1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цвеќе

Дискусија во 'Дом' започната од Lastbreath, 11 јуни 2010.

  1. Lastbreath

    Lastbreath Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Незнам дали темава е за овде, ако не е слободно преместетеја. Прашањето ми е каде во Скопје може да се набават егзотични цвеќиња? Ако знае некој нека каже....

    Има овде обожавателки на цвеќиња?
    Како вие се грижите за цвеќињата и каде ги чувате?
    Како ги одгледувате?
    Повеќе сакате саксиски или вештачки?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Има еден цвеќерник т.е. цветна градина карши Александар Палас, кога се иде према парк, кај кафаните, не знам како се вика ама нема шанси да ја утнеш. Таму има се и сешто и скоро се е егзотично. Значи алал да им е на луѓето што ја одржаваат. Посети го тоа место, рај за очи е . Таму сигурно ќе го најдеш тоа што ти треба.
     
  3. Lastbreath

    Lastbreath Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Фала ти баш ќе проверам...
     
  4. babyblue

    babyblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    А во Битола каде можам да најдам :?: ако знае некој нека пиши
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Имате ли цвеќиња и колку се грижите за нив?/

    Кога живеев со моите, имавме многу цвеќиња и за сите нив се грижевме јас и мајка ми. После, кога почнав да живеам одделно, бев во таков хаос, што ни на крај памет не ми паѓаше да одгледувам цевеќе. Еноставно премногу беше за мене, преку глава ми беше од се. Сега веќе си доаѓам на себе, и пак почнувам да чувам, за почеток во дворче насадив нешто, за здравје кога ќе биде погодно за садење, ќе насадам повеќе, а во пролет во двор уште повеќе!
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Имаме полно цвеќиња. Најчесто мајка ми и баба ми се грижат за нив, но и јас знам да ги навадам некогаш.
    Оние што ни се во дворот се преубави, ама тие дома.... е тие, мајка ми само се труди, купува вакво ѓубриво такво ѓубриво, ама непара....
     
  7. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Имам еден бамбус, мм ми го поклониипред две години за Валентин. Да треба да го наводнувам секој ден, ќе се збогува со животот :D Не сакам цвеќиња, освен они што се за во вазна, а најмногу сакам црвени ружи.

    Затоа пак мајка ми има фијуси, кактуси, дрво на животот...
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Сакам цвекиња, мразам букети.
    Букет за мене е голема глупост, најубавиот дел од растнието, исечен , ставен во многу тул или во хартија, па уште кога ќе видам прскани со сребрено златно...не тоа не ми се допаѓа.
    Сакам ЖИВО растение. Сакам саксиски цвекиња, а најмногу ги сакам оние цвекиња што растат по дворови, пред куќи. бафчи ( така се викаа :^) )
    Не сакам совршено цвеќе, сакам живо цвеќе.
    На балкон моментално имам босилек, некои цвекиња од мајка ми, ползавци, сабји, мали палмички и што уште не.
     
    На blonde_supergirl, Anacid, the.one и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Секаде околку мене имам цвеќиња.Ги сакам,без разлика дали се со цвет или не,сепак ми го разубавуваат домот.Инаку и букети сакам.Се што е направено од цвеќе го сакам :f:
     
