Новата песна на Ана Бајмак Грозданова и Милка Ангелова. Ана е професорка по математика во Корчагин и моја блиска пријателка која, во почетокот на моето патешествие со Христос, со нејзините песни ми помогна да го возљубам Бог и со срцето и душата, а не само со интелектот и разумот. За вие што ја знаете мојата приказна со борбата со канцерот (далечната 2007-2009 година), Ана е сестрата која, уште пред да бидам тогаш дијагностицирам со канцер, ми прати смс порака со следниов библиски цитат: „А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата и исцелување ќе има во зраците негови“ (Малахија 4:2, Библијата) Уживајте и нека оваа песна биде ваша молитва:
На 14ти во 19ч во Богоројца црквата ќе има фестивал на византиско пеење со црковни хорој од мк...повелете. *настано е во Битола
Дали сте запознаени со оваа музика, дали слушате? Лично мене многу ми помага кога во најтешките моменти сум немала ни зборови и сила ни да се молам на Бог. Верувам и знам дека музиката сама по себе има "сила" да влијае на човекот и на неговото однесување. Така да оваа музика ми помага да му ги изразам чуствата на Бог, тага или радост, да ме крене, да ме излечи на некој начин. Еве конкретно на што мислам, линкови од некои песни. https://youtu.be/fiyYoe678yI https://youtu.be/lKM-8CZRplI
Супер тема! Слушам доста, некои од омилените подолу: 1) for King & Country - God Only Knows 2) Leeland - Way Maker 3) MercyMe - Even if 4) Chris Tomlin - Our God 5) Chris Tomlin - Good Good Father 6) Hillsong United - Oceans
Може ли нешто на македонски или српски? Имам тежок период би можело да ми помогне. Благодарам однапред.
Немам навика на спрски да слушам, на македонски освен во недела во црква (одам во евангелска) и сама по дома од песните што ги знам си ги пеам... Но ете како музика најмногу ми лежат англискиве, веројатно навика. Ова најдов на јутуб, има убави песни на овој канал. Исто и на овој. Се молам за тебе да те води Господ до спасение, исцеление и победа во периодот што минуваш.