Здраво девојки, не знам дали сте слушнале за мастер Константин Кајшаров, па би сакала да знам какви размислувања имате во врска со него?
Ахххх „Пасторот“ Константин....измамникот и предводникот на секта! СЕ што е надвор од црквата а врши такви дејности како Тино е религиозна секта!!!!! Кои будали се лажат кај него да одат да им ги пере мозоците јас навистина незнам...а ги има многу..за жал!
Прекрасно кажано! Само уште една работа, кај глваата им ја празни па и паричникот. Колку што имам наслушнато по 3000 денари од сесија им земал. Ама си нашол овци, нека ги стрижи. КЕШаров си е паметен човек, штета што истото не може да се каже и за тие што одат кај него и си ги оставаат парите.
Моментот што не ми се допаѓа е што тој велел дека преку него Бог лекувал. Извини, но единствениот медиум помеѓу мене и Бог е Библијата. Исцелител со плацебо ефект, би му додала ваков назив, наместо мастер Константин како што самиот се нарекува.
Да да, Orthophill по 3200 денари им земал за месечна членарина и плус од сесија незнам таму наплаќал по 1000 денари! Држи обуки и работилници во хотел „Порта“ и ги лаже таму сите! http://www.youtube.com/watch?v=5YtZDekqUY4
Исус велел „Добивте бесплатно, давајте бесплатно!„. Доколку некој е вистински исцелител кој служи како канал за божјите светлосни сили никогаш нема да побара пари за тоа, туку ќе има постојана друга професија од која ќе го заработува својот секојдневен леб .
Јас ова еднаш го пишав на негов пост, ако си пратен од Господ, зошто имаш толкава тарифа и воопшто имаш, замислете ми стигна приватна порака, да се молам зошто гревот што сум го направила т.е. сум го судела ќе го стигне моето дете, идиот.
Ко ќе те колни секташ, знај дека тоа во благослов се претвора. Гледај да не те колнат родителите, дедовците и бабите, свекорот и свекрвата, а за другите ич гајле да не ти е.
Таков каков е, со сите тарифи, исцелување со демонско ржење-Константин стана дел од една протестантска пентакостална црква во градов (кај Ј.В). Мислам дека е и пастор таму, па сега има добра подлога да продолжи да го работи она што го работеше.
Страшно, се што носи земјата на себе,.. Немам коментар, болен ум, па околу него празноглави луѓе не изградени како личности со цврст и стабилен карактер..... Мада мене овој ми личи како ученик на БРАЦО, не знам дали го знаете ама си има човекот свој култ ахахахх
Отец Ивица за "Исцелителот" Кашијаров. Работи кои треба, мора да се знаат Соопштение по повод обраќањето на лажниот „пастор“ Константин Кајшаров во однос на јавното сведочење од моја страна, а по повод страшната манипулација и несогледливите последици на секој план што истиот ги прави во животите на наивните и страдалните луѓе! ------------ Почитувани, по јавното обраќање до православните христијани и членови на МПЦ - ОА да не ги посетуваат и учествуваат во манипулативните дела на самопрогласениот „пастор“ Константин Кајшаров и неговата невладина организација која без никаква основа истиот ја прогласува за своја верска заедница - „црква“, но и преку моето лично сведоштво, а и сведоштвата на многумина, поткрепени со непоколебливи и цврсти докази за неговите манипулативни дела истиот се обраќа со свое писмено соопштение во кое се обидува да ја одбрани својата манипулативна и криминална активност. Истото ви го принесувам да го прочитате за повторно и повторно да се осведочите на лукавоста и дрскоста на оваа егоманична личност која одамна разбрала дека „ловот во матно“ е најисплатлив, особено ако се повикуваш на ирационален авторитет како „Бог“, „Исус Христос“, „Свет Дух“, „Библија“ и со истиот ги манипулираш наивните/ неуките и страдалните луѓе. ------------ Писменото обраќање на Кајшаров: „На сите мои пријатели кои се збунети поради нечија нетолеранција кон мене, сакам да им кажам дека тоа се случува поради мојата вера која е базирана на Светото Писмо - Стариот Завет и Новиот Завет кој ги сочинува и Евангелијата. Верувам во Господ Исус Христос на начинот опишан во Библијата и е различно од Православната и Католичката христијанска деноминација. Мојот начин на изразување на вера е карактеристичен за црквите на Протестантската деноминација. Секој ден трпам религиозна осуда и нетолеранција кон мене, иако според Уставот на Република Македонија имам демократско право да ги изразувам моите верувања и да бидам регистрирам како црква, религиозна група или верска заедница, кое впрочем ми е ОНЕВОЗМОЖЕНО - ПОПРЕЧЕНО. Јас сум Евангелист кој не се задржува на народни и религиозни традиции, туку изразувам вера која е опишана во Библијата. Тука спаѓаат: - Водно крштевање и