Цел живот сами

Дискусија во 'Сингл' започната од Unfaithful18, 24 мај 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Имам роднина која не е мажена. Едноставно решила дека не сака да се мажи и така цел живот да го помине сама. Не можам да сватам како некои луѓе можат да се одлучат на ваков чекор. Работи во градинка, цел живот со деца, а да нема свои, да нема потомство. Што ќе им остане во старост, ако не основаат семејство, ако немаат брачен другар, ако немаат деца да им се радуваат.
    Бројката на стари моми и ергени во Македонија е многу голема. Што е причината?
    Дали вие би можеле да прифатите таков начин на живот, цел живот сами?
    Ги оправдувате или осудувате ваквите нечии одлуки?
    Јас не можам да се замислам така, цел живот да го поминам сама. Мислам дека и најголемото љубовно разочарување како причина не може да ме натера на таков чекор. А вие ? :^)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.270
    ако едноставно немам среќа да си најдам партнер што ми одговара,секако дека нема да тагувам сама.животот ми е еден и со се треба да се помириме и отидеме напред.сигурно дека нема да бидам со некој само колку да не бидам сама или за да имам деца.на крајот на краиштата не е се во тоа.кога би останала сама, времето би си го искористила квалитетно-на себе :) сигурно е дека нема да тагувам и паѓам во депресии.
    инаку познавам неколку жени кои не се мажени, меѓу нив е и тетка ми и според нивните размилувања и начин на живот не би рекла дека им е тешко.си патуваат,шетаат,посветени се на кариерата,слободното време си го поминуваат со пријателки и семејството.
     
    На WarriorAngel, mizerija, SunnyGirl2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    НИШТО не може да ме натера да го поминам сама целиот свој живот. По природа сум хиперактивна и многу комуникативна особа, и ми се чини дека сама би полудела. И да се разочарам некогаш од некого и од нешто, секогаш верувам дека постои подобро и трагам по него. Настрана тоа што сакам да имам деца, мали богатства и воедно свое потомство. Нема поголема радост од тоа. Ја гледам баба ми како се радува со нас внуците и како со радост зборува за оние денови кога била само мајка и желбата и јас тоа да го доживеам станува се поголема и поголема.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.461
    Не се знае каде ќе те одведе животот, но има многу работи за кои самите одлучуваме. Ако некој останал сам, без партнер до себе, според мене или е енормно пребирлива личност или е скржава па не сака да споделува.
    Има бракови кои не се базираат на љубов, па ете ги функционираат. Порано како се земале, се сеќавате кога ви раскажувале бабите и дедовците?! На невидено! И пак си создале потомство, преживеале...
    Не дај Боже некој да останит сам до крајот на животот. За мене самотијата претставуват најлошото нешто шо мојт да се десит во животот.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    766
    Во животот не се знае никогаш но не би сакала да останам сама до крајот на животот. Секој има право да си одлучи за сопствениот живот и за тоа како ќе го живее но САМ до крајот на животот според мене е резлутат на голема пребирливост или крајно лоша среќа во љубовта. Сепак не подржувам некој/а да се омажи/ожени со било кој/а само за да не остане сам/а...
     
    На mizerija и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    47.557
    Пол:
    Женски
    ima mn lugje sto se cel zivot sami. vujko mi e eden od tie i jas go opravduvam, bidejki okolu nas ima luge so mn losi brakovi, pa bolje sam nego li sekoj den da se karam i tepam. megutoa jas za sebe sekogas vikam dokolku ne najdam srodna dusa, nekoj sto ke me razbira , saka , pocituva i se razbira ako toa ne e obostrano dzabe ke mi bide brak, megutoa nikogas nesakam da bidam bez deca, pa dete ke rodam kako i da e (mozebi mn od vas ke me osudat ) moite se zemeni na stari godini, pa majka mi sekogas vika deka dokolku ne se omazela dete ke rodela bidejki decata se najgolemo bogatstvo i da toa e taka.
     