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Сакам цвеќиња имав една палма поклон и кога се вратив од одмор видов дека се исушила, а сто пати им реков да ја пазат. ;(
    Имам и едно слатко,мало,боцкаво кактусче :D Во двор од оние питунии и сардели имам во саксии. И преубави рози големи,баба ги чува ги обожавам. :inlove: :f: :f: :l:
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    цвеќиња оф кој сака нека повели. ќе почнам од цвеќињата покрај ограда кој бабите ни ги поплукуваат и ни бараат мали диви ружичи во сите бои нежно се виткаат и претопуваат на просторот. на делот за паркирање на колата некој шарени пролетни цвекиња во сите бои просто виножито во двор, а од страна мини жива ограда така мала одвај веќе 5 години пркнува. пред влезна врата крук од цвеќиња а во средина 2 палми, спроти нив мала нова две недели стара банана. оф стигнав до терасите хехехе кактуси кој си ги сакам најмногу во сите форми така долги два три саксии со различни кактусчиња, дрво на животот 4 години старо хм огромно е , фикуси 5-6 кој ги број, адам, и уште 30 саксии на цвекиња на кој не им го знам името ама се премногу слатки. просто да се изгубиш :lol: :lol:
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Не сум пишала на темава досега :o А и не ќе биде лошо да ви ја пратам мама да си напише. Цвеќе, имаме разно, секакво, во саксии, надвор, пред куќа, зад куќа, на тераса, во дневна, спална, секаде. Среќа што е лето, па речиси сите се надвор по тераси, во зима тешко, се мачиме дури ги сместиме. Најмногу ги имаме големите саксиски, фикус, филадендрон, бенџамин, јука(дрво на животот), палма, адами, два( машки и женски :D така требало), и едно уште не знам како се вика, најголемото од нив е 2 метра високо, со 6 гранки, дебели, а најмалото одвај пола метар висина :lol:
    Е сега замислете на што личи дневната кога се внатре, извиткани на шест, под таван. Сега ни се на тераса, на сенка, и плус ни држат сенка. Многу сме мераклии со мама, посебно за нив. Надвор, имам садено дрвца , елчиња што се оние, па цвеќиња вакви такви, сега најрасцветани се шумалината и едни жолти, трендафилчињата, и едно ко бршлен со големи цветови, што лази по куќа. Доволно ли е? :lol: Искрено, куќа без цвеќе не ја бидува, ептен ги сакам, мајка ми посебно им посветува внимание, на секое оделно, ги тинтра, се по ред, и сите ни завидуваат кога ќе дојдат. Убавини зелени.
     
    На Nihan и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Порано цел стан ни беше со цвеќиња:кактуси,љубичици,фикуси..и што уште не.Сега немаме многу.Во мојата и на брат ми собата имаме на прозорците љубичици и на тераса има околу 20.Многу сакам цвеќиња,но да живеам во куќа и би имала секакви.
     
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Цвеќе....

    И ние имаме многу цвеќиња. Најмногу за нив се грижат баба ми, мајка ми и дедо ми :)
    Опкружена сум со цвеќиња и многу ги сакам. А посебен мерак имам да ги наводнувам :D (тоа ретко се случува но...) :rofl:
     
  15. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Цвеќе....

    Фикус во дневна, нане, босилек и рузмарин во кујна. Во стан, па мора во саксии. Значи еднаш неделно вода и толку. Двапати месечно прашина бришење од листовите. Домаќинка-пар екселанс ]:) За повеќе-желба има, ама останува на тоа :) Нема време :lol:
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Цвеќе....

    Со оглед на тоа дека живеам во куќа па можам да си го дозволам тој луксуз :) додуша и рака на срце и свекрвица ми многу сака па таа е задолжена за оние по дворот а јас за тие внатре- собно цвеќе. Надвор нема што нема, од ружи, кали, камен цвет....а внатре адам, фикус, палма....
     
  17. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Цвеќе....

    Цел стан ми е покриен со цвеќиња, ама еден ден ќе ми се смачи од секојневно негување, и ќе ги фрлам..да се надеваме :D
     
  18. SoNi55

    SoNi55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Цвеќе....

    Обожавам цвеќе,по дома имаме ама не многу,повеќе од оние што се за надвор во жардињери,а моментално јас си се грижам за едно кактусче,малку боцка ама сепак ми е слатко
     

    Прикачени фајлови:

  19. nate-natali

    nate-natali Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Саксиско цвеке

    Не знам колку ке ја погодам темава но мене ми е омилена,многу ги сакам цвекињата,ги имам многу и грижата околу нив многу ме исполнува и секогаш им се восхитувам кога ке расцветаат!па ајде сите љјубителки на цвеке нека казат по некоја тајна како до поубави и поздрави цветови.да почнам прва,јас редовно во водата за заливанје(секогас користам одстојана вода) турам по малку сол,еднашна месец и пол ги полевам со квасец растворен во вода со тоа повеке цветаат,водата од варените јајца секогас ја турам во саксиите бидејки е богата со калциум...па да слуснам и некој вас совет! :$ :$ :$
     
    На ripce ripce и sunfemina им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    саксиско цвеке

    Охо, таман го гледам цвеќево шо и го купив на мајка ми скроз и овенало, дури и бело некое чудо му се направило горе на тоа стебленцето :( , а пустото е Дрво на животот.
    Срце ме боли оти е такво цело овенато и суво. Има уште живот де во него.. ама ако некој се разбира од дрвцево да каже спас да го вратам во живот пошто мајка ми нешто ко да му ја исцицала енергијата :worried:
    Предупредување.. јас и цвеќиња не се разбираме баш-баш едни со други. :worried: