Само уште ваква глупост таканаречена "Хурем на годината" фалеше на нашиве и веќе онака бедни телевизиски канали.Добро, кој им дава за дозвола да снимаат такви дебилни емисии ?! Кој ?? Отишла таму за да ја види цела Македонија...За многу важна титула се борат, за фиктивен лик од турска серија која ја гледаат само баби. Оф, Македонијо, освести се веќе еднаш ! Сите 10 напред, ние 15 чекори назад...
[СДК] Сакам да кажам... Па да...Конечно селската песна на Лоба - Волку во соодветна емисија. Избор за најхурем... Ај погодете зошто!
[СДК] Сакам да кажам... Хахаха и јас пукам сеир со Xурем,ама тоа Штипјанчето мало ама е убаво ги шие сите.А ХУРЕМКИВЕ шо да причам повеќето на САбина Ајрула ми личат ајде де,за сеир е супер ете ја и ЕСМЕ,без неа вакво шоу нц нц
[СДК] Сакам да кажам... Масовно тролање на Драган Вучиќ, вакво затишје надвор едино додека Касандра се емитуваше. Абе Драгане бе. На твојата иновативност и нема крај. Ете како едно сељачиште на векот собира внимание.
[СДК] Сакам да кажам... Хуремкиве Х немаат од Хурем а Драган Вучиќ в нема од водител!! Колку ли се лигави аман веќе!! А иначе јас би ја избрала Есма за Хурем на годината .. заради облеката дее...
[СДК] Сакам да кажам... Се, се ама Хурем на годината НЕ. Никако. Злосторство е ова да се гледа, како цунами на мозочни клетки делува.
Да не е Лоба потенцијална Хурем? Не знам како изгледа Хурем ама сигурно Лоба има некоја тајна врска со целата ситуација. Среќа што во спална на шеринг не ги фаќам тие мк телевизии и не знам на која тв се емитува шоуто на Вучиќ. За Хурем на годината имав прочитано на ФБ нешто како праќале слики за нај Хурем, ама не знаев дека и емисија има. На која тв е? Финале ли е? Не сум го гледала величенствениот, а нешто прочитав дека Хурем со уште две пријателки од серијата биле разуздани до рани утрински часови, а тука ми ги прават ајшиња, и реално би било нај Хурем да биде сестрана.
Ете и ова го дочекавме бираме Хурем на годината,леле немој да има и следна година Дал да се смеам ил да плачам А бре епа македонче
Очекувам да видам девојчиња од средно, а оно повеќето од факултет . Сериозно ова . Скроз забегале девојките. Хурем бре и тоа на годината .
оф лелее баш се изнасмеав ама ниедна не личеше на Хурем, ''напредуваме со државава во секој поглед '' уште што се не ќе исмислат
Не дека ја мразам јас Хурем,но зошто да имитирам некој друг и зошто фактички да се погазувам себеси.Биди тој што си едноставно.За мене емисијава е чиста глупост.Многу сељачко нешто,ама тоа е. Инаку Лоба ми беше дефинитивно многу без стил облечена,поготово делот каде што и се гледаше стомакот не ми се допаѓаше воопшто.
Дали ова значи дека секоја година ќе се избира Хурем на годината? Е уште тоа ни фалеше, и за догодина и правата Хурем да ја донесат нема да е лошо. Хурем на годината еј, каков наслов мајко моја. А која победи, се дозна или ќе идеме и ова во поише кругови?