    На Bojana.20 и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    2.201
    Имам комшика која не е мажена а веќе 40 години ќе прави и вака кога ќе ја види некој одма ќе свати како да не и е ни од мажење ни до ништо..а на внуците кога идеше во прага на работа и што уште им немаше купено све и свашта али тоа е
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.202
    Допаѓања:
    69.672
    Пол:
    Женски
    Право на избор на секој човек, иако не ни е во природата да функционираме сами. Но сепак, човекот како рационално :?: суштество свесно одлучува и донесува заклучоци за сопствениот живот, па така секој си одбира како ќе си го живее животот. Секому како му одговара. Некој сака сам, некој со триста луѓе околу себе. И едното и другото има свои предности и недостатоци. Јас лично не би можела сама да живеам и функционирам сама, ама пак, ниту можам да бидам со некого по секоја цена. Мислам дека тогаш можеби и себеси би се замразила, а камоли оној другиот. А можеби и општеството станува такво што повеќето луѓе свесно одбираат да бидат сами од различни причини. И не верувам дека постои судбина тука - тука се работи за право на избор, виша сила нема, не дека не им било пишано на одредени луѓе да бидат сами, туку тие така одбрале, свесно или несвесно, преку одлуките и изборите што ги правиме во животот.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.785
    Допаѓања:
    34.352
    Јас немам ништо против живеењето цел живот сам. Мислам дека некои луѓе не се скроени да бидат во заедница со некого и подобро функционираат сами и се посреќни. Тоа е личен избор.
    Што се однесува до мене и јас подобро функционирам сама, ама ете... Се најде некој да се вклопи во мојот начин на живеење.
     
    На WarriorAngel, SunnyGirl2, Aleksandar1212 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    310
    Има некои луѓе што подобро функционираат сами, секој си има свои причини зошто одбира како да живее, тоа можеби е несфатливо за некои, ама јас верувам дека секој си е посебна приказна и дека само тој знае зошто го прави тоа! Јас лично не би сакала да останам сама, мада имам гооолеми причини зошто би го поминала целиот живот сама....ама ете сепак ке си го чекам оној сродниот :lol: !.....
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    Нема шанси да останам сама, сметам дека токму затоа и се бара да речеме на некој начин вистинска особа. Колку и да си разочаран, колку и да мислиш дека не ти иде во љубовта, сигурно постои некоја особа со која делите исти интереси, и која знае како на двајцата да им биде убаво. Пред се бараме, партнер, другар, некој кој ке не разбере, кој ке ги свати нашите желби и потреби.
     
  12. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    65
    Јас не би можела да се замислам сама цел живот,незнам зошто но тоа ми изгледа така страшно некако :sweat: Морам да имам некој покрај мене, што ќе го сакам, за кого што ќе живеам и ќе се надевам... Некој за кого да се будам секој ден, со кој што ќе планирам иднина... Ова е моето мислење, позз :f:
     
  13. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    248
    Ни јас не можам да се замислам сама, мора да имам некого, да основам семејство :sweat: сакам секогаш да имам некој кој постојано ќе биде покрај мене :?: алал нека им е на тие што одлучиле и им е подобро да бидат цел живот сами :handshake: :x
     
  14. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    327
    Да одлучиш свесно дека сакаш да останеш сам цел живот, а притоа да немаш причина од типот болест, мислам дека е себично. Мислам дека тие луѓе не се спремни на договор, компромис и откажување од некои лични задоволства и навики, па така има е најлесно да го живеат сопствениот живот место да се прилагодат на нечиј друг, да имаат потомство... Тоа е мое мислење, можеби има безброј примери каде заради сплет на околности или од некои си други причини го избрале тоа како опција, но земено општо мислам дека е себичност.
     
