Драги феминки ми треба мала помош околу следново .. Сакам да порачам производ од еден сајт од Америка, производот со нивиот shipping до кај нас би ме чинел 14 000ден е сега, дали некој можеби знае колку се доплаќа за царина и данок во државава во случај кога порачуваш производ од странство и како оди процедурата. Прошарав низ форумов и не најдов ваква тема па доколку некој порачувал и знае ќе ми бие од големо значење да го сподели своето мислење и искуство
Секако дека се плаќа. Јас сега нарачав саат од интернет и ми наплатија вака: на вкупната цена заедно со shipping му додадоа 5% царина и после на тоа 18% ддв. Ми дојде околу 6000 вкупно упм. По пошта ми стигна писмо со кое ми кажаа дека пратката стигнала во царина во Скопје и дека треба да им доставам доказ за тоа колку вреди. Им пратив по имејл тоа и после неколку дена ми дојде ново писмо во кое ми кажуваат дека треба да одам во поштата во мојот град за да си ја подигнам. Таму им ја платив уплатницата и ми ја дадоа пратката. Во суштина тоа е тоа.