Полов напад врз тринаесетгодишна ученичка од страна на наставник бил пријавен вчера во Полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, потврдија од полицијата во Велес. Според пријавителите, тој во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката. - Случајот е документиран во полициската станица и е доставен до Основно јавно обвинителство во Кавадарци - соопшти полицијата од Велес. http://novamakedonija.com.mk/NewsDe...радци&id=022741aa-e8ff-4a8c-ad74-7b51618e8cd1 Коментари :О? Јас предлагам смртна казна .
Се согласувам околу казнава но не со електрични столици, или инјекции со бесење на плоштат јавно со објава на национална телевизија да гледаат сите. Да се стави еднаш во умовите на таквите психопати дека уништуваат нерасцветан живот, младост детство човештво. Како би после таков некој чин грозоморен жртвата би станала нормална личност без психички оптеретувања. Болесници.
Смртната казна е најлесниот излез. Треба и овој да биде силуван во затвор, а тамо ептен ги обожаваат ваквите. Се секавате на тој од кичево што силување вдовици и што ги уби. Е него убаво го илувале и на крај се „самоубил“ во кофа вода аха да
Да не дискутираме за смртна казна, тоа непостои кај нас. Силувачите и педофилите многу тешко поминуваат во затвор, самите затвореници ќе го казнат. За таквиот најголема казна е да е жив и да е во затвор.
Не викам јас за џабе дека страстите од човек прават животно. Да не мислиш со својата глава, прво, затоа што самиот чин е нешто грозно и ниско и второ, да не мислиш на својот углед и кариера што ќе си ги зацрниш со таква непромисленост... епа сега која и да е казната, нека си ја носи.
Да се каже јавно кој е со име со презиме и в затвор да гние, да го доживее истото што го сторил. Како бе се толку болни во мозоците, па ги привлекуваат толку млади девојчиња? Ужасно
Не би рекол дека е страст, туку лудост болест безумност психопатност. како може да не размислуват да си помислат чекај и јас имам деца како би се осеќал јас ако недај боже би му се случело нешто на мое дете такво. Второ и да нема да си рече ова невино суштество потребно е да се изгради да се бори низ животот а не да се злоупотреби.
Не е решението смртна казна, треба да се помачи. За ваквите само доживотна робија, никогаш веќе да не види што значи слобода а таму во затвор постојано да му наплаќаат за стореното. Не ми е јасно како може да постојат вакви психопати...
Јас да би била на местото на родителите на девојчето не би чекала судот да му пресуди.Без око да ми трепне би го убила .
Па добро, мислев на тоа дека прво се раѓа таа желба за телесно уживање која кога ќе се појави само ум и контрола ти треба да се справиш со неа, па потоа доаѓа тоа психопатското, кога нема да го отфрлиш тој нагон и да речеш тоа што спомна ти, дека за дете се работи. Тој ќе си се носи со казната и срамот, а девојчето со трауми ќе се носи...
Ајде да прашам едно прашање. Според пријавителите, тој во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката. Зашто чекала?Дали се срамела?Дали и се заканувал?Дали се плашела дека ќе има помала оценка? Се плашам да прашам и други прашања...дали можеби била од оние девојки кои ги гледам по автобус полуголи на кои им се гледаат целите бутови и цицките?Дали можеби самоволно пристанувала на тоа.Дали можеби приказната има поинаков епилог.Дали можеби е од оние болни мозоци кои го местат и неговиот збор против нејзиниот е преслаб,дали му го прави животот пекол зашто неќел да и стави подобра оценка.Кој ќе ја исправи таа неправда ако е ситуацијата поинаква. Секогаш сакам да ги слушнам двете страни.
@Jean-Baptiste. Нормален маж не би имал односи со 13годишно девојче макар и гола да испаднала пред него.
Ако се докаже делото дека е виновен да те потсетам дека има интернет страна каде што ги има сите педофили со име презиме општина и слика па ќе се дознае кој е.
Вака да не дојде до расправија, значи се посочија казни за сторители на дела а не за недокажано нешто. Се осудува на веќе донесена пресуда. Судот е надлежен за разоткривање на сите настани и докази како што потпраша и @Jean-Baptiste. Се согласувам и со него да се има и не може да се верува само на еден исказ и обратно поготово со денешнава младина. Но разговорите беа на утврдена пресуда и на самиот чин од такви луѓе кој мислат, или веќе сториле такво нешто
Ало Марс овде Земја.Секој е невин додека на суд не се докаже спротивното. Ако се докаже дека е виновен,да одвратно е се сложувам ама ова е само обвинение кое допрва треба да има разврска. Имаше еден професор во години ако не се лажам во Драчево за кој беше многу симптоматично дали навистина го направил делото за кое го товареа само зашто бил строг и не давал оценки на лепе очи.
За овој случај се зборе кај нас веќе 2 дена но никој не знае од кое школо е наставникот ни пак неговиот идентитет. Мислам дека тоа треба да се каже а при тоа да не се спомнува идентитетот на малолетничката. Жално какви се психопати чекорат по земјата.
Знаеш што се случи Петар. На наша позната јавна личност ја силуваа ќерка и (знаеме повеќето за таа приказна) Ама напишале на интернет како девојчето му побарала на некој рандом чичко пари и овој ја однел во гаража и одма коментари,криво било девојчето,кој ја воспитал да бара од непознати пари,зашто пошла со него кога бил непознат а благе везе немаше ем го знаела ем скроз поинаку беше. Затоа викам двете страни да се слушнат.
Мене не ми е јасно какви две страни да се слушнат збореш. Нема оправдување за силување па тоа е сеуште дете 13год и сигурно не кажала одма заради што и било убаво или се согласила на тоа туку затоа што е дете. Возрасен нема да знае одма што да направи а не дете.