Форумџика на годината 2020

Хулахопки и сандали. Да или не?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Gerberce, 20 јануари 2011.

  1. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    53
    Ме интересира што мислите за оваа комбинација. Дали ја одобрувате и дали сте носеле хулахопки со сандали?
    Јас ја практикувам доста често, знам дека е faux pas според многумина, но ете гледам дека во поново време дури и на модните писти е се почеста.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На angelche16 и marina.baby им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Сандала е летна обувка. Ако ми е ладно носам салонка или балетанка.
    Хулахопки носам ако ми е ладно, значи зимско парче е.
    А зимско и летно не се меша.
    Автоматски дефинитивно НЕ.
    Или сандала и гола нога или хулахопка и салонка!
     
    На ♡BuBaLe♡, cresa-jagoda, LittlePinky и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.546
    Кога е лето не носам хулухопки но сега зимата е ладно а и мислам дека добро стојат со сандали а и со штикли да се носи :D
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    134
    не ретко имам носено сандала со хулахопка (тенка), и ниту малку не ми лошо изгледа :)
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    498
    Колку и да е модерно или тренди мене сандала со хулахопка не ми иде.
    Хулахопки со салонки или евентуално со оние само со отворен прст, под услов хулахопките да бидат напред без раб и да не се кај прстите во два слоја (се надевам добро објаснив).
    Сандали на боса нога, што подразбира и екстремно негувано стапало и лакирани ноктиња.
     
    На cresa-jagoda, LittlePinky, ocila и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.955
    Пол:
    Женски
    Хулахопки и сандали. Не
    Никако
    има тенки хулахопхи кои завршуваат кај зглобот и стапалото е слободно. Ова ептен ако мора да се носат хулахопки
    Освен тоа на отворена сандала ако се носат хулахопки ногата се лизга и како на јајца да се гази
    За хулахопки има салонки, затворени чевли, но сандали не!!
     
  7. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    53
    Па добро, знам дека повеќето се против ова. Али, сега скоро бев на една свадба, јас носев хулахопки и сандали (скоро секогаш на свадби така идам). Секогаш гледам да бидат кожа боја или као сунчани хулахопки, али ако баш сакам да носам црни тогаш обавезно црни сандалки. Но на свадбава бев далеку од единствена. Имаше доста девојки и жени кои беа така облечени. Дури имаше една храбра девојка што носеше сребрени сандали со црни хулахопки и да ви кажам право многу слатко изгледаше и привлекуваше многу внимание кон себе...
     
  8. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    53
    Хулахопки без раб (ако мислиш на шавот од шиењето кај прстите) не постојат. Сите се шиени таму. Постојат едни многу ретки најлонки кои кај нас никогаш ги немало и шиењето е фактички испод прстињата али ипак го има. Али ако збориш за појачувањето кај прстињата, тогаш... ако немаш хулахопки без појачување, лесно можеш да си го подгазиш појачувањето и да не се гледа :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    :D
    Не се ретки ги има во секоја чорапара :)

    И јас не сакам на свадби кога ќе видам тенки хулахопки и сандали.Сандалата е за лето. Не е за зима, па да ги носиш на зимски свадби. За зимски свадби е салонка! Иако е топло во ресторанот сепак не иде да искочиш и да зашлапаш снег со сандала :?:

    А ова е новата мода хулахопка дебела и сандала. Џабе и тоа не ми се свиѓа.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Иако јас сум за прекршување на модните правила, ама сепак не го прекршувам она поделба на зимска и летна чевла. А сандалата е летна. Таа не оди со зимска хулахопка!

    Или ова |(
    [​IMG]
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  10. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Не не не не никако :worried: :worried: Изгледа многу кич и невкусно.. :worried:
     
  11. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    688
    НЕ!

    Ништо нема поодвратно од тоа да видам некоја девојка/жена облечена во сандали со хулахопки...

    Луѓе, не чини, едноставно не е убаво!
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Нема шанси мешање сандали и хулахопки.
    Една јавна личност од мојот роден град постојано летно време носеше сандали и хулахопки ( и тоа во боја ) и ми делуваше како грдата Лети :D штета ниту еднаш не ми текнало да ја сликам :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    едит: сандала и гола нога, салонки/чизми без голи нозе .
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Имам носено комбинација од црни високи сандали и црни дебели хулахопки.

    Инаку најчесто претпочитам или сандала на гола нога, или салонка со хулахопка. Има и рима. :D
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум носела сандали во комбинација со хулахопки,од причина што мене ми изгледа неубаво.Подобро сандали на гола нога,отколку со хулахопки :) според мене :)
     
  15. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Имам носено хулахопки само на салонки напред со отворен прст, ама на летни сандали хулахопки-не, и не стои убаво според мене, а и не верувам дека во зима би носела сандали, па да морам хулахопки да облакам, а преку лето нема потреба од нив.
     
  16. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Лошо многу лошо, ако ти е ладно стависи чевли и онака има многу свечани па оди кај со сакаш, ама сандали НЕ НЕ НЕ :puke:
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски
    Ако генеразлизирам ќе кажам дефинитивно НЕ!
    Одвратно ми е кога ќе видам девојка во сред зима, со отворена штикла и проѕирна хулахопка. Делува многу невкусно. Се знае по дифолт во зима се носат затворени чевли.

    Е сега сум видела и исклучоци кои многу добро знаат ова да го носат.
    Ја имам забележано Палермо како носи, ама толку умшено што нема шанси да ја декларирам како модна утка.
    [​IMG]
    [​IMG]

    И тука на пример не ми делува лошо:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Е сега има и уште една дилема тука. Чорапи и сандали!!
    На модните писти ми изгледа баш шик, ама јас не би се осмелила да носам.
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Не, јас не би носела. Ми изгледа смешно, невкусно.
    Навистина во последно време оваа комбинација е се почеста на модните писти, меѓутоа мене лично не ми се допаѓа. Во краен случај може да облечам, ама сандалчиња затворени напред, никако отворени. :)
     
  19. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа и никогаш не ми облекла...
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    114.183
    Не знам како да убедам многу жени у мојава околина дека не оди!Ми е гајле ако се специјални без раб и здебелување напред кај прстите,изгледа ко да имаат меѓу прстињата кожички како жабите што имаат за полесно пливање.Ниту оние компир-ципелици не би се осмелила да ги носам со вакви хулахопки...бљак.
     
    На CameliaMiller и LilMissBossy им се допаѓа ова.