Незнаев каков поинаков наслов да и дадам на темава но се надевам свативте што сакам да кажам. Мене исклучиво ме интересира како се лечат брунчињата кај новородените,малиов има црвени гнојни брунки по цело тело најмногу на лицето и главата. Освен овие лекови кој ги даваат педијатрите некој домашен лек кој помага или слично. Пробав со ЕОЗИН но ми кажа матичната на лице да не ставам бидејки е многу јако. Е сега незнам како се лечи лицето ми дадоа маст ПЕНТАХОЛ ама ефект нема. Вчера требаше да прими вакцина па поради црвенилото не му ја ставиа.
Памучна облека,да не се презатоплува беблакот Кога ќе го мачкаш со било што,да го мачкаш на самите црвенила и бубулички,а не да размачкуваш по целото тело за да не се шират Пробај со бекутан крема со цинк оксид Бањање со некој поблаг шампон и да не се менува
Јас имав сличен проблем со моето дете, немаше ни две недели кога за прв пат се појавија такви бубуљици полни со гној на препоните и горниот дел од ноџињата. Неговиот матичен педијатар ми кажа дека се работи за бактерија закачена во болница и ни препиша гарамицин маст - која навистина максимално му ја исчисти кожата во рок од 4 дена. И да напоменам бањај го исклучиво со Еуцерин маслена купка(јес да е малку скапичка, ама ја купуваш еднаш и трае месеци ) , нас не куртули од константно повторување на егзема по целото тело
Колку и да е скапа не е поскапа од детето.Еозинот го мацкам веке 3 ден утре требаше на вакцина да го носам ама изгледе дека пак нема да прими ниту едно брунче не поминало. Дур спие изгледа како да се исчезнати ама а заплака а пак сите излегуваат.
имавме исто таков проблем само кај нас немаше гној, што се не пробав, скоро 1 месец се мачевме со тоа... накрајот му помогна канестен, исто така и белогентот беше добар, но доколку престанав да го мачкам му излегуваше пак... и не го бришев со влажни, туку со крпичка со вода... и пробај да го бајнаш во чај од камилица, може ќе се смири...
Јас не сум за камилица кај секого не помага,има случаи каде што се влошува ситуцијата и може да се јави алергија. Јас мислам на своја рака ништо,совет од педијатар е најбезбеден може ке ве препрати на кожно ако е сериозно.
На синко му се појавија многу ситни брунчиња најмногу на ноџињата па на рацете. Не му е многу црвена кожичката ама на допир е рапава. Биоклин дали сте користеле?
Кремата со цинк се користи само за црвенило. Ние еднаш имавме на препоните блиску курето од едно мачкање помина. Впрочем и на самото упатство пишува дека е за црвенило. Јас за пеленскипт дел од старт користам оригинал павловичева и супер ни е, не планирам да ја менувам. Останатиот дел од телото го мачкав со јекодерм, а сега со бекутан уље.
Мајки со дечиња со дерматит да ве прашам каде најчесто ви е сува и вцрвенета кожата? Ние сме 3м, и покрај ушињата ни е црвена и сува, рачињата му се нон стоп таму (не знам дали е од што се трие или го чеша од дерматит-ама ми е некако мн малечок за да знае дека со рацете може да се чеша), на друго место нема ништо, го бањам со еуцерин маслена купка и користам мустела крема за тело мн ми е страв да не се влоши...
Ако е дерматит се шири да знаеш. На образи, позади ушиња, на рачиња, на гради. Мачкај го нешто. Нели ти препиша матичниот нешто за дерматитот?
Рече не е страшно, ме праша дали јадам мн млечни производи, реков не... и на тоа остана.. Следната недела сме на редовна контрола, пак ќе прашам за совет.. Еве свекрва ми вели и мм исто така имал тука кај ушињата
Кај нас е на цело тело, нозе, раце суви со црвени лишаи, грбот од горе до доле цел, стомакот делумно, дланките и стапалцата од надвор исто суви, под брадата огромен дел зафатен, таму е најпроблематично и тука и рани ни се правеа. Што се однесува до алергените нема многу или малку дали јадеш, туку комплетно ги елиминираш. Млечни, цитрусни, јаткасти, конзерванси, чоколади, јајца, патлиџан...јас 9 недели не ги конзумирам сите овие и новово појавување на дерматит е далеку подобро од претходно.
Ние имаме само кај обравчињата Мачкам со едно кремче поминува со две три мачкања и се појавува повторно
Zdravo mamicki... Vrtev po forumot i ne uspeav da najdam tem za sitni mozolcinja po liceto.. Pa ke pisam tuka... Sto da mu stavam na sinko za tie mozolcencinja, do pred da mu izlezat go mackav so jeko derm, a potoa mu go cistev liceto samo so caj od kamilica, nekolku pati mu staviv pavloviceva,no se uste se tuka.... Dali imal nekoj takvo iskustvo...
Ако е новороденче се чисти и не треба да се мачка со ништо, со павловичевата и со јекодермот само му ги затвораш порите и можеш да ја влошиш состојбата.
od shto cica mu e toa i ushte se adaptira. site toj period se takvi. jas bi ti rekla nishto ne stavaj samo mij go posle doenje mesto brishenje..