Од како знам за себе цел живот ми раскинувале,напуштале,оставале.....само еднаш во живото имам јас оставено и тоа беше мноогу тешко за мене ......многу сум разочарана незнам што не им чини во мене што одеднаш губат интерес :/
Сабајлево го зборевме овој муабет со братучетка ми и што на смеа, што вистина, набројавме неколку работи кои машките ги мразат и не ги поднесуваат баш многу: - Девојка на која и е потребна цела вечност да се подготви за едно кафе и која постојано доцни со часови - Несуредена девојка (во смисла што не води хигиена самата за себе доволно, ни малку дотерана, ниту нашминкана) - Оние премногу посесивни, љубоморни девојки, кои го проверуваат на секои 15 мин. му чачкаат во мобилен, му бараат пасворд од скајп или фб, па дури и го следат кога излегува со другарите.... итн, има уште многу секако, но за овие сум сигурна. Сега искрено, се пронаоѓаш некаде? Можеби си многу емотивна, или пак премногу ладна. Не знам, убаво пиша Дарки, објасни неколку случки, па да дадеме мислење.
не е ништо од тоа секогаш гледам да сум на време,секогаш да сум средена,не сум некоја грдосија напротив не сакам да се фалам прилично сум убава и и имам убаво тело,не му ја бранам слободата....се му е дозволено од моја страна ама незнам зашо едноставно губат интерес До пред некое време се гледав со едно типче се беше ок и од нигде една вечерта се слушнавме за утредента да се видиме и од утредента се изгуби го снема подоцна од братучед ми разбрав дека си нашол девојка иста копија моја дури и со прекар како моето име и од тогаш немам слушнато од него...... скоро сите врски така ми завршуваат без причина се осекам ужасно
не се секирај ќе си дојде твоето нема да биде цел живот вака...ќе видиш дека и за тебе постои некој која низмерро ќе те сака!!!!
мој совет би ти бил извесен период да не се впушташ во врска,ниту да се муваш со некој.И јас за оваа тема денес правев муабет со братучетками. И таа е убава,паметна и тело има и се..Но порано таа мн ги зезаше машките ..и сега некако како да почна кругот да и се врти и истото и на неа да и го прават.Таман ќе помисли дека ќе биде нешто сериозно ќе се скара со дечкото ,а не е ниту глупа па ни грда! И затоа ти викам бидиси слободна вистинскиот сам ќе те побара и никогаш нема да те остави..во денешно време ретко да е да си најдеш некој асолен дечко , сите се..
ахх колку време чекам некој само што ке ме почитува и ке ме направи малку срекна....ама изглеа нема таков за мене
welcome to the club!!! истото ми се случува и мене...до скоро запознав еден дечко, ме бендисуваше, излегувавме заедно супер ни беше, си се погодувавме на муабет, на се. Не направив ништо со него ( се правев недостижна ) . По 2 недели од нашето дружење тој престана да ми се јавува, го немаше никаде и по неколку дена разбрав дека си фатил женска. Гледам и на фб се ставил во врска значи точно е... и сега јас што да мислам?? Значи стварно човек не може да ги прочита... Ми велеше убаво ми е со тебе, сакам нешто повеќе од пријателство, а тој сигурно истовремено се допишувал и со другата па која прва рипне во тавчето таа... и ми отиде уште една шанса...ама јас не се давам ќе си чекам па како што велат па можеби секое лошо за арно е...
скоро сите врски така ми завршуваат без причина се осекам ужасно[/quote] Истата приказна како и кај мене...Секогаш се трудам се да биде добро,но за жал се ми завршува лошо.И јас се прашувам во што е проблемот,зошто е така?Одговор...
Јас незнам кога ќе сфатите дека во врската не треба да правиш добро и да му трчкаш по газето. Колку повеќе се случува тоа толку повеќе тој си зема за право и слобода. За да ви успее врската, треба да поставите строга црвена линија до каде треба да оди. Ова се однесува на вашите принципи, ставови и размислувања. Кога ќе ја поставите таа линија тој ќе знае дека си ти изградена личност на која неможе да и се спротивставува. Машките не сакаат лигли што ќе им се залепат и лигават цело време. Сакаат цврсто изградена личност (зборам за веќе над 20 години) бидејќи со таква личност знаат дека ги чека некаква иднина. Строгост треба и свое јас, ама секако во границите на нормалата. Треба да знаеш како да го направиш тоа.
