ореви помешани со медот благотворно делуваат во случај на слабоктвност,и многу помага во прочистување на јетрата, желудникот и крвта.

    Добри се и кај проблемите во работата на штитната жлезда, за болести на грлото и респираторниот тракт посебно кај бронхитот, за зголемување на имунитетот,погоден е за климактерични тегоби, дебелина и хронично заболување на дишните патишта,воспоставува физичка, психичка и енергетска рамнотежа, ја зголемува хормонската активност, помага при обновување на ќелиите,го неутрализира делувањето на токсините.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    45.571
    Пол:
    Женски
    Toчно е дека е лек.
    Но,и сите болести ,барем овие модерниве денес, се резултат на лоша и неквалитетна исхрана,конзумирање на брза,мрсна храна.
    Некако во последно време многу ми се актуелизира прашањево околу исхраната,колку е квалитетна храната и начинот на исхрана кој го применуваме.И само по себе доаѓа конзумирање на органска храна која ја нема кај нас,а на запад е поскапа.

    Неодамна прочитав нешто.Природата ни дала премногу,но колку сме мудри тоа ние да го препознаеме и конзумираме,која храна помага на одредени делови од телото.

    Морков.На напречен пресек морковот има изглед на човечко око.Сите знеме колку е здраво да се јадат моркови за добар вид,поради вит.А.

    ДоматНа напречен пресек,има 4 комори и е црвен,исто како и нашето срце.Има состојки кои се нарекуваат чиста храна за срцето,да не споменуваме колку е моќен антиоксиданс.

    Грозје-виси на гроздовите во облик на срце.Секој грозд наликува на крвна клетка и современите истражувања покажуваат дека грозјето има витална функција во исхраната на крвните клетки.

    Оревот изгледа како мозок,лева и десна половина,горен голем и долен мал мозок.Наборите на јадрото личат на кората на мозокот.Оревот со повеќе од 3 неуротрансмитери помага во функцијата на мозокот.

    Гравот личи на бубрег,а истовремено ги лечи бубрезите и ја одржува нивната функција.

    Целер или кинеска зелка и многу друг зеленчук кој потсетува на изгледот на коските ефективно ги зајакнува коските.Целерот содржи 23% натриум ,исто колку и коските.Ако исхраната не содржи доволно натриум,телото го зема тој натриум од коските и со тоа коските стануваат кршливи.Овој вид на храна го надополнува скелетот со натриум.

    Авокадо,црн патлиџан и круша,ја подобруваат работата на матката.Токму ова овошје личи на овој орган.Истражувањата покажале дека доколку жената изеде еден плод на авокадо неделно,тоа допринесува до рамнотежа на хормоните и спречува прениска родилна тежина и рак на грлото на матката.
    Треба да пројдат девет месеци пред цветот на авокадото да се развие во зрел плод.

    Смоквите се полни со семенки и висат во пар додека растат.Тие ја зголемуваат подвижноста и бројот на сперматозоидите и така спречуваат стерилитет кај мажите.

    Компирот има облик на панкреас и идеално го балансира шеќерот кај дијабетичарите.

    [Маслинките/b] го унапредуваат здравјето и функцијата на јаниците.

    Портокалите,цитроните и други цитрусни овошки личат на дојките на жената.Ефикасно го подобруваат протокот крвата низ дојките.

    Кромидот изгледа како нашите клетки.Кромидот помага во исфрлањето на отпадните материи од нашите клетки.Исто така предизвикува солзење на очите кои ги чистат епителните слоеви на окото.Исто и лукот,помага во борбата со слободните радикали.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399