  15. BikiNena

    BikiNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Значи, алал да ви е за темата. Не залудно луѓето рекле Не прашувај гаталец, туку паталец. Јас сум предолго сама, веќе шест години, без никој покрај себе. Нормално имам пријатели, другарки, семејство, внуци и се друго, но дечко немам. Кариерата ми е супер и задоволна сум од животот, ама на крајот сепак нешто недостасува и навистина е така. Јас имам веќе 31 година, а не се баш малку и знам како е да си сама. Верувајте нема ништо добро во тоа да си без никој покрај себе, без љубов, без поддршка, сама низ животот, затоа што на крајот сите си одат дома, има некој што ги чека. Затоа секој што мисли дека некој избрал да биде сам/а не верувајте му. Тој/таа само се помирил/а со фактот дека е сам/а, ама не по свој избор останал/а сам/а. И да, не ми е срам да признаам дека самотијата ме убива понекогаш но, храбрите ќе преживеат... до следната љубов. :) :f: :inlove:
     
    На Snowbell, SunnyGirl2 и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  16. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    218
    Уфффф,темава ми е малку болна.Не би сакала да останам сама,мислам дека животот не би ми имал смисла за да го живеам сама.Сакам да имам некој покрај мене за кого ке се борам,за кого ке се будам секое утро,едноставно некој за кого ке живеам,потомство,премногу сакам да си имам мои дечиња.Веке 4 год сум сама,едноставно не можев да најдам некој вистински за мене.Не сум многу прибирлива,значи не барам богатство,да е многу убав и сл.,но ете,немам срека на тоа поле,дури почна да ме депримира,едноставно не се радувам на ниеден успех затоа што се повеке се плашам дека засекогаш ке останам сама.Најмногу ме плаши што престанав да се трудам,престанав да излегувам,да запознавам нови луге,и да ги гледам машките на таков начин,некако сум многу разочарана.Последниот дечко ми беше тотално промашување,а последниот во кој бев вљубена(не бевме заедно) имаше девојка(имам пишувано на оваа тема),така да целосно се затворив.А годините ми минуваат,имам 29...Многу ми е тешко,се повеке ме фака страв :worried:
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.357
    Подобра сама од вистинските причини, отколку со некого само за да се скрасам, по секоја цена.
    Никој не сака да биде сам, ама не би ја плаќала цената да бидам со било кој - само за да имам некој.
     
    На Snowbell, WarriorAngel, esperansa777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    89
    Па да и се сложувам со Трендафилка.....Јас сакам да си останам со типот што сум сега...и имаме планови заедничи.Ако не се случи тоа не знам колку би сакала друг да го заземе местото.Ќе речете млада си едно друго но не.Никогаш нема да ја имам таа љубов што ја имам сега со друг.Па така да останува или да бидам со некој онака или да си останам сама..Не знаеш што се ти носи животот!
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Е и јас знам многумина кои не се во брак. Професорка во училиштето, 2-3 комшии и комшики, а и јас имам роднини кои не се во брак, ама мислам дека не планираат така да го поминат животот. Јас не би можела да го поминам така животот, осаманички да живеам. т.е. додека си млад, излегуваш, се дружиш, ама кога ќе остариш наместо со внучиња треба или во некој старски дом или сам во четири ѕида. Јас сакам да се омажам и да си имам 4-5 деца. :lol:
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. diana

    diana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Mislam deka retki se tie sto ostanuvaat sami po sopstven izbor. Najcesto okolnostite se tie sto ne prinuduvaat na samotija. Nikogas ne bi mozela da bidam vo brak so nekoj samo za da ne sum sama. Se uste veruvam vo vistinska ljubov i deka sekoj ima nekoja srodna polovina, samo sto kaj mene seuste se nema pojaveno. Mnogu e tesko da se budis sama i da gledas kako drugite delat se i imaat na kogo da smetaat vo sekoj moment. A mnogu e glupavo da izleguvas so prijateli od koi site se parovi samo ti singl. Toa cuvstvo na praznina, kako nesto da ti fali togas e najtesko. Najmalku mozam da si go zamislam zivotot bez deca, toa bi bilo zaludno potrosen zivot. Iako sum covek koj saka kariera i bi dala se od sebe za da uspeam, ne se otkazivam od potomstvo ni vo najlos slucaj. A toa deka nikj ne znae sto go ceka e ona sto mi dava pogolema nadez deka TOJ postoi i kje se pojavi odnekade, odnenadez. Znam deka sum romanticna, mozebi dreamer ama navistina veruvam vo toa.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.