1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цитрон диета

Дискусија во 'Диети' започната од ludoto19, 18 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Принципи на диетата со цитрон:

    • 8 чаши (од по 250 мл.) вода дневно (неопходно).
    • Јадете додека не чувствувате полн стомак при секој оброк.
    • Морате да го внесете барем минимумот пропишан за секој оброк. Не пропуштајте да внесете било што од пропишаното со диетата- овие комбинации на храна се креирани за согорување на мастите, така што изоставувањето на било кој дел од комбинацијата ќе доведе диетата да нема ефект.
    • Цитронот (свеж или во вид на сок) е клучен дел на диетата- делува како катализатор кој го започнува процесот на согорување на мастите во телото. Немојте да ја зголемите или намалите количината на цитрон или сок пропишана со диетата.
    • Ограничете го внесот на кафе на еден филџан со оброк- кафето може да влијае врз балансот на инсулинот и да го отежни процесот на согорување на мастите.
    • Не смеете да јадете помеѓу оброците.
    • Можете да внесувате путер заедно со зеленчук како и пржена храна во путер.
    • Целосно избегнете да внесувате десерти, тестенини и леб, бел зеленчук и благ компир.
    • Внесувајте колку ќе посакате месо, салата и зеленчук.
    • Јадете додека не се заситите. Колку повеќе јадете повеќе ќе изгубите од тежината.
    • Придржувајте се кон диетата 12 дена, направете пауза 2 дена и потоа повторете одново.

    Дозволено да се јаде:

    • Црвен кромид
    • Ротквици
    • Брокула
    • Краставица
    • Морков
    • Спанаќ
    • Зелка
    • Домати
    • Марула
    • Сите видови сирење
    • Хот Дог
    • Зелен зеленчук
    • Лешници

    Забрането да се јаде:

    • Бел кромид
    • Компир
    • Целер
    • Грашок
    • Житарици
    • Пченка
    • Чипс од компир
    • Путер од кикирики
    • Паста
    • Чипс од пченка
    • Џем и мармелади

    За да ја зачините храната можете да ги додадете следните зачини: сол, бибер, лимон, оцет, сенф, кечап, соја сос, Worchestershire сос.

    Еве како изгледа едно мени за период од една недела според оваа диета:

    ДЕН 1

    ДОРУЧЕК
    Кафе или чај со вештачки засладувач (без шеќер) и ½ цитрон
    2 јајца (зготвени на било кој начин) или 2 резенки сланина.

    РУЧЕК
    Немрсно говедско, пилешко или риба + салата од домати + кафе или чај

    ВЕЧЕРА
    Риба на скара + салата од домати и марула + цитрон или диња

    ДЕН 2

    ДОРУЧЕК
    Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
    2 јајца или 2 резенки сланина

    РУЧЕК
    Овошна салата колку што сакате + кафе

    ВЕЧЕРА
    Хамбургер (но без леб!) и колку сакате зеленчук приготвен на било кој начин

    ДЕН 3

    ДОРУЧЕК
    Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
    2 јајца или 2 резанки сланина

    РУЧЕК
    Туна салата + цитрон или диња

    ВЕЧЕРА
    2 немрсни свински кременадли + мешанма зелена салата + кафе

    ДЕН 4

    ДОРУЧЕК
    Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
    2 јајца или 2 резанки сланина

    РУЧЕК
    2 јајца + сирење + 100мл лимонада + 1 тост + кафе

    ВЕЧЕРА
    Пилешко ( на скара или варено без кожинки) + спанаќ + кафе

    ДЕН 5

    ДОРУЧЕК
    Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
    2 јајца или 2 резанки сланина

    РУЧЕК
    Посен кашкавал колку сакате + спанаќ + 1 тост

    ВЕЧЕРА
    Риба на жар + готвен зеленчук или зелена салата + 1 тост

    ДЕН 6

    ДОРУЧЕК
    Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
    2 јајца или 2 резанки сланина

    РУЧЕК
    Овошна салата (колку што ќе посакате) + 1 кафе

    ВЕЧЕРА
    Пилешко на скара без кожинки + салата од домати или марула + цитрон или диња + кафе

    ДЕН 7

    ДОРУЧЕК
    Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
    2 јајца или 2 резанки сланина

    РУЧЕК
    Пилешко + салата од домати и марула + цитрон или диња + кафе

    ВЕЧЕРА
    Немасно говедско + мешана салата + кафе
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Мене не ми изгледа здрава оваа диета, има премногу месо свинско и говедско, а и не ми е јасно како може салама да се јаде кога тоа е штетна храна :^) И за целер не сфаќам зошто е забранет кога баш чај од целер се пие за слабеење.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Целерот е единствена храна која согорува повеќе калории,отколку што самата содржи.
    Јас си го рендам во јогурт,а го ставам и во супи.
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    јас како ја најдов така ја копирав, ама и мене не ми е јасно зашо целер не треба :^) пошп убаво кажа лилит топи маснотии....
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ја проба ли некој и знаете ли просечно колку килограми се слабее од диетава ?
     
  6. DzoliA

    DzoliA Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ne e napomenato dali moze da se jade leb??
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Убаво си пишува:
    Целосно избегнете да внесувате десерти, тестенини и леб, бел зеленчук и благ компир.