во Светиот Дух (едно крштевање); - Славење на Господ Исус Христос; - Господова вечера; - Молитви за исцелување на луѓе во страдање во Име на Господ Исус Христос. Јавно на социјалните мрежи трпам навреди на мојата личност кое сега премина и на национална телевизија од страна на човек Ивица Тодоров. Навредите дека сум секташ се чести, но јас јавно изразувам што мислам и во што верувам, а тоа е основано на Библијата, што значи терминот секта е побиен со моето однесување. (Секта значи тајна организација со сопствен систем на верување) Погледите на луѓето со презир и осуда се сn4; почести и покрај тоа што во ова општество поттикнувам соработка, љубов, сплотеност, толеранција, мир и семејни вредности. Немам можност никако да докажам и да се одбранам од нападите на овој човек Ивица Тодоров кој е православен свештеник и настапува како лице на Македонската Православна Црква МПЦ-ОА или како лице кое има лична омраза кон мене. (Не ми е јасно кој е мотивот). Покрај стресот, навредите и душевната болка врз мене и моето семејство, само Бог ми помага да продолжам со љубов кон моите непријатели поради изразот на мојата Христијанска вера која не е православна, ниту католичка. Од тука доаѓа прашањето: Како може да се осудува и поттикнува верска нетолеранција и човечка дискредитација во едно современо демократско општество? Се прашувам ако бев Будист, Јеховин сведок или Муслиман, дали ќе можеа вака Ивица Тодоров и неговите колеги да ме осудуваат и навредуваат? Каде е правниот систем во земјава? Зарем секој може да убие некого? Зарем секој може да мрази и да навредува некого и сето ова без никаква одговорност? Како да живеам под небото над Македонија? Зошто немам право на изразување на мојата вера? Зошто не можам да регистрирам црква, верска заедница или религиозна група кога правнички ги остварувам сите услови и ми е дозволено според Уставот на оваа земја? Како тогаш други нехристијански заедници се регистрирани како религиозни групи? Ова прашање сега го упатувам до мојата држава и се надевам на правен одговор според човековите права. Истото прашање потоа ќе го поставам насекаде на светско ниво каде ќе ги барам моите човечки права. пастор Константин Кајшаров, Македонија ------------ Како што забележивате Кајшаров вистината за себе и за своите манипулации ја нарекува - навреда?! Па истиот, а и сите околу него, а и целата јавност е запозната дека јас КОНСТАНТНО ГО ПОВИКУВАМ Кајшаров на ЈАВНА ОТВОРЕНА СРЕДБА/ ДЕБАТА на која тој ќе може да ја одбрани и засведочи својата „вера“ ако истата беше навистина втемелена на Божјото Откровение запишано во светите книги на Стариот и Новиот завет. Но самиот тој добро знае на што ја темели својата „вера“ и егоманична желба за манипулација со луѓето. При што знае дека и јас, а и многумина други, знаеме на што тој ја темели својата „вера“ па затоа крајно лукаво избегнува секаква средба или дебата. Еве што самиот Христос сведочи за овој проблем: „Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави. А оној што твори вистина, оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.” (Јован. 3, 20 - 21) ------ Кајшаров се прашува и за мотивот зошто јас отворено пишувам и сведочам за неговите манипулации, толкувајќи дека јас сум имал „личан омраза“ кон него. Нема тука никаква омраза или било која друга проблематична причина! Се работи за ОДГОВОРНОСТ и ЉУБОВ кон Бога и кон ЦРКВАТА ХРИСТОВА, но и кон НЕГО, неговото семејство и неговото спасение и заштита од лукавите демонски сили! Самиот тој мене ме покани во неговиот центар за со мене да ја сподели решеноста да биде христијанин и да се оттргне од неговото крајно проблематично окултно/ магиско минато. Колку оваа средба од негова страна беше искрена, а и која беше неговата вистинска цел, тоа го оставам на неговата совест и на судот Божји! Но на истата јас, како свештенослужител/ презвитер на Црквата, а и како духовник, најодговорно му реков дека тој, ако навистина доживеал покајание ќе треба да принесе и плодови на покајанието, а тоа е бескомпромисната борба со демонот на заводливоста кој му овозможуваше во неговото минато да ги полни умовите и душите на луѓето со ЗЛОДЕТ (демонска енергија на заводливост која кај луѓето потикнува застој за реално расудување, крајна вознемиреност во душата и телото и ментални, душевни и телесни пореметувања)! Исто така му се понудив да му помогнам во тој процес на очистување. При што братски го советував да прекине со било какви активности од тој аспект за да се заштити себе си, своето семејство, а и многу други од злодетното енергетско влијание. Но за жал