Јас сум православен христијанин и сакам да стапам во брак со мојата свршеница која е од друга националност, не е крстена и гледам дека не сака да се крсти само поради венчавка. Јас тоа го почитувам и разбирам и не сакам да ја принудувам. Но за мене црковна венчавка претставува важен момент можеби не толку од религиски аспект колку од церемонијален. Затоа барам мислење или искуство 1. Дали постои можност цркавата да изврши венчавка дури и ако невестата не е крстена ? 2. Дали некои попови во пракса прават вакви венчавки - и дали таквата венчавка се запишува легално и се издава извод ? 3. Дали е можно со дозвола од некои поголеми владики да се направи исклучок ? Секое мислење, искуство и совет ќе биде добредојдено.