Форумџика на годината

Храна од инсекти - ентомофагија

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Realist1, 23 септември 2024.

  1. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Како технолог, не работам по струка ама пратам новости околу храната па би сакал да ја отворам темава и да прашам:
    - дали обрнувате внимание на етикетите со содржина на производот кој го купувате
    - какво мислење имате за оваа храна
    - дали би ја користеле вие или дали би дозволиле вашите деца да ја консумираат.

    И еве нешто од мене, пробав да биде интересно за читање и да ви остане нешто како знање кога ќе го прочитате а воедно е и мое согледување и препорака околу консумација на истата.

    Говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) или кравјо лудило се појавува некаде 80тите години а причината за нејзина појава е користењето на животински протеини во прехраната на говедата. Тоа би изгледало на некој начин вака: месото од животно со одредена старост или починато од болест се третира, и се добива протеин или таканаречено брашно кое се користи за прехрана на останатите животни,
    најчесто преку една генерација доколку се од исто стадо или бабата се дава како храна на внуката. Како последица на ова се јавува оваа болест која може да се пренесе и кај човекот. Во последните години се повеќе се актуализира додавањето и користењето на брашно од инсекти како што е штурец
    (Acheta domesticus), ларви( Tenebrio molitor) и уште неколку инсекти и пуштање на производи главно на пазарот во еу и уса кој целосно или делумно го содржат брашното од инсекти а истото е наведено и на самите производи како “содржи протеини од инсекти” или “ храна од инсекти”.
    Главното прашање е кој е ризикот од користење на инсектите како храна? Одговорот на ова прашање е многу тешко да се даде поради тоа што нема ни едно научно истражување на оваа тема. Инсектите поради нивната природа многу често
    можат да бидат носители на бактерии и габи а со
    самото тоа и микотоксини. Дел од болестите на растенијата може да се јават поради причината инсектите да се инфицирани и да пренесат на растението, што истото
    би се случило и доколку ние го консумираме самиот инсект или производ од инсектот. Микотоксините не се уништуваат целосно со готвење на температура од 100 до 210°C за време од 60 мин.
    Бидејки станува збор за производство на масовна количина, инсектот кој би се произведувал најверојатно во фабрики би се третирал со антибиотици, незнам на кој начин би се провериле
    милијарди штурци на пример за дозволено присуство на резидуи од антибиотикот кој ќе се користи. Алармантно е и тоа што со ова третирање со антибиотици би довело
    до поголема резистенција на вирусите, бактериите или габите поради кои се третираат а со самото тоа и нивно еволуирање во понов вид на истите.
    Несватливо е пуштање на цела прехранбена индустрија со потенцијално голем ризик од зоолошка пандемија
    без притоа да се направени целосни истражувања со единствено оправдување го намалуваме гладот во светот.
    Најпаметна идеа за да се намали гладот во светот би било носење на регулација за храната која се фрла од x причини во приозводството, како пример шест месеци пред истекот на рокот за употреба на конзерва месо да се повлече од продажба и да се донира или да се продава
    по симболична цена во земјите кои се сиромашни и преовладува голем глад.
    Сметам дека сме должни спрема нашите деца и нашиот народ да покажеме дека учиме од грешките и барем на 10 години да го затвориме влезот на ваквите производи на
    нашиот пазар. Профитот кој се спремаат корпорациите да си го добијат, да си го добијат врз експериментирање на нивните граѓани, последиците од вакцината за ковид ги чуствуваат голем дел од луѓето и мислам дека треба да научиме од грешката и да не дозволиме да ни се повтори. Да бидеме на јасно немам против употреба на оваа храна доколку се постигне научно истражување дека истата е биолошки,хемиски безбедна за консумација. Да се спречи е подобро одколку да се лечи! И за крај и протеинот за исхрана на животните од кој се доби кравјо лудило беше одобрен за сигурен на почетокот !
    Да го ставиме разумот и здравјето на прво место а заработката и капитализмот на второ.

