1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храна која ја приготвувате за прослави

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Bubbles02, 11 август 2023.

  1. Bubbles02

    Bubbles02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2021
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Здраво, не успеав да најдам ваква тема па решив да отворам. За два месеци полнам 21 и планирам роденденот да го чекам дома со не повеќе од 10тина пријатели. Со моите отприлика секоја година за родендени ги спремаме речиси истите работи. Се е префкусно, но сакам да сменам оваа година и да има некоја храна која претходно не сме ја спремале. Обично правиме домашни соленки, сусам салата, компир салата, сезонска/зелена/шопска салата и секако дека има и сувомесно (шунка, кашкавал,кулен,чајна)...

    Би ми било мило доколку и вие споделите какви салати правите за родендени или не мора да е роденден дури и без повод како и било која храна која често ја приготвувате за прослави. Или пак да споделите доколку знаете некој интересен начин на сервирање на храната кој би можела да го искористам јас, а и сите останати феминки кои ќе читаат. :)
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.916
    Допаѓања:
    39.387
    Пол:
    Женски
    Правам салати и кифли. И обавезно има мезе (шунка, печеница, врат, чајна, кулен, сирење, кашкавал). Од салати најчесто ги правам таа со макарони и другата е со рендани компири и јајца.
     
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.169
    Пол:
    Женски
    Руска, руска и руска. Толку се.

    Ако кај мене у фрижидер најдеш руска, тоа значи дека или е празник или на некој му е роденден:D
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    25.539
    Последно правев во грчки стил со цацики, гиро пита тријаголничиња, салата на стапче (боцнати чери домат, кругче краставица, коцка фета и маслинка), мевце на стапче, пита со спанаќ, фета и повеќе вида маслинки.

    Тешко ми е да смислам за посна слава, здосадено ми е од риба/грав/сарма.

    А за НГ планирам charcuterie даска, не се малтретирам со готвење.
     
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.615
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Машки
    За слава и НГ правам руска, француска и пилешка салата, од другото не знам да правам, кифлички си нарачувам.