Ај како тоа добро звучи.Ако останеш на овој став знај дека го имаш најголемиот трик што една девојка, жена може да го има. Поздрав до тебе душо.
Да не цитирам сега, ке кажам само вака,на машкиве не им се погаѓа никако..зошто??? Па биди фина, не чиниш, имај свое јас, пемногу си дигната. Сакаат цврсто изградена особа.....да....на збор само.,,арно ама ако видат дека некоја има свое јас е изградена како личност, им смета. Не зборам на празно..Ехее да беше тооолку лесно, до сега сите ќе бевме пресреќни....Јас пробав да се поставам како изградена личност. Имав свои цели, не сакав да бидам љубоморна да забранувам, да ми забрануваат. Но, за возврат добив оговор дека сум женско и дека треба да го слушам машкото.. Ако некогаш се пожалам на својот живот, тогаш јас се сожалувам, не ми е само мене тежок.... Ако има љубов, ке го/ја сакаш каков/ва и да е. Порано бев мекуш, не чинеше. Сега станав ладна, ке им одговарам дур не добијат она што сакаат. Е зошто ке видат дека сум горда и со свое јас и не попуштам(еве пример за секс) јас пак нечинам. Значи заклучок, мажите сакаат карактерна жена за луѓето околу неа, а за нив робинка, некоја што ке им трчка околу газето...
Епа саншајн, тоа зависи од тебе. Затоа што не ги запознаваш луѓето убаво пред да почнеш било што со нив. Едноставно биди своја и речи - таква сум и не се менувам. Никој не успеал тоа да го промени во мене досега. Треба строгост ама во границите на нормалата, а не да претеруваш и да се извикаваш за се.
Јас цел живот се водам по правило не им го прави на лугето нешто што тебе не сакаш да го прават....и пак џабе...пак ја нечинам не може крајот да им се најде
spored mene maskite sakaat da bidat lovci...da begas...da bides nedostizna...da bides misteriozna...da znaes sto sakas od sebe i od nego...da bides svoja...i sepak NEDOSTZNA....
Како совет можеш да пробаш, ама незнам дали ке ти помогне, повеќе да се дружиш со машко друштво така ќе видиш на кој начин размислуваат и какви девојки сакаат.Ако имаш некој многу добар пријател (машко) раскажи му некоја ситуација и можеби ќе може да ти помогне..Добро е да го разгледаш проблемот од повеќе страни икао мислам дека ти не си проблемот,туку дека тој не те цени доволно...
Во животот не е секогаш добро да си ангел. Можеби сега не, но подоцна ќе сфатиш дека секој за себе си гледа, прво нему да му е убаво па после на другите. Немој своето ЈАС да го ставаш најодзади. Нека ти се најважни прво твоите потреби, затоа што и сама кажуваш дека и покрај тоа што не им го правиш тоа што несакаш да ти го прават, пак е џабе, пак нечиниш. Пробај малку со друга тактика. Ако имаш добра душа тоа секој ќе го види, не само со правење добрини наоколу туку и со цврстина, строгост.
Немој никогаш да ја губиш самодовербата и љубовта кон себе. Секому се случува тоа сите некогаш сме се разочарале(и јас скоро) и се прашуваме што ни фали и продолжуваме да плачеме за некој кој не заслужува,а сигурна сум дека кога би ги отворила малце очите ќе видиш дека повеќето од момчињата не се рамнодушни кога поминуваш покрај нив, дека има некој кој искрено те сака...заборави на таквите не вредат, дигни ја главата покажи им по кого губат свест, дека можеш да го имаш сето внимание што ќе посакаш и не ти дошло до нив и ќе видиш ќе ти се фрлат пред нозе