    Кој сака да прочита повеќе и сам да си даде мислење.
    https://www.fao.org/3/cb4094en/cb4094en.pdf IMG_0813.jpeg IMG_0812.jpeg
     
    На Abeja, INNERBEAUTY и Deus ex mahina им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.740
    Пол:
    Машки
    Твоето гледиште се базира на одговорноста што ја имаме кон идните генерации и потребата да учиме од претходните грешки. Историјата навистина ни покажува дека при воведување нови прехранбени технологии, како што беше случајот со говедската спонгиформна енцефалопатија (кравјото лудило), последиците често стануваат очигледни дури по години. Затоа, е клучно да бидеме претпазливи и да бараме научни истражувања што ќе го потврдат квалитетот и безбедноста на новите производи.

    Исто така, прашањето за додавање инсекти во храната како алтернативен извор на протеини се отвора главно поради глобалните еколошки и економски предизвици. Производството на месо троши многу ресурси, и инсектите се сметаат за одржлив и ефективен начин за задоволување на зголемените потреби за протеини. Но, како што истакнуваш, одржливоста не смее да оди на сметка на безбедноста. Ризикот од зоонозни пандемии, потенцијалните проблеми со антибиотици и непредвидливите последици врз здравјето на луѓето се критични прашања што треба да бидат решени со сериозни истражувања.

    Што се однесува до децата, сите ние, како родители, се стремиме да ги заштитиме од потенцијални ризици. Без доволно информации и докази за безбедноста на овие производи, мислам дека е логично да бидеме скептични и да избегнуваме да дозволиме нашите деца да ги консумираат. Секогаш ќе има нови технологии и трендови во исхраната, но одговорноста на секој поединец е да го стави здравјето на прво место.

    Идејата дека треба да ја адресираме нерамномерната дистрибуција на храна, наместо само да измислуваме нови извори на храна, исто така е многу важна. Во светот се фрла огромна количина на храна секоја година, а една од најголемите причини за гладта е лошата логистика и пристап до храна, а не недостаток на ресурси. Со подобрување на системите за дистрибуција, социјалната одговорност на корпорациите и регулациите, можеме да направиме значителен чекор кон решавање на овој проблем.

    На крајот на краиштата, дискусијата за инсектите како храна и други нови трендови треба да биде многу транспарентна, научно заснована и соодветно регулирана, со цел да се избегнат негативни последици.
     
    На Abeja, Mrs. right, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Женски
    Многу добар пост, фала ти. Иако на крајот покажуваш надеж и верба, јас мислам дека е пореалистичен првиот дел, дека со ова темпо на развој и уништување на крај веројатно само скакулци ќе јадеме.
    Ние одамна, ама баш сигурно барем еден век, сме на технолошко научно ниво да живееме ама баш сите подобро, и со самото тоа и поскромно, ама веќе го отфрливме тој концепт и одбравме да си уживаме во раскошот на крајната пред-дистописка журка.
     
    На Abeja, Gosh и Realist1 им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Нема смисла да споредуваме хранење на стоката со пцовисани лешови или погубени болни животни, и инсекти одгледани на фарма под регулирани услови. Ниту пак да се споредуваат болести што можеме да ги добиеме од едните, и од другите.

    И животинското месо денес што го јадеме е со пореметени хормони поради стрес при погубување и лоши услови за живот, полно со антобиотици, тумори и генетски болести, клукано со стероиди и рането со риба, лешеви и рециклирана био храна која се меле со се паковањето, па од тука и микро пластика.

    Така да не гледам проблем да јадам протеин од бубачки, сомелени кои не ни знам дека се таму. Кога можам свинско да јадам, што се храни со сопствен измет и лешови, ова ми е најмал проблем.

    Околу намалувањето на гладот во светот, не сум толку романтична по тоа прашање, и мојот одговор како и да е, е кинески, билгејтовски и соросовски - има премногу луѓе, и треба да се контролира и регулира населението - кога истото тоа не е способно само да се регулира и да иде против животинските нагони и да го нарушува Екосистемот, иако има разум.

    Ете пробале преку сиромаштија, али тогаш па контрадикторно луѓето најмногу на ебавање маваат, што според мене е чист паразитизам.
    Епа затоа сеа иаме ракови, корони, комарци, сиди у циркулација, а лек коа тилот ќе си го видиме.

