Како изреагираа вашите родители кога дознаа дека пушите? Дали вие одлучивте да им кажете или па сепак тие некако дознаа? Дали откако дознаа тоа влијаеше во понатомошното пушење т.е престанавте да пушите? Ајде девојки споделете искуства за тоа како/дали/каде.. ве имат фатено и акко сте се чувствувале , а и може да пишете ако ве имат фатеон роднини или слично, не е стрикно само за родителите Еве јас да кажам нешто за мој другар Значи славевме полуматурска и он си купи цела кутија и планирајки да си ја испуши за таа вечер, значи цело време кога бевме надвор си држеше цигара у раката, и сега женските кога се сликаа надвор него го има во позадина на 2-3 слики како држи цигара во рака и татко му ги видел тие слики, но тој работи во странство и му испратил Рамка запакувана и некакво писмо незнам што пишувало во писмото, а сигурно е и имало тепање од мајка му и сега дечкото го е страв да види цигара а не пак да запали
Цигарите и Родителите Ова со другар ти последното ми личеше на потсмевање. Подобро сега да го истепаат и да се откаже отколку утре-другден самиот да се кае и да неможе да ги откаже. Ретко кој се откажал. Татко ми се обудуваше неколку пати ама џабе таа навика е веќе со годините. Ќе сфати и другар ти дека тоа било за негово добро, цигарите се штетни сите знаеме колку.
Цигарите и Родителите Сто пати ме фатија. Ми наоѓаа упаљачи под перници, цигари во дворот и секако не беа мои туку на Симона, Ивана, Марија бла бла. Секоја вечер мирисав на цигари. Еден ден ги седнав и му кажав, јас пушам цигари. Толку беше. Мајка ми ми рече само „Јас ќе ти купувам цигари“. Таа и ден денес вели подобро 5 цигари со неа да ги испушам отколку цела пакета надвор. И така јас и мамичка заедно си пиеме кафе и си пушиме цигари уште од моите 14 години. А и секако ќотек не е решение за да се откажат цигарите.
Цигарите и Родителите Епа вака, не гледам зашто некој би ме тепал ако дознае дека пушам?! .. иако доста време се криев и пушев скришно, али лани ми скурчи и и кажав на мајка ми дека пушам, а жената ништо не рече.. и шо да ми рече и шо да ми праи, божем ја бог знае шо праам?! И ден денес пушиме заедно со мами и тако то! Ни ме уби, ни па ме натепа или незнам што, не гледам зашто стварно
Цигарите и Родителите Брат ми долго се криеше ама го фатија после. Татко ми не изреагира нешто посебно, мајка ми малку се испаничи на почеток, ама поголеми проблеми никогаш немал.
Во денешно време цигарите се најмал порок,така да не би реагирала бурно ако дознаам дека моето дете пуши цигари.Ама има време за тоа мали сме сега 3ипол години П.с Мојава во нејзини 3ипол години соленките го јаде како цигари,стапче од лижавче одма го претвора во цигара,стапче од сладолед значи се што личи на цигара
ха па ти си среклија 14 год и заедно пушат моите да дознаат аууф ни ја незнам што ке биде затоа што они не пушат ни не се пушиле никогаш
Татко ми еден ден се врати порано од работа и ме фати со цирага во уста и следуваше голема и долга лекција, но не ми навалуваше да ги оставам ( бидејки тогаш веке пушев 2 год), а мајка ми кога дозна ми рече ако уште еден чаршав ми изгориш или ги фрлаш од прозор пикавците ке те претепам и одите да ми купи кутија цигари. И ден денес ми држи лекции за цигарите, ама свесна е дека одлуката ке е само моја. Не сум имала некој сериозен проблем за пушењето цигари, најверојатно затоа што многу мои врсници ( комшии и школски) пушеа трева, па мајка ми еднаш сама рече дека подобро цигари (кои еден ден може да ги оставам) отколку на мара да се навлечам хахахахах Родители бе, што се нема да си помислат.
Моите не ме ни знаат дека пушев , сега чат пат ќе си запалам некоја ама нема шанси да ме видат дека нели не живеам со нив , а пропушев на 17 год во средно и така се додека завршиме и после немав друштво па престанав. И така да никогаш не ме ни открија, мајка ми можеби ќе ме опоменуваше дека не е здраво да се пуши ама татко ми ептен бурно би реагирал
Е нема пушачи, за тоа нема заинтересираност. Туку дај и ние да ги откажеме и да ја затвориме темава и сите ке бидеме посрекни, а планетата и човештвото благодарни.
мене мајка ми за матурската дома кај мене пред да излезиме ме фати како ја гасам цигарата, а димот не од уста од уши ми излезе не дека од страв туку не ја очекував да ми влезе во соба и рече само дека во здрава нога трн си бодам и толку па денес пред нејзе пушам и сега уште едно за пред спиење
моите родители дознаа лично од мене морав да им кажам зошто комшивката ке ме кажеше и само ми рекоа сине ти ке си ги трошиш парите ти ке немаш
Не пушам пред моите. Мајка ми знае, но не пушам пред неа. А пред татко ми мислам дека никогаш нема ни да запалам. Многу е против цигарите и некако ми е срам да ме види со цигара.
Јас пак, имам отпор кон цигари, можеби затоа што потекнувам од мајка страствен пушач. Сум пробала во средно и не ми се допадна воопшто, ништо посебно, не знам како постојат луѓе кои последните пари ги фрлаат на отровот (имаше деца што бараа на заем од соученици и крадеа храна од продавница за да им стигне за цигари , кога ги фатија беше интересно).
@sjdgo не знам како постојат луѓе кои последните пари ги фрлаат на отровот. Нема ни да знаеш бидеќи не си пушач, тука сме на различна фрекфенција а на ова прашање ќе добиеш одговор само ако почниш да пушиш цигари.
https://www.change.org/p/info-vlada...utm_term=autopublish&utm_content=ex16:control кој сака нека ја потпише петицијата за забрана на пушење во локалите, рестораните итн...
Штета што не се успеа, повторно се пуши во ресторани и други угостителски локали, со тоа што демек се пуши само во одреден дел од локалот, а всушност без да биде физички преграден просторот, терасите се споени со наводно затворениот дел од локалот и сл., така што чадот се разнесува на секаде. Страшно!