Цвеќињата на злото (Шарл Бодлер)

Дискусија во 'Книги' започната од WarriorAngel, 11 март 2013.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    Шарл Бодлер е претходник на симболизмот и со него започнува модерната литература. Роден е во Париз, 1821 година. Рано останува без татко, кого мајката брзо го заборавила и се омажила за друг. Очувот бил од вишите аристократски кругови и добро го прифатил Шарл, но тој се чувствувал гневно и навредено, па постојано ќе ù префрла на мајка си. Студирал правни науки, но повеќе ќе му се оддаде на боемскиот живот отколку на учењето.Тој целосно ќе му се предаде на чувството на осаменост и потиштеност. Мајка му сакајќи да го излекува го праќа на пат во Индија. Тој не стигнува до таму, туку се враќа во Париз, каде го продолжува својот несреќен живот.
    Во неговата поезија се ќе стане подредено на неговите бизарни (настрани, чудни) чувства, за тоа време дури страшни, што ќе биде причина неговата поезија да биде окарактеризирана како „општествен престап“. Стихозбирката „Цвеќиња на злото“ наидува на остра осуда од законот и Бодлер ќе биде изведен пред суд и ќе плати 300 франци казна за „повреда на јавниот морал“.
    За време на животот бил признат само од неколкумина свои истомисленици, но денес, неговата збирка „Цвеќиња на злото“ се смета за едно од најзначајните лирски дела на XIX век.


    Оваа збирка имав прилика да ја читам во осмо, тогаш ја читав таа мрачната поезија на Силвија Плат и Бодлер уште тогаш ми остави впечаток.
    Химна на убавината ми е несомнено најубава, а меѓу другите и За сатаната, Преобразбата на вампирот и Накит од кои последните две се меѓу оние отстранети од збирката во првичното издание и на поетот му донесуваат казна.
    Мене не ми се допаѓа неговиот начин на живот, но го обожавам неговото творештво. Пишува за здодевноста, нечистотијата, мршата и за други контроверзни теми во тоа општество кои не одговарале на тогашниот морален и етички кодекс. Неговата поезија е тешка, на моменти неразбирлива и ја одразува неговата личност, тешка да се разбере, со мал број на истомисленици.
    Човекот е тотален контраст. Во исто време воодушевен од животот и неговите убавини и можностите кои ги нуди, а од друга страна ужаснет е од светот пол со нечистотија.

    Сте читале ли нешто од него, и како ви се допаѓа? :)
    Уште како дете, во срцето осетив две противречни чувства: ужаснатост од животот и восхит од животот.
     
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    Само што го прочитав и иако најпрво мислев дека ништо не го разбирам, кога се задлабочив ме фасцинира
    Најсилен впечаток ми оставија Дон Жуан во пеколот и Албатрос