тој не го прифати братскиот совет и подадената рака за очистување од демонското влијание - туку веднаш го започна процесот за формирање на СВОЈА „ЦРКВА“ и за свое, демек овластување, да биде „пастор“ на истата. Тој итро разбра дека во „протестанството“ ќе може да „плива“ како што ќе сака затоа што таму, според него, нема никаква контрола и критериум и ќе може да прави што самиот сака! Иаку, за воља на вистината, и самите претставници на автентичното протестанско христијанство во Р. Македонија се зачудени од дрскоста и манипулативноста на овој довчерашен окултен гуру/ мастер кој веднаш стана „пастор“ и си оформи СВОЈА „црква“! Ако Кајшаров до пред неколу години ЗЛОДЕТТА ја ширеше како окултна енергија - сега истата ја шири под маската на „делувањето на Светиот Дух“. Затоа истиот крајно лукаво, за да ги избрише своите злодетни траги, ги избриша сите постирани видеа на YOU TUBE каде што истиот со оваа ЗЛОДЕТ ги полнеше умовите и душите на наивните и страдалниците и како окултен гуру и како „христијански пастор“! Ово што тука го пишувам сум подготвен да го засведочам и пред Кајшаров, пред други заинтересирани, ама и пред судот Божји! Ги потикнувам следбениците на Кајшаров да ме поканат и пред мене да го прашаат дали сето ова е вистина, па потоа нека одлучат што ќе прават со него, со себе, но и со ВИСТИНАТА БОЖЈА таква - каква што таа е! За крај моја лична порака до К. Кајшаров со следните зборови на пророкот Језекил и апостолот Јаков. Се надевам дека тогаш ќе разбере дека јас имам ОДГОВОРНОСТ пред Господа кон него и кон неуките и страдалните и ќе разбере зошто јавно опоменувам и предупредувам за неговите манипулации и злодетни пројави: „Кога ќе му речам на беззаконикот: »Бездруго ќе умреш!«, а ти не го вразумиш и не зборуваш, за да го запазиш беззаконикот од неговиот грешен пат, за да биде жив, – тогаш тој беззаконик ќе умре во беззаконието свое, но крвта негова Јас ќе ја барам од рацете твои. А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ќе умре во беззаконието свое, а ти ќе си ја спасиш душата своја.“ (Книга на пророк Језекил. 3, 18 - 19) ----------- Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и друг го поврати, тој, нека знае, дека оној што обрати грешник од лажливиот пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови. (Послание на апостолот Јаков. 5, 19 - 20) ---------- слуга на слугите Божји презвитер Ивица Тодоров
Кајшаров е протестант. Во Македонија протестански цркви се: Евангелско методистичка црква, Баптистичка црква, Христијанска баптистичка црква Божји глас, Евангелско конгрешанска црква, Христијанска пентакосна црква, Новоапостолска црква, Црква божја. Овие цркви имаат исти учења само се водат под различни имиња за да полесно примамуваат нови членови. Исто така избегнувајте да читате книги од издавачката куќа Откровение бидејќи со нивното купување ги финансирате овие цркви.
Не сум сигурен дека се декларира како протестант. Имам разговарано со него во живо и плус му ги имам гледано јутјуб видеата, не сум забележал да се декларира како протестант. Но сеедно, секој може да се нарекува како што сака. И атеистите имаат право да се нарекуваат протестанти. Важно е дека мнозинството протестантски цркви се имаат оградено од Кајшаров и неговата служба, со исклучок на неколку харизматско-пентекостални цркви (оние што зборуваат нонстоп за чуда, исцеленија, пророштва и зборуваат на „јазици“).
Леле, овој најде и најде начин како да собере раја за да им пее. Може му се исмеваа на музичката кариера и истата не му успеа, ама затоа ја изигра религијата ко најбезбедна карта, па сега ем млати пари од наивни, ем мора да го слушаат како пее. Самтинг самтинг не леп, него упоран. Тоа е тој синдром кога ќе си умислиш дека си посебен и дар од Бога... Сосе приврзаници е целиот за во центар за рехабилитација, него ај...
Се слушаш ли ти што зборуваш? Како може атеист да се нарече протестант кога тој не верува во бог. Самиот збор атеос на старогрчки значи без бог. Инаку и пентекосталната црква е дел од протестантизмот можеш да си прочиташ во енциклопедии за религија.
Еве ти доказ дека пентекосталната црква е протестантска: Pentecostalism is a renewal movement within Protestant Christianity that places special emphasis on a direct personal experience of God through the baptism with the Holy spirit.
Знае тој многу убаво дека сум во право во она што го зборувам. И еден совет до тебе прочитај си книга за протестантизмот ќе видиш дека сите овие цркви се исти и целта им е да ни го збудалуваат и заглупуваат народот и да си ги полнат џебовите со пари.