    И за крај, покрај тоа што е небулозно да бараме разум пред капитализам, во капиталистичко општество, уште понебулозно е да го бараме во врска со храната - причината за живот.

    Што би рекле старите, кога си гладен и гомно ќе изедеш. Да не речам кал, инсекти, измет, лешеви од животни, па и лешеви од луѓе. Прашајте ги јадните луѓе во вашата хвалоспевана светска економска жими путкава за народот велесила Кина.

    За некои работи е предоцна, и ние луѓето сме криви. Али како и да е, светот ќе продолжи да се врти и после нас.
     
    Последна измена: 23 септември 2024
  5. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Има смисла да споредуваме, зошто? Затоа што самото животно не е ништо криво за начинот на кој се исхранува и кој се третира. Главниот виновник за се претставува човекот, ако не веруваш еве можеш да погледнеш кога ќе имаш време на кој начин се добива храната документарката ја побарав тргната е од јутуб а се вика food mathers.
    Не те разбирам шо сакаш да доловиш со делот разум небулоза и храна ама спрема мене не не небулозно ни па неразумно кога веќе плаќаш да си добиваш квалитетен и безбеден производ.
    Ја не гледам проблем да се користи доколку стварно има потреба ама моментално се алудира на тоа дека се брза да се пушти во употреба за чист профит нешто шо незнаеме како би влијаело врз опстанокот на човештвото.
    Болестите кои ги наброја како ракот на пример, главна причина за негово добивање е од храната, употреба на адитиви, бои, и останати додатоци кои се штетни а се регулирани со дозволено количество за консумација спрема човечка телесна тежина.
    Ако мислиш дека е зафрканција и не е озбилна работа ова и дека не е битно битно е само да се јаде еве погледни го ова па размисли си: https://vm.tiktok.com/ZMh28AYPa/
    Се согласувам ние луѓето сме најкриви. Се за пуст профит.
    Иначе здраво гош. Its been a long time. Thug life choce us ! \m/
     
    На Billy Idol и Deus ex mahina им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.892
    Допаѓања:
    179.065
    Претпоставувам не јадеш диви животни. Логично, нели и животинското месо што го јадеме е од гледано во ,,регулирани,, услови? Нели не би требало да ги има антибиотиците на пример?
    Како жител на ЕУ знам дека наводно има контроли на храна и наводно се исклучуваат од продажба производи кои содржат над дозволеното ниво, конкретно антибиотици. Конкретно еден мед го снема а со него и целата фирма за мед, ради антибиотици. Она наводно погоре- реално не верувам дека контролираат се и премногу често, односно сигурна сум дека го прават тоа се помалку. Јбг, и во мк одвреме навреме ќе фатат млеко со алфатоксини, не дека и во мк не работат...ама, ај да не ја шириме.

    Инсектите што почнаа од неодамна да ги бутаат во храна, мора да се декларирани. Е сега, кој да ги прочита сите мали букви и да им ги знае сите називи:doh:. Имало некои обиди и во леб да ги пикаат, ама нешто неславно завршил обидот, таков леб веќе нема. Ваљда пазарот го кажал својот збор:wasntme:. Ги приметив и бо некои чоколади, и нив ги немам веќе видено. И покрај недоволно познатиот импакт, постои познат импакт дека се можен алерген и имуно-заебант,so that being said... ме потсетивте, да проверам декларации на производи што ги купувам, да не ми додале некое бубаче во меѓувреме]:)
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    21.923
    Пол:
    Женски
    Имаше едно девојче шо ми излегуваше на тик ток, се преселила во една земја, заборавив како се викаше, и си нарачуваше бубачки за јадење. Скакулци, црви, дури и тарантули. Па да видиш како крцкаа :puke:
    Не ви ги читав коментарите, оти не сакам да знам во кои јадења ставаат бубачки. Знам дека ќе ми се одмили јадењето за навек :puke:
     
    На Amore123, Feminka22, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Ја едвај месо пробав не па ова.
    Нема шанса
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.892
    Допаѓања:
    179.065
    Нема да ти понудат стек од скакулци, попрво шелак ќе биде во некоја грицка што нема да го прочиташ ако не ги читаш ситните букви...што и да е шелак:tmi:
     
    На Feminka22 и Realist1 им се допаѓа ова.
  10. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Една третина од светот нема доволно храна денес, половина немаат чиста вода. Инсектите се јаделе и ќе се јадат уште долго затоа што се лесен извор на храна. Тоа што не се јадат тука тоа е друго.

    Второ, имаш ставено кордицепс за инсективе. Кордицепс инаку го користиме во алтернативна медицина, и буквално се продава како прашак. Не глеј многу серии со зомбиња те молам.

    Рак како таков не е една болест туку се илјадници, и сите имаат различни причинители. На пример рак на кожа, исхраната има улога ама најголема улога и најголем причинител е сончево зрачење, рак на бели дробови не се фаќа од јадење на нитрати, ами од пушење, истото важи за сите типови рак. Рак дека ќе фатиш од јадење инсекти, мало морген, веќе јадеш инсекти на дневно ниво, дали во чоколадо или во мелено кафе (луѓе со алергија на ракчиња, не смеат да пијат мелено кафе, затоа што многу често се случува да измелат и по некоја бубашарба, а имаат сличен состав).

    Така што те молам во иднина немој со тактикиве на плашење, срамота е, не сте мали деца.

    Шелак е инаку адитив за да има блескавост и во фармација се користи за оние, timed-release и еnteric-coated пилули.
    Јас го среќавам у гумени бомбони и не ми смета.
     
    Последна измена од модератор: 25 септември 2024
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.892
    Допаѓања:
    179.065
    Фала, сега одам да ги читам и лековите...
     
  12. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Другар, ај земи читни малку прво пред да коментираш, рак на белл дроб добивале само пушачите… дај молам ти се од на светско ниво рак на бели дробови добиле 60 посто пушачи 40 посто непушачи и тоа неможе да се докаже дека сите пушачи добиле од пушењето.
    Друго едно е да користиш бои од инсекти друго е да имаш цела индустрија за производство на масовна количина на храна од инсекти.
    И никој не плаше никој, реалност и научно е докажано дека инсектите пренесуваат болести на растенијата а како такви може да пренесат и на човекот.
    И пред да ги правдаш капиталистите и нивните глупости дека немало храна доволно во светот 1.3 милијарди тони годишно на храна се уништува. Како пример ти е еве конзерваната индустрија каде само произведуваат и ако не се троши за да не падне на цена се повлекуваат од продажба и се уништуваат.
    На крај краева мене ми е гајле шо ќе јадеш ти и тие таквите како тебе шо го бранат капитализмот, ја сакам да знам шо ќе јадам јас и тоа да биде напишано на етикетата позади значи сакам да имам избор.
    Исм ставено кордицепс, како да им објаснам на луѓето кои немаат познавање на друг начин ако не ајде ќе ги замараме со болестите латинските називи и останато. На тој начин нема да му биде ни интересно за да го прочита постов а не па да се освести дека може да си избере шо ќе јаде
     
    Последна измена: 24 септември 2024
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    21.923
    Пол:
    Женски
    Толку многу ги мразам инсектите шо ако има апокалипса, попрво човек би изела отколку инсект да апнам.
     
  14. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Друга работа 99 посто сум сигурен дека болестите особено новите болести доаѓаат заради модерниот начин на живот и гледање на правење капитал и никаква заштита на корисникот, сум работел технолог и сум правел срања не ми кажувај што јадеме те молам.
    На газдата не му е гајле дали производот е здрав гајле му е да стигне на пзарот и да се продаде, треба да сфатиш дека не те гледаат како ништо освен како консумент и некој од кој ќе направат профит.
    Ни who ни fao го интересираш ти или кас или нашето здравје.
    Имаш дозволен внес на некој адитив по килограм што предизвикува канцер кажи ми ти колку пати седна да пресметаш дома дали го поминуваш тој дозволен внес од канцерогената супстанца
     
  15. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Сега ќе бидам безобразен и ќе си потрошам од времето, затоа што седнав да ја прочитам твојава “стручна објава“, и сега како некој кој работи со алтернативни извори на храта, а и гладот во светот ми е пасија односно проблем на кој сакам да работам, ќе ти го деконструирам постов од прва до последна точка со факти и аргументи.

    1. Говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) или кравјо лудило, е прионска болест, прионска од зборот прион што е кованица од protein и infection односно протеинска инфекција, или протеински инфективен агенс. Кравјото лудило се јавува затоа што мозочно ткиво, каде се содржани овие протеински инфективни агенси или приони, биле користени за исхрана на други животни.
    2. БСЕ не се пренесува на луѓе, туку во мал број на случаи предизвикува варијантна Кројцфелт-Јакубова болест што е аналог на БСЕ кај кравите, но клучен збор варијантна и во мал број на луѓето кои консумирале од тоа месо. Значи не кај сите, кај мал процент.
    3. Појавата на приони кај инсекти не е возможна затоа што прво се многу рудиментирани како организми и немаат мозочни системи како нашите, а второ да може да пренесат, баш сега читав, ама може да пренесат прионски инфекции ако се хранети со месо односно остатоци од животни.
    4. Инсектите носители се на бактерии и габи, ама извини и сите животни се носители на бактерии и габи, всушност внимателно одгледувани инсекти се многу помалку ризични од внимателно одгледувани крави. Најбуквално природните видови на Ешерихија Коли во кравските стомаци, за нас се токсични, еве најстрашната O157:H7 е буквално во скоро секое второ говедо, затоа што говедата се најголем био-резерват за овој подвид. Кај нив не предизвикува ништо, кај нас предизвикува труење со крвави столици.
    5. вирусите, бактериите или габите не се третираат со антибиотици, со антибиотици се третираат само бактериите, вирусите ретко и да се третираат, а габите се третираат со фунгициди. Ама не верувам дека никој производител на големо, би се замарал да лечи, кога може само да работи со стерилни скакулци, стерилни скакулци значи намалени трошоци за производство и за третман на крајниот продукт како и намалени загуби. Со скакулците ова е изводливо, мини фабрики, нешто слично за фабриките за кокошки каде немаат ни воздух видено, ни трева мириснато.
    6. Срамота е како технолог, да покажуваш волку големо незнаење на темата, срамота е како академски граѓанин да пробуваш да сееш страв во коментариве со неповрзани случаи како кордицепсот и инфекциите, срамота е да граничиш со теории на заговор, место да седнеш и да прочиташ каде се, се јадат и се јаделе инсекти. Прекини со туркањето идеологија и дај да соочиме факти.
    Толку од мене

    Јас зборував за ризик факторите, да не добиваат само пушачи (Извини Волтер Вајт), ама грото се заради ризик фактори, и ракот како таков не е една болест туку се илјадници.
    Научно докажано? Па инсектите ни се број еден пренесувач на болести на растенијата, а и на луѓето, не е ова нова информација. Не мора да одиме до кордицепс, почни од Маларија, најсмртоносната болест во светот, ја пренесува комарецот.

    Инаку не дека не произведуваме доволно храна, ама достапноста и квалитетот на таа храна е голем ! , а достапноста е најголема во развиените држави, да конзервна индустрија, ама нема да нараниш никој само со конзерви. Башка што моменталната исхрана со месо е неодржлива на долг план, затоа што субвенционирањето е единствениот начин на кој ги одржуваме овие вештачко ниски цени на месото и млекото.

    Инаку не е замарање со латинските имиња и називи, ама важно е фактите да ги презентираме во целост, да не биде расипан телефон па утре, Станка да ми објаснува како инсектите ќе ме праеле зомби.

    Јас во ниту еден збор не го бранев Капитализмот? Не знам од каде тој заклучок патем.
    Патем не јадам храна во процесирана состојба, затоа што не сум по тоа, генерално најпроцесираната храна ми е млекото, ама тоа има само УХТ стерилизација. Зависно и каде си работел.
    А за WHO FAO, кога ќе знам некој што работи во нив, ќе ти кажам што мислам, иако имам некои колеги кои соработуваат со ФАО, и имам позитивно мислење за нив.

    А да инаку моето мислење на темава, муабетот за инсекти ќе замре во моментот кога ќе направиме микро-биолошки реактори кои ќе можат да произведуваат квалитетен млечен протеин по достапни цени. Имаше неколку старт-апови кои правеа микробиолошки произведена сурутка, ама цената беше небо, плафон, затоа и пропаднаа.

    Зошто микробиолошки произведен млечен протеин? Затоа што е многу повкусен и полесен за инкорпорирање во храна од инсектите, има многу помал ризик од било каква контаминација и башка ме интересира дали некој ќе reverse-engineer-не сирење од микробиолошко потекло. Би било интересно.

    Друга алтернативна храна која ќе биде многу позастапена од инсектите се алгите односно микро-алгите, затоа што се многу ефикасен извор на храна (растенијата имаат 9% ефикасност на искористување на сончевата енергија, микро-алгите имаат 12%), има видови кои имаат високи нутритивни вредности, ама таму проблемот ќе биде вкусот и дел од тешките метали (некои видови акумулираат неповолни тешки метали).

    Отидов да јадам цитрон.
    Ај до утре поздрав.
     
    Последна измена од модератор: 25 септември 2024
  16. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Немаш проблем еве јас ќе ја фрлам мојата диплома и искуство во прехранбената индустрија и ќе оставам некој кој има пасија и работи за алтернативни решенија на храна да ми кажува како нема да ги третира штурците со фунгициди и дека фунгицидите од кога ќе се третираат штурците ќе бидат безопасни зато што сите се испрскани рамномерно и само во таа количина навлегле во организмот на штурецот, па и каренцата ја почитува производителот таман е. Исто и за антибиотиците кои ќе се користат за бактериите, а и секој штурец ќе го земете и еден по еден ќе го проверете дали има вирусна инфекција или не. Таман е.
    Ако не се пренесува или како шо кажуваш ти дека се пренесува само кај мал број на луѓе тие немаше ни да прекинат да го користат протеинот.
    Најди ми научна студија каде што се покажало како безбедно ова шо се планира да се прави и нема да биде проблем да се користи а до тогаш мислам дека е најдобро да си го користат тие што си го промовираат вклучувајќи те и тебе.
    Сеа може да пренесат приони или не може? Застани на едно или утре на детето дома ќе му дадеш да јаде па или ќе фати нешто или нема да фати?
    Ја не туркам идеологија или завери, ама читам и носам заклучоци врз онснова на тоа шо го гледам во пракса и научни трудови. Би ти препорачал да излезеш малку на терен а не од канцеларија само, теорија е едно пракса другарче е сосем друга работа
     
  17. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Сам си контрадикторен еднаш викаш нема храна има глад сега викаш има храна нема координираност за да дојде истата до луѓето :D
    Наздравје цитронот :)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.892
    Допаѓања:
    179.065
    Зошто нас во Европа ни треба алтернативна храна и зошто лиценца е дадена на две компании, едната виетнамска?
    Колку се тие безбедни дневни дози?
    https://mythdetector.ge/en/has-the-...-food-and-what-do-we-know-about-their-safety/
    Дали е алерген-да. Затоа мора да биде декларирана. Зошто ни се потребни уште алергени, и дали овие се вклучени во панелот за тестирање алергии?:?:

    Ок, руска пропаганда е, разбравме, do not question my authoriny .:bug:

    Одам да го читам панелот за алергии сега, капсулите исчитани ми се, растителни, веган:sun:
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Другата холандска ли е :D
    Мора да има претставник од азија таму голем дел од населението консумира инсекти :D
    Ни треба дека ја фрламе произведенатa храна вишок ни е нема кој да ни ја откупи па затоа алтернативно профитчето мора да оди :D
    Истото го направија и со гмо то па сега си имаш гмо скробче во ќечап итн итн и никој ништо не реагира дека не е штетно нели битно роундап препаратот си оди на големо :)
    За дозволен дневен внес можеш да си провериш за секој адитив посебно имаат објавено на фао
     
    Последна измена: 24 септември 2024
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Машки
    Не сум спан цела вечер од работа заглавив на берза па сега од 10 пак сум на работа легнав малку и ми текна на тебе, па од телефон не сум те ни читнал ко шо треба па си реков ај малку да видам да изанализирам што има кажано човеков па може и да научам нешто ново и стварно ете ова за микробиолошките реактори не сум го разбрал и баш наредни денови ќе седнам да видам што новости има на таа тема. Прво ќе ти кажам имам грешка во на ставањето на фунгицидите туку само антибиотици сум ставил во постот па веројатно затоа пробуваш да ми објасниш што е фунгицид што е антибиотик, може еве и за репеленти да ставиме дека сме изоставиле :)
    Знаев дека си буквалист затоа и те чепнав малку прочитај нешто па збори и добро е шо го направив тоа ќе има со кој да дискутирам и да разменувам мислење на темава а со тоа и да научам по нешто.
    Втора работа премногу буквално сфаќаш тоа шо е напишано, примерот со говедското лудило ми е ставен како пример дека од грешка може да дојде до нешто големо кое ќе го плаќаме ние луѓето а не ми е ставен дека прионот ќе замине во инсектот и ние сите ќе изумреме. Ако внимателно го прочиташ текстот ќе ја сфатиш поентата, а ако ти прече шо е лаички напишан кажи ми ќе го напишеме како шо треба :D
    Значи до третата точка истото ми е кажано е сега
    E сега кога станува збор за храна значи како оваа што ја консумираме мониторингот на истата се прави врз основа на потеклото на храната, значи дали е од животинско потекло, растително итн. главно мониторингот се прави врз основа на 9 патогени бактерии од кои еcherichia coli O157:H7 ти е најпатогена и потоа се редат и другите lysteria monocitagenes, enterocolitica, vibrio различни видови од оваа, cyclospora, clostridium botulinum, stafilococus aureus итн итн. Само неколку бактерии од овие може да донесат до расипување на храната и болести кај човекот. Начинот на кој се добила бактеријата може да биде различен од самото животно до контаминирана средина на преработка или обработка како и недоволна термичка обработка, чувањето и складирањето во несоодветни услови итн да не должам да држам предавање треба цела недела да зборуваме. Убавото во ова, и покрај можноста за заболување е тоа што ние сме свесни и знаеме што може да добиеме, и доколку нешто се случи, знаеме дека случајот е од некоја од овие бактерии, па така самиот случај се знае како да се третира и како да помине преку несаканото со најмали последици.

    esch.coli може да се најде кај инсектите заедно со camphylobacter како и другите биолошки контаминенти.
    Кога станува збор за инсекти ние имаме една цела нова индустрија која треба да се пушти во погон, и ја неам ништо против тоа како иновација само проблемот е што многу тајно се работи се, и многу брзо се гледа да се имплементира без притоа да се одговори на повеќе прашања, исто вака се напнуваше и со гмо храната, монсанто си направи се за профит па така сега сите си користиме гмо како ништо да не било.

    на пример дали ние ги знаеме сите вируси кои се наоѓаат кај инсектите?
    дали ги знаеме сите паразити кои може да се јават на инсектот ?
    дали ги знаеме сите бактерии кои може да ги носи инсектот?
    Шо прајме доколку се јават микотоксикози на кој начин ќе се откријат тие од ројот кој се гледа
    што правиме со резистентноста која ќе ја добијат сите горенаведени од третирањето и
    мутацијата на сите наведени во нови и поотпорни соеви.
    Шо прајме со бактериите кои формираат ендоспори

    еве за пример кој ќе бидат показатели кои ќе се земаат во предвид за да се знае дали консументот добил нешто од консумацијата на производот?
    Дали некој има извршено студија за на пример како консумацијата на овие производи ќе делува врз организмот на рок од да речеме еве 10 години? еве пуштиле нешто за ова (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC10386438/)
    Незнам зошто не се истражи детално се и кога ќе се увидат критичните точки и потенцијалните опасности да се пушти како шо треба, се нешто на летање се прави

    Најважното прашање за да се насмееме - Шо ќе кажат овие од анима мунди за убивањето на миљарди скакулци и ако не се заинтересирани за скакулците да направиме ние едно здружение за заштита на инсекти :lol:

    Дај ако сакаш пушти ми те молам материјал за овие микробиолошки реактори ама по можност да биде некој артикл научен да не е веб сајт или ајде може и вебсајт да видам од кај црпиш податоци за овие